Мадрид – градот на сонцето и емоциите, е место каде што историјата и современиот живот дишат во ист ритам – со стил, топлина и страст што можат да се почувствуваат само тука. Мадрид е град на светлината, уметноста и страста. Го нарекуваат „град што никогаш не спие“, „кралската престолнина“ и „душата на Шпанија“. Овој космополитски мегалополис обединува повеќе од осум века историја, традиција и модерност во совршена хармонија.
Барселона – кралицата на Каталонија, освојува уште на прв поглед. Град со прекрасна архитектура, град кој го воодушеви Пикасо, градот на Гауди, Хуан Миро, Колумбо, паељи, град на современиот дизајн, град на брегот на Средоземното Море, град кој го крие звукот на брановите и тајните на морнарите, град каде мирисот на морето Ве опива и заведува.
Авион / 6 дена/ 5 ноќевања
1 ден – 27.12 | СКОПЈЕ – МАДРИД
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 14:00 часот. Лет за Мадрид во 16:05 часот. Пристигнување во 20:00 часот, по што следи трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.
2 ден – 28.12 | РАЗГЛЕД НА МАДРИД
Појадок. Организиран разглед на Мадрид со локален лиценциран водич на српски јазик. Ги откриваме најзначајните знаменитости: плоштадот Puerta del Sol, историскиот Plaza Mayor, Кралската палата, катедралата Алмудена и авенијата Gran Vía. По разгледот следи слободно време за индивидуални прошетки, музеи или гастрономски уживања во срцето на шпанската престолнина. Ноќевање.
3 ден – 29.12 | ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА ДО ТОЛЕДО
Појадок, по што заминуваме на целодневна факултативна екскурзија до Толедо – најромантичниот средновековен град во Шпанија и вистински музеј под отворено небо. Со локален водич на српски јазик ги откриваме катедралата, еврејската населба, старите мостови и бројните панорамски точки од кои Толедо блеска во својата полна убавина. Враќање во Мадрид и слободна вечер. Ноќевање.
4 ден – 30.12 | МАДРИД – БАРСЕЛОНА – РАЗГЛЕД НА БАРСЕЛОНА
Појадок (lunch пакет), а потоа трансфер до железничката станица и патување со брз воз до Барселона. По пристигнувањето следи трансфер до хотелот, оставање на багажот и краток одмор. Продолжуваме со разглед на Барселона со локален водич на српски јазик, каде ќе ги видиме ремек-делата на Гауди – Sagrada Família, Casa Batlló и La Pedrera – ќе се прошетаме по Passeig de Gracia, низ готскиот кварт, покрај катедралата и по живописната La Rambla. По разгледот – слободно време. Ноќевање.
5 ден – 31.12 | ЖИРОНА + ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА
Појадок и можност за факултативна екскурзија до Жирона – еден од најубавите каталонски бисери, познат по зачуваното средновековно јадро, импозантната катедрала, шарените куќи долж реката Оñar и мистичните улички каде се снимале сцени од Game of Thrones. По враќањето во Барселона – слободно време за подготвки и уживање. Вечерта е резервирана за дочек на Новата година на плоштадите Plaça d’Espanya или Plaça Catalunya, со можност за индивидуална вечера во ресторан, бар или клуб. Ноќевање.
6 ден – 01.01 | БАРСЕЛОНА – СКОПЈЕ
Појадок и слободно време за последни прошетки, кафе покрај морето или индивидуални активности. Трансфер до аеродромот во 17:30 часот и лет за Скопје во 20:55. часот Пристигнување во Скопје во 23:40 часот.
Цената вклучува:
Цената не вклучува:
Напомена:
No