Кипар (07.03.-10.03.) - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Кипар (07.03.-10.03.)

КИПАР

 

Термин: 07.03. – 10.03.2026

 

Прославете го Денот на жената на најубав можен начин сонце, море и медитеранска магија!
Оваа година, подарете си моменти на уживање и релаксација на прекрасниот Кипар, остров исполнет со историја, шарм и вкусна храна. Уживајте во прошетки покрај тиркизното море, запознајте ги убавините на Ларнака, Аја Напа и Никозија, вкусете автентична кипарска кујна и почувствувајте го духот на Медитеранот. Навечер, препуштете се на добро друштво, музика и наздравете за женственоста, силата и убавината што секоја жена ја носи во себе.

 

ПРВ ДЕН – 07.03.2026 (САБОТА) СКОПЈЕ – ЛАРНАКА

Состанок на групата на аеродром во Скопје во 18:00 ч. планирано полетување за Ларнака во 20:15ч. Пристигнување во Ларнака во 23:25ч, организиран трансфер до хотелот. Ноќевање.

ВТОР ДЕН – 08.03.2026 (НЕДЕЛА) ЛАРНАКА

Разглед на Ларнака. Компактно убава, лесно достапна и вистински автентична, Ларнака или ,,душата на Кипар” е најстариот град на островот со богата историја која датира уште од пред 10.000 години, а денес модерен космополитски град, подеднакво убав  и како град и како ресорт.  При разглед на градот Ларнака, се посетуваат повеќе знаменитости, како што се: Големата џамија-Кебир, Султан Теке, Археолошкиот музеј Пиеридес,  црквата Св.Лазар. Овој храм е лоциран во срцето на градот и се смета за најубав на островот. Во него до ден денес, се чуваат моштите на Лазар, кого, според Библијата, Исус Христос го воскреснал. По разгледот на градот ќе имате можност да прошетате и уживате во прекрасниот пејсаж кој го нуди плажата Финикудес во Ларнака. Потоа следи слободно време за кафе, ручек или пак коктел во некој од многубројните барови, ресторани, таверни кои се наоѓаат на самиот брег. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН – 09.03.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) НИКОЗИЈА 

Појадок. Факултативна  посета на Никозија, локално се употребува името Левкозија, главниот град на Кипар кој лежи на реката Педиео. Градот е разделен на два дела, северниот дел се наоѓа во Турска Република Северен Кипар. Старото име на градот е Ледра. Француските крстоносци не можеле или не сакале да го изговорат името Лефкозија, па затоа градот го нарекле Никозија. Ледра денес е името на најпопуларната трговска улица во Никозија. Прошетка низ градот и слободно време за ручек и индивидуални активности.

ЧЕТВРТИ ДЕН – 10.03.2026 (ВТОРНИК) ЛАРНАКА – АЈА НАПА – СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од Хотелот до 11ч00 часот. Факултативна посета на Аја Напа. Најпознатото туристичко место на Кипар, исполнето со таверни, барови, плажи. Слободно време за индивидиални активности. Враќање за Ларнака.Трансфер до аеродромот во Ларнака во 16:00 часот. Чекирање, пасошки и царински формалности. Полетување кон Скопје е во 18:25 часот. Пристигнување во Скопје во 19:40 часот локално време.

 

Хотел Cactus
299€ / 18,540 ден – промо цена 
РЕДОВНА ЦЕНА: 349€ / 21.640 ден
Хотел Sun Hall Beach Apartments
345€ / 21,390 ден – промо цена 
РЕДОВНА ЦЕНА: 395 € / 24.490 ден

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Директен лет Скопје – Ларнака – Скопје со  Wizz Air;
  • Мала кабинска торба/ранец со димензии 40x30x20cm;
  • Организиран трансфер: аеродром Ларнака-хотел-аеродром
  • Сместување во хотел 3* на база ноќевање со појадок – 3ноќи

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Организиран разглед на Ларнака со влез во археолошки музеј – 20 евра
  • Факултативен разглед на градот Никозија – 35 евра
  • Факултативна посета на  Аја Напа   –   25 евра
  • Пакет Факултативи – 70 евра по лице
  • Доплата за кабински багаж до 10кг (55 x 40 x 23 cm)
  • Задолжителна Туристичка такса – 2 еврa по ноќ по лице
  • Задолжително Патничко осигурување 

НАПОМЕНИ:

  • Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
  • За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 10 патници. При резервација задолжително е пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира
  • Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување. Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
  • Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

 

 

No

Translate »