Сигурна реализација
3 ноќи / 4 дена
Ден 1 – 06.03 (Петок ) | СКОПЈЕ – БАРИ
Состанок на групата во 14:30 на Скопскиот аеродром. Пристигнуваме во шармантниот град Бари – срцето на регионот Пулија. По трансферот до хотел и сместување, ќе направиме индувидуална вечерна прошетка низ Бари Векија – старото градско јадро. Ќе ги видиме калдрмисаните улички, локалните жени кои сè уште рачно подготвуваат тестенини пред вратите на своите куќи, улиците на стариот дел на градот кои оживуваат со музика, светла и насмевки, главниот плоштад. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
Ден 2 – 07.03 (Сабота) | ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА – БАРИ & АЛБЕРОБЕЛО & ПОЛИЊАНО А МАРЕ
Појадок. Денот е резервиран за откривање на две од најиконичните места во Пулија: Алберобело, градот на уникатните куќички „трули“ со конусни покриви – светско наследство на УНЕСКО, како и Бари, главниот град на областа Пуља.
Разглед на градот со локален водич. Ќе прошетаме кај Базиликата на Свети Никола, Катедралата Сан Сабино, стариот дел на градот Bari Vecchia со неговите тесни улички и локална атмосфера, замокот Свево, елегантниот театар Петруцели, прошетката покрај морето на Lungomare Nazario Sauro, како и живите пазари и плоштади исполнети со медитерански шарм и уметнички дух. Слободно време за кафе, ручек, или прошетка по центарот на Бари. Попладне продолжување кон Алберобело, волшебно гратче во регионот Апулија, познато по своите уникатни камени куќички со конусни покриви – трули, кои се под заштита на УНЕСКО. Ова бајковито место со белите ѕидови и калдрмисани улички нуди автентична италијанска атмосфера и е едно од најживописните села во јужна Италија. Слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање. Полињано а Маре, прогласен за најгостопримлив град во светот (2023). Посета на историскиот центар преку Арко Марчезале од 16 век, црквата „Дева Марија од Успение“, прошетка низ еврејскиот кварт и дегустација на локални специјалитети. Враќање во Бари. Ноќевање.
Ден 3 – 08.03 (Недела)
Појадок. Денес одиме на незаборавно патување до Матера, еден од најстарите населени градови во светот и европска престолнина на културата во 2019 година. Прошетка низ Sassi di Matera – антички населби и цркви издлабени во карпите, кои создаваат уникатен пејзаж што изгледа како филмска сцена. Посета на локални занаетчиски продавници и можност за дегустација на традиционални јадења. Попладне враќање во Бари. Последна вечер за да се прошетате покрај морето или да се опуштите со чаша локално вино во некој од рестораните и да го прославиме 8ми Март. Ноќевање.
Ден 4 – 09.03 ( Понеделник )
Појадок. Одјава од хотел до 11:00. Слободно време пред заминување за Скопје, можност за прошетка низ Бари. Трансфер до аеродромот во 15:30. Полетување кон Скопје во 18:30.
Летови:
06.03.2025 | Скопје (16:45) → Бари (17:55)
09.03.2025 | Бари (18:30) → Скопје (19:40)
Факултативни излети:
ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ 130 ЕВРА ПО ЛИЦЕ
Во цената е вклучено:
Во цената не е вклучено:
НАПОМЕНИ:
НО