Куќа ‘Christina’ - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Куќа ‘Christina’

Куќа “Christina”

40.257452, 23.218340

 

20 % попуст заклучно со 06.12.2025 (сабота) за 50 % уплата веднаш

и целосна доплата заклучно со 10.01.2026 (сабота)

 

НЕА ФЛОГИТА е туристичко место на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики, на само 290 км од Скопје. Препознатливо е по најдолгата песочна плажа на Халкидики, бистрината на водата, авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, како и многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови. Сето ова ќе ви ги направи деновите на Вашиот одмор незаборавни. На само 5-7 минути возење јужно од Неа Флогита ве пресретнува градот Неа Модања, еден од најголемите и најурбаните градови во областа Халкидики.

Куќа “Christina” се наоѓа на супер местоположба, идеална локација, на само 30 метри од плажа, веднаш до ‘Filetakia Gyro’ на почетокот на шеталиштето во Неа Флогита, кај паркингот на почетокот на шеталиштето. Во куќата располагаме со еден многу простран дуплекс апартман. Користење на клима уред, интернет (wi-fi) и сет пешкири се вклучени во цената. Има паркинг пред вилата.

Дуплекс апартман број 1 (1/4 + 1) –  се наоѓа на прв кат. Има пространа голема тераса со страничен поглед море. Има одделена посебна голема целосно опремена кујна, сопствен тоалет и малку постар, но сосема пристоен мебел, има 2 одвоени спални соби, во кои има по 2 стандардни кревета со можност да се додаде дополнително легло за дете до 12 год. или креветче за бебе.

 

1.Вонсезонски цени

Термин Ноќевања 1/4+1 дуплекс апартман
17/05-24/05 7 69*
24/05-31/05 7 89*
31/05-07/06 7 129
07/06-14/06 7 139
14/06-21/06 7 159
21/06-28/06 7 179

* цена по лице со вклучен превоз (задолжително плаќаат 4 лица)

Цените означени со * се ПРОМО цени, на иститите не следува попуст и не се одбива превоз

 

 2.Сезонски цени

Термин Ноќевања 1/4+1 дуплекс апартман
28/06-05/07 7 739
05/07-12/07 7 799
12/07-19/07 7 849
19/07-26/07 7 849
26/07-02/08 7 879
02/08-09/08 7 879
09/0816/08 7 879
16/0823/08 7 849
23/0830/08 7 849

 * цена за наем на дуплекс апартман

 

3.Вонсезонски цени

Термин Ноќевања 1/4+1 дуплекс апартман
30/0806/09 7 169
06/0913/09 7 139
13/0920/09 7 119
20/0927/09 7 79*

 * цена по лице со вклучен превоз (задолжително плаќаат 4 лица)

Цените означени со * се ПРОМО цени, на иститите не следува попуст и не се одбива превоз

 

НАПОМЕНИ И УСЛОВИ:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА ДУПЛЕКС АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
  • За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
  • За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 2.170 мкд. (35 евра)
  • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
  • ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
  • Во вонсезонските цени во дуплекс апартман, плаќаат минимум 4 лица | 5-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз доколку користи;
  • ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ обележани со * не подлежат на попуст и истите се непроменливи (за сопствен превоз цената не се намалува).
  • Во дуплекс апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
  • Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро=62 мкд).
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем.
  • Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас.
  • Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици.
  • Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по апартман.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Импала Травел НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Импала Травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

 

Превоз:

  • Тргнувањето се договара најдоцна 48 часа пред секоја смена, додека за враќањето од Грција кон Македонија, местото и времето се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови.
  • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување. Се замолуваат патниците да понесат оптимална количина или број на патни торби, куфери и сл. а со цел патувањето да биде полесно и комотно за сите. Доколку нема доволно простор за прекумерниот багаж т.а. „Импала“ не може да сноси одговорност, истата е на секој патник поединечно.
  • Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање и истиот се прави системски според денот т.е. датумот на уплата на аранжманот.
  • Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 20 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

 

Место на поаѓање:

  • Скопје – xotel ‘Russia’
  • Куманово – БП Макпетрол (автопат)
  • Велес – БП Макоил
  • Неготино – БП Макпетрол Неготино
  • ГП Богородица

Дуплекс 1