Темишвар - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Темишвар

Темишвар и Сибиу

 

Темишвар е трет по големина град во Романија и во оваа година (2023-та) е прогласен за град на културата во Европа под мотото ,,Нека блесне вашата светлинa” заедно со градовите Весперм во Унгарија и Елфсина во Грција. Тоа е градот Tемишвар (Тimisoara). Архитектонската разновидност, претставена со барок, историцизам, неокласицизам, Арт Нову и Сецесија на Винер, на Темишвар го доби прекарот „Мала Виена“.
За време на оваа тура се посетува и замокот Корвин (Corvin Castle) познат и како замокот Хуњади кој е еден од најубавите замоци во Романија и еден од најголемите во Европа, изграден 1440 година и била одбранбена тврдина против Отоманската империја. Интересен факт е дека Влад III познат под името ,,ДРАКУЛА’’ бил во затвор во овој замок. Инаку, замокот на Дракула во Бран го посетуваме на турата која ја организираме за Букурешт и Трансилванија.
Bториот град што се посетува е градот Сибиу кој се наоѓа во срцето на Трансилванија а покрај неговото историско наследство со германското културно влијание, градот е препознатлив по очите на покривите на куќите, т.е прозорци кои даваат ефект дека некој ве гледа. Очите, кои се симбол и туристичка атракција на градот, го носат прекарот на градот или “Градот со очи”.
На оваа екскурзија се посетува и градот Арад, еден од херојските градови и втор град каде започнала познатата романска револуција од 1989 година.

 

 

ПРВ ДЕН – 30.12.2025 (вторник) СКОПЈЕ – ТЕМИШВАР
Состанок на група кај хотел Русија во 23:00ч. Имаме организирани поаѓање од Кочани, Штип, Велес и Куманово. Патување преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење низ Србија.

ВТОР ДЕН – 31.12.2025 (среда) ТЕМИШВАР
Пристигнување во утринските часови во Темишвар. Следува разглед на градот со локален водич. Се посетуваат: Плоштад Победа со карактеристичен молдавски стил, Опера Романа, Плоштад на ослобдување, Плоштад на обединување, Српска православна црква, барокна палата – поранешно седиште на српска Војводина, Римокатоличка катедрала… Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел. Слободно време. Враќање во Темишвар и Дочек на Нова Година 2026. Ноќевање

ТРЕТ ДЕН – 01.01.2026 (четврток) ТЕМИШВАР – ЗАМОКОТ КОРВИН И ГРАДОТ СИБИУ
Појадок во хотел. Заминување на целодневна екскурзија. Првото застанување е во замокот Корвин или познат како замокот Хуњади кој е еден од најубавите замоци во Романија и еден од најголемите во Европа, изграден 1440 год. Оваа готска тврдина од 15 век има доволно страшни карактеристики за да му се спротивстави на замокот Бран (замокот на Дракула во Бран. Овој замок има непробојни ѕидови, колосалниот подвижен мост и безброј правоаголни и кружни кули кои некогаш служеле како стражарници и домување за затворениците. Внатре, ќе ја посетиме огромната зандана и комората за мачење, како и остатоците од Јамата за мечки, каде што, според легендата, затворениците биле фрлани на мечките. Заминување кон градот на божиќните маркети во Романија, Сибиу. Oвде не очекува CHRISTMAS SURPRISE бидејќи божиќниот маркет во Сибиу е најдобриот во Романија. Божиќната атмосфера, дрвените куќички, осветлените улички преполни со празнични украси и сезонски подароци, божиќните песни ќе ве понесат низ предновогодишната атмосфера што никогаш нема да посакате да го напуштите ова место. Како бонус го имате панорамското тркало, рингишпилот и миленикот на децата – куќата на Дедо Мраз. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

ПОСЛЕДЕН ДЕН 02.01.2026 (петок)  ТЕМИШВАР – БАЊИ – СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот одјавување од хотелот и заминување кон Белград. Пристигнување во Белград во претпладневните часови. Слободно време околу 3 часа за шопинг, прошетка на улицата Кнез Михаjлова или индивидуална прошетка низ Калемегдан.Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови пред полноќ. 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 179 € / 10.480 мкд
ПРОМО ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 15.11.2025: 159 / 8.620 мкд

 

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Aвтобуски превоз
  • 2 ноќевања во хотел со 3* со појадок во Teмишвар
  • Разглед на Темишвар со локален водич
  • Туристички придружник од агенција

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Вечерна посета на Темишвар – 5€
  • Посета на замокот Корвин со вклучена влезница и градот Сибиу – 60€
  • Туристичка такса – 3€ по лице за двата дена (се доплаќа во бус)
  • Патничко осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба 3100 мкд
  • За деца до 2.99 години- 50€ за превоз, гратис сместување доколку е придружуван со двајца родители. Не користи легло.
  • За деца од 3 год. до 11.99 год.- добива попуст само на факултативи, се плаќа целосна сума на аранжман
S