БРАЗИЛ – Земја која се чини дека има сè! Зелени дождовни шуми и долги песочни плажи. Тиркизни води и живи градови. Земја на бескрајна радост и живописна убавина, каде што музиката, танцот и фудбалот се сè! Од меѓународно признати спортски настани до глобално признати модни недели и масовно популарни прослави како Карневалот, секој настан е неспоредлива прослава. Истражете ги со нас културното богатство, фасцинантната музика и топлото гостопримство на Бразил. Незаборавни искуства и спектакуларни погледи се тука околу секој агол, па затоа не ја пропуштаме можноста да наздравиме со националниот коктел, каипириња, во еден од најпопуларните градови во светот.
Индивидуална програма – Период на патување 11-19.02.2026 / Период на престој 12-17.02.2026 (5 ноќи)
11.02.2026 – Пристигнување на аеродром 2ч. пред лет, во 07:15ч. Индивидулано чекирање на шалтер на Turkish Airlines. Полетување од Скопје во 09:15ч. со пристигнување во Истанбул во 12:50ч. и лет кон Сао Паоло во 20:30.
12.02.2026 – Пристигнување во Сао Паоло во 04:10ч. Check in за лет за Рио де Жанеиро. Полетување во 14:00 и пристигнување во 15:10ч. Организиран трансфер до хотел и check in. Ноќевање.
12.02 – 16.02.2026 – Слободно време за индивидуални активности и можност за факултативни екскурзии дополнително на барање. Наша препорака за слободно време е прошетка низ најпознатите плажи на светот – Копокабана и Ипанема. Дали навистина сте биле во Рио ако не сте посетиле една од неговите познати плажи? Копакабана е пожива, додека Ипанема се смета за побезбедна, почиста и има покласични ресторани и барови. На плажата, изнајмете столче и можеби чадор за сонце, закопајте ги прстите на нозете во мекиот бел песок и сте подготвени за совршен ден за лежерно поминување на времето. Тука, разни продавачи ќе се обидат да ви продадат сè, од бикини, плажни саронзи и накит до чипс, овошје и печено сирење. Можете исто така да нарачате ледено ладни свежи кокосови ореви, пива или вкусни овошни каипирини кои ви се доставуваат од киосци на плажа наречени баракас. Сето ова без да морате дури и да станете од столчето! Ако барате поактивен начин да ги доживеете плажите, придружете им се на многуте сурфери, џогери или играчи на одбојка на плажа.
17.02.2026 – Појадок и check out од хотел. Трансфер до аеродром. Полетување од Рио де Жанеиро во 20:45 и пристигнување во Сао Паоло во 22:05.
18.02.2026 – Check in за лет за Истанбул / Скопје. Полетување од Сао Паоло во 04:10 и пристигнување во Истанбул 22:35ч.
19.02.2026 – Полетување од Истанбул во 08:55 и слетување во Скопје 08:25ч.
Детали од лет:
TK1004  11FEB SKPIST  0915 1250   //  TK 215  11FEB  ISTGRU  2030 0410+1
G31070  12FEB  GRUGIG  1400 1510  
G31099  17FEB  GIGGRU  2045 2205 
TK 016 18FEB  GRUIST  0410 2235 //  TK1003 19FEB  ISTSKP   0855 0825 
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО
НАПОМЕНА – Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).