Дубаи, во денешно време претставува синоним за луксузен живот и атрактивна туристичка дестинација – една од најпосетените во светот. Специфичен спој на комфор, помешан со традиционални обичаи и стил на живот. Дубаи е модерен град со преубави плажи, луксузни хотели, импресивна архитектура, високи згради, вештачки остров во облик на палма… Највисоката зграда на светот Burј Kalifа, единствениот хотел со 7 ѕвезди, 70 шопинг центри, покриен ски центар со 5 стази и многу други објекти го одземаат здивот со што посетата на Дубаи станува незаборавна. Плажите се песочни и со разновидни активности, а уживаењето е неизбежно. Најпозната е Jumeirah Beach Park, која плени со својот бел песок и тиркизно плава боја на водата. Една од најпосетените атракции во Дубаи е пустинскито сафари. Проверете зашто Дубаи во последните години е туристички центар број 1 во светот.
14.01 (Среда) СКОПЈЕ – ДУБАИ
Состанок на групата во Скопје во 08.30 часот. Полетување во 10.30 и пристигнување во Истанбул во 13.55 часот. Полетување за Дубаи во 20.50 и пристигнување во 02.10 часот (локално време). Организиран трансфер до хотелот.
15.01–18.01.2026 ДУБАИ
Појадок. Целодневен разглед на Дубаи со локален водич на српски јазик. (ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНА) Организирани излети и индивидуална прошетки. Ноќевање.
19.01 (Понеделник) ДУБАИ – СКОПЈЕ
Појадок. Слободен ден. Во 23.45 часот oрганизиран трансфер до аеродромот. Авионот кон Скопје преку Истанбул полетува во 03.20 часот на 20.01 и слетува во Скопје во 09.55 часот.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
14/01/2026 Wed PC352 Skopje – Istanbul 10:30 13:55
14/01/2026 Wed PC740 Istanbul – Dubai 20:50 02:10
20/01/2026 Tue PC741 Dubai – Istanbul 03:20 07:30
20/01/2026 Tue PC351 Istanbul – Skopje 10:25 09:55
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
РАЗГЛЕД НА ДУБАИ
***Целодневен разглед на Дубаи (трансфер, локален водич) ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНА
Во текот на оваа екскурзија следува запознавање со фасцинантната приказна за издигнувањето на Дубаи од суровите пустински услови во еден модерен, луксузен свет со јасна визија за иднината.
На патот кон стариот дел на градот, ќе се види:
–Музејот на Иднината (фото стоп) (Museum Of The Future)
–Златната рамка на Дубаи (фото стоп) (Frame Dubai)
Посета на стариот дел на градот:
–пазарите за зачини, злато и текстил
–возење со традиционална абра преку стариот канал (вклучено во цената)
–средба со најголемиот златен прстен на светот направен од 24 каратно злато со огромен дијамант
Разгледувањето продолжува со посета на:
Souk Madinat, Jumeirah Madinat или Малата Арапска Венеција со поглед на луксузниот хотел Burj Al Arab. Се продолжува кон Marina The Walk и зградата Cayan или Infinity – една од најпопуларните на оваа локација и кратка посета/фото стоп на локацијата Bluewaters, многу познато место во новиот дел на Дубаи; На оваа локација има можност да се видат: Ain Dubai, JBR и музејот на восочни фигури Мадам Тисо.
Вечерна прошетка во Дубаи
Посета на раскошниот Дубаи Мол, со локален водич каде што следува посета на :
–Бурџ Калифа (Burj Khalifa) – највисоката кула на светот
–Фонтаната Дубаи (Dubai Fountain)
–Дубајската Опера (Dubai Opera)
–Модерниот безистен (souk) – Souk Al Bahar
–Бурџ Калифа парк (Burj Khalifa Park)
–Авенијата на Глуварчето (Dandrellion Light Sculpture@ Dubai Mall)
–Мексичките крилја (Wings of Mexico)
–Хотелот Палас (Palace Downtown)
Индивидуално враќање назад во хотелот во Дубаи.
****БУРЏ КАЛИФА влезница 50 евра
Највисоката градба во светот направена од човекот, каде ќе имате можност да ги искусите најбрзите лифтови во светот.
***MIRACLE GARDEN” И “GLOBAL VILLAGE” (трансфер, влезници, локален водич) 70 евра
Поаѓање од хотелот околу 14:00 часот. Посета на две значајни атракции на Дубаи – Miracle Gardens и Global Village.
Дали некогаш сте замислиле како изгледаат рајските градини?
Навистина, овде може да се види целата вештина на градинарот, целото богатство на владетелите на Дубаи, сета моќ, раскош, желба за разлика и екстраваганција. Среде пустина, на местото каде што порано имало сув пустински песок, се појавува оваа разновидност на бои и богатство на мириси… Сетилото за слух не може да се занемари, со самото присуство на саксофонист, чија музика одекнува низ градината… Miracle Gardens е најголемата цветна градина во светот направена од природни цвеќиња. Овој парк има над 110 милиони цветови кои се распространети на 72.000 квадратни метри и обликувани во различни форми. Оваа градина започна со работа на 14 Февруари, 2014 година на Денот на вљубените.
По посетата на Miracle Garden следува обиколка на Global Village. Глобалното село е исклучително популарна атракција во Дубаи, каде на едно место се изградени павилјони кои ја претставуваат секоја земја со нивните карактеристични знаменитости, храна, производи и културни специјалитети. Идејата на креаторите на Дубаи била да ги соберат сите култури на едно место, да ги донесат сите убавини на светот во овој град. Па така убавините на Ирак, Иран, Кина, африканските земји, како да се присутни во еден момент, на едно место – така всушност е создадено Global village. Сите значајни земји во светот се претставени со некоја зграда како порта, во чии ѕидови се крие пазар, каде што можете да најдете производи поврзани со дадената земја – национална облека, храна, зачини, чаеви, традиционални танци со традиционална музика. Различните претстави организирани на главната сцена во оваа атракција уште повеќе ја надополнуваат сликата на шарениот колорит од стилови на живеење, музика,танц, песна, храна, знаменитости …… место за потполно узивање на сите сетила…
***ПУСТИНСКО САФАРИ (вклучен трансфер, вечера, безалкохолни пијалоци, локален водич) 65 евра
Попладне (15:00 ч.) поаѓање на ЏИП – САФАРИ ВО ПУСТИНАТА. За време на оваа тура може да се согледа убавината на бескрајната пустина и нејзините прекрасни дини. Се започнува со авантуристичко возење низ златната пустина по големите песочни дини и завршува со уживање во зајдисонцето. Оваа импресија вклучува и можност да се јава на камила, да се направи тетоважа со Хена или да се проба наргиле пред да се послужи вечерата во кампот. Традиционално забавата ќе биде комплетирана со изведувачи на стомачен танц. Враќање во Дубаи околу 21:00 часот.
АБУ ДАБИ (вклучен трансфер, локален водич) 80 евра
Прошетка низ ремек-делото од бел мермер на Големата џамија Шеик Зајед, патеката Формула 1 и Светот на Ферари, посета но селото Херитиџ каде ќе дознааете повеќе за минатото и за бедуинските почетоци пред нафтената индустрија.
–Големата џамија Шеик Зајед е одличен избор за секој што доаѓа прв пат
–Хотел Emirates Palace 7*
–Ferrari World и патеката Formula 1
–Heritage Village
***КРСТАРЕЊЕ ПО ДУБАИ МАРИНА (трансфер, вклучена вечера, безалкохолни пијалоци, водич) 65 евра
Во вечерните часови следува крстарење со брод по Дубајската Марина.
Во текот на крстарењето има можност да се искуси сјајот на модерното Дубаи и да се проследат прекрасните модерни облакодери, панорамското тркало Аин Дубаи и останатите атракции на оваа локација. Сето тоа надополнето со вечера и забавна програма организирана на самиот брод.
Напомена:
М