Врњачка Бања – срцето на српските бањи и идеална дестинација за релаксација, здравје и уживање. Како најголемото и најпознатото бањско одморалиште во Србија, Врњачка Бања има туристичка традиција од речиси 150 години. За тоа време се разви во една од најдобро организираните бањски дестинации, со современи спа-центри, минерални извори со докажани лековити својства и богата понуда за активен одмор. Променада со кафулиња, ресторани и сувенирници, зелените паркови и симболичниот Мост на љубовта создаваат незаборавна атмосфера за сите генерации. Со бројот на гости, Врњачка Бања е најпосетуваната балнеолошка бања во Србија и вистински магнет за туристи кои бараат спој на здравје, култура и рекреација.
Pegaz Holiday Resort е хотел со 4 ѕвезди.
Организиран во три целини, се простира на над 10.000 метри квадратни, во чии рамки гостите можат да користат многубројни Slow-living објекти. Секој сегмент од хотелот е внимателно дизајниран за да им понуди на гостите уникатно искуство на забава, слобода и целосна автентичност.
Велнес и Спа е централното место во хотелот, наменето за целосно закрепнување и релаксација на современиот човек. Уникатни услуги што им се допаѓаат апсолутно на сите, а по кои следните денови веќе не се исти. Велнес и спа центарот вклучува затворен базен, хидромасажни кади, тушеви, солена соба , парна бања со ароми и пена, финска сауна, инфра сауна, амфитеатрска сауна, био сауна, соба за релаксација, фитнес центар и солена сауна кои се достапни на гостите. Секоја сместувачка единица е опремена со: клима уред, кабловска телевизија и LCD телевизор, wi-fi интернет, телефон, минибар, машина за подготовка на топли пијалоци, сеф, фен за коса. Скриен меѓу падините на планината Гоч, хотел Pegaz Holiday Resort4* ви нуди сè што ви е потребно за кратко бегство од градската врева.
|
Термин: 05.03.2026 – 09.03.2026 |
|
|
Цена по лице на ден / ноќевање со појадок и вечера (шветска маса) |
|
|
Цена по лице |
63 € |
|
Трето возрасно лице |
56 € |
|
Доплата за дете 2–6,99 години (со седиште во бус) |
15 € |
|
Доплата за дете 7–11,99 години (со седиште во бус) |
33 € |
Во цената e вклучено:
Во цената не е вклучено: