Венеција - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Венеција

Венеција

( Верона – Милано – Трст)

 

Најромантичниот град во Европа кој го дели овој пиедестал со Париз е Венеција, град со посебен шарм. Често ја нарекуваат Ла Серенсима, граничи со повеќе од 170 канали кои се поврзани со над 350 мостови. Првиот од трите моста што го минуваат Каналот е и најпознат – Понте ди Риалто. Целата негова околина е многу живописна, особено блискиот пазар. По должината на Гранд Каналот ќе видите десетици прекрасни палати, од кои најпознати се Casa d’Oro, Casa Rezzonico и Palazzo Grassi, додека покрај споредните канали ќе откриете многу цркви, но и Ла Фениче (La Fenice), оперската куќа. Тука е и црквата Санта Марија дела Салуте, која стои како чувар на устието на Каналот во лагуната.

 

ПРВ ДЕН 30.04.2026 (ЧЕТВРТОК) – СКОПЈЕ – ТРСТ
Состанок на групата во 13.30 ч на паркингот пред хотел Русија. Поаѓање во 14.00ч. Се патува преку грaничниот премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

 

ВТОР ДЕН 01.05.2026 ( ПЕТОК ) ТРСТ – OUTLET SHOPINGCENTAR NOVENTA DI PIAVE – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

Очекувано пристигнување во Трст во претпладневните часови. Прошетка низ центарот на градот,плоштадот на Обединување,каналот Гранде, Понте Росо. Слободно време за индивидуални активности. Продолжуваме кон Лидо ди Јесоло со попатна посета на Outlet шопинг центар  Noventa di Piave. Во попладневните часови пристигнување во Лидо.  Сместување во хотел. Слободна вечер за прошетки и индивидуални активности. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН 01.05.2026 (САБОТА) ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ВЕРОНА – МИЛАНО

Појадок. По појадокот заминуваме на еднодневна екскурзија во Верона и Милано. Започнуваме со прошетка низ плоштадите Бра, Ербе и Данте, Арената, куќата на Јулија. Слободно време за прошетка по пешачката улица Мазини. Слобпдно време за индивидуална прошетка. Во договорено време продолжуваме кон  Милано, одиме на   разглед на градот: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде што се наоѓа најголемата готска катедрала во светот. Од овде одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници кој не води до зградата на Миланска опера една од најпознатите оперски куќи во светот. Слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови враќање во Лидо. Ноќевање.

 

ПОСЛЕДЕН ДЕН 03.05.2026 (НЕДЕЛА) ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ВЕНЕЦИЈА

Појадок . Напуштање на собите. Заминување за Венеција. Превоз со брод од пристаништето Пунта Сабиони до Венеција. Прошетка низ овој уникатен средновековен град, плоштадот и црквата Сан Марко, мостот Риалто, мостот на воздишките, Дуждевата палата, каналот Гранде. Слободно време за индивидуални активности. Можете да го искористите времето за возење со гондола низ каналите на Венеција, да ја посетите Дуждевата палата и црквата Св.Марко.  Во договорено време тргнување кон Скопје.  Ноќно возење со попатни пауза за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје на 04.05.2026 (Понеделник) во попладневните часови.

 

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАН145/ 8.990 мкд  за резервации до 12.04.2026

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАН179/ 11.100 мкд

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
  • 2 ноќевања со појадокво хотел во Лидо ди Јесоло
  • Организација на аранжманот
  • Туристички придружник

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз + бродски билет до Венеција- 30 €
  • Посета на Милано и Верона- 60 €
  • Влезници за музеи и споменици
  • Задолжително патничко осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба
  • Туристичка такса за ноќевање во Италија  3€ по лице по ноќ, (се плаќа во автобус)
  • ЗАДОЛЖИТЕЛНА ТАКСА за влез во Венеција 5€ се плаќа на лице место
  • Дополата за еднокреветна соба 40 евра (за двете ноќевања)

 

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
  • Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест.
    -Патувања кои се резервирани по цени за рано букирање или резервации во последен момент за отказ, без оглед на времето кога е откажано патувањето, се наплатува 100 % од уплатената сума.
  • Доколку патникот сака да го промени терминот пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати манипулативни-административни трошоци во износ од 10€ (евра), по пријава-договор

S

Translate »