Атина – градот каде што историјата и модерниот живот дишат заедно под блескавото сонце на Медитеранот. Атина ги пречекува своите гости со величествена комбинација на древно и современо. Градот на боговите и митологијата, каде секој камен раскажува приказна стара илјадници години – од импресивниот Акропол и храмот на Атина Богорадна, до шарените улици на Плака исполнети со ароми на сувлаки и звуци од бузуки. Во Атина времето застанува само за да уживаш – во залезот над Партенон, во кафе на тераса со поглед кон Акропол, или во вечерната магија на Монстираки и Псири. Градот е жива уметничка сцена, со енергија што се чувствува на секој чекор.
Атина не е само дестинација – тоа е доживување кое останува засекогаш во срцето.
ПРВ ДЕН – 30.12.2025 (вторник) СКОПЈЕ – АТИНА
Состанок на групата на Хотел Русија во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.
ВТОР ДЕН – 31.12.2025 (среда) АТИНА
Пристигнување во Атина. Панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон…) што во превод значи град на рид. Старото население поради одбрана бирало земјиште најчесто на ридови со стрмни страни и на таквите места се правеле тврдини во многу делови на светот кој потоа станувале центар на големи градови кој што се развивале. Многубројните освојувачи на Акропол извршиле измени на ова место. Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта Дочек на Нова Година на еден од плоштадите во Атина. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН – 01.01.2026 (четврток) АТИНА – ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок. Факултативна посета на Пелопонез со водич 08:00 часот. Се поминува Коринтскиот канал, кој го соединува Саронскиот залив на Егејското море и Лахејскиот залив на Јонското море од каде се оди до островот Пелопонез.Ќе имате можност да направите преубави фотографии од мостот над самиот канал. Се посетува и Епидавр или Епидариус – родното место на Асклепии, бог – лечител од митологијата. Тука се наоѓа и најубавиот антички театар со неверојатна акустика. Се продложува кон Нафплио – првата столица на новата Грчка држава познат и како градот на трите тврдини (средновековната тврдина Palamidi, древната тврдина Akronavplia, отоманската тврдина Bourtzi). Слободно време. По слободното време враќање кон Атина, а по пат ќе го видите панирамски градот Микена – град на легендарниот цар Агамемнон, откриен од археологотХајнрих Шлиман воедно претставува најважен археолошки објект во Грција.. Враќање во хотел. Ноќевање.
ПОСЛЕДЕН ДЕН – 02.01.2026 (петок) АТИНА – ПИРЕЈА – СУНИОН
После појадокот се упатуваме на полудневен излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион -нај јужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон. Сунион на 01.01.2025 е затворен, но се гледа од надвор, а погледот ќе ве воодушеви. По завршување на екскурзијата се упатуваме кон Македонија. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 03.01.2026(сабота).
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: