Атина - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Атина

АТИНА

Атина – Главен и најголем град во Грција, колевка на модерната цивилизација. Атина е космополитски град додека пак старогрчка Атина била моќен град држава родно место на Сократ, Перикле, Софокле. Атина е еден од најстарите светски градови, чија историја бележи преку 3.400г. Градот го добил името по божицата заштитничка Атина. Знаменитостите на Атина се пресудниот фактор зошто да ја одберете оваа дестинација за патување. Сунион, Акропол и Партенон ќе направат да се почувствувате како да патувате низ времето, а со самото тоа сигурно ќе ви го одземат здивот со својата големина.

 

29.12.2022 (Четврток) Скопје – Атина

Состанок на групата на Дрво Декор во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

30.12.2022 (Петок)  – Атина

Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон…) Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

31.12.2022 (Сабота) – АтинаПелопонез

Појадок. Факултативна посета на  Пелопонез со водич.  Се поминува Коринтскиот канал, кој го соединува Саронскиот залив на Егејското море и Лахејскиот залив на Јонското море од каде се оди до островот Пелопонез. Ќе имате можност да направите преубави фотографии од мостот над самиот канал. Се посетува и Епидавр или Епидариус – родното место на Асклепии, бог – лечител од митологијата. Тука се наоѓа и најубавиот антички театар со неверојатна акустика.

Се продолжува кон Нафплио – првата столица на новата Грчка држава познат и како градот на трите тврдини (средновековната тврдина Palamidi, древната тврдина Akronavplia, отоманската тврдина Bourtzi). Се посетува златниот град Микена – град на легендарниот цар Агамемнон, откриен од археологот Хајнрих Шлиман воедно претставува најважен археолошки објект во Грција. Ќе ја видите величестевната лавовска порта на влезот од микенската тврдина, руините од дворецот и царските гробници, како и гробницата на Агамемнон…

Враќање во хотел. Вечерта дочек на Новата Година на еден од плоштадите. Ноќевање.

01.01.2023 (Недела) – Атина – Сунион

Појадок. После појадокот се упатуваме на полудневен излет долж Аполоновиот брег до Сунион -нај јужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон. Факултативна екскурзија со локален водич. По завршување на екскурзијата се упатуваме кон Македонија. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 02.01.2023-Понеделник

Цена за уплати до 30.10:
159 евра (9.860 мкд)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

179 евра (11.100 мкд)

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Автобуски превоз на наведената релација
  • Сместување во хотел 3*, во областа Глифада, во Атина на база 2 ноќевања со појадок
  • Панорамски разглед со водич
  • Организација на аранжманот и пратител на групата

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително патничко осигурување
  • Факултативна посета на Пелопонез (40 €)-не се вклучени влезниците за театарот во Епидариус (6 еур) и Микена (6 еур)
  • Посета  Сунион со локален водич (20 еур)
  • Влезница за во Акропол со водич и слушалки (25 еур)
  • Пакет факултативи-75 еур (Пелопонез, Акропол и Сунион)
  • Факултативна вечера во таверна
  • Туристичка такса 180мкд по лице за две ноќевања (се плаќа во агенција)
  • Индивидуални трошоци

Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањет