Будимпешта– град со прекрасна местоположба за сонување кој ја покажува темпераментната визија на Истокот и на Западот, како и нивната магична халуцинација на убавината. Главен град на Унгарија истовремено и главен индустриски, трговски и транспортен центар. Познат како Бисерот на Дунав кој нуди широк избор на туристички атракции. Градот окупатор на двата брега на реката Дунав, од десна страна брегот Буда, а од лева страна Обуда со Пешта. Име составено од три градови Обуда, Буда и Пешта кои формирале еден град, односно Будимпешта. Познат по своите бројни топли природни и вештачки извори кои датираат уште од 1934 година, му ја подарија титулата на “Градот на Бањите“. Космополитско место на неочекувани, елегантни и фасцинантни предизвици. Иако денес Будимпешта е целосно во духот на Европа во неа се апсорбирани брановите на миграциите на етничките групи. Најпрво се доселиле Унгарците кои навлегле пред околу илјада години. Следни биле Турците, Германците, Словените, Евреите и Ромите, кои создале своја бујна култура која врие и денес. Градот со душа си има своја пишана историја и еклектичен склоп на раскошна архитектура која се движи од барокот, до нео класичноста и високата уметност, a благодарение на тој раскош голем дел од центарот е прогласен како светско културно наследство.
ПРВ ДЕН – 05.03.2026 (ЧЕТВРТОК) СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА
Состанок на групата во 17.00часот кај хотел Русија. Поаѓање за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце и Србија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.
ВТОР ДЕН – 06.03.2026 (ПЕТОК) БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта. Разглед на градот, кој ќе започне од плоштадот на Хероите, Унгарскиот парламент, односно од третата најголема зграда во светот чија изградба траела цели 20 години и тоа исклучиво со унгарски материјали. Разгледот го продолжуваме кон Базиликата на Св. Стефан, најголемата црква во Будимпешта изградена во 50-ите години на 18 век, потоа Плоштадот Елизабета, Мостот Сечени, Жичарата Хил, Замокот Буда кој исто така е познат и под иметоКралската Палата, претставувал дом на раскошни церемонии за време на Австро-Унгарска империја, а денес прекрасен Музеј на Будимпешта. По разгледот на прекрасниот музеј се упатуваме кон црквата Матијаш каде се крунисани Франц Јозеф I и неговата жена Елисавета во 1867 година со што започнува и основањето на Австро-Унгарската империја. По разгледот на импозантната црква се упатуваме кон Рибарската Тврдина, прекрасна знаменитост составена од седум кули кои ги претставуваат седумте Маџарски племиња. Се наоѓа на врвот на замокот Хил и обезбедува спектакуларен поглед на градот и реката Дунав. По разгледот слободно време на Ваци улица. Попладне сместување во хотел. Слободно време за одмор. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН – 07.03.2026 (САБОТА) БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА
Појадок. Факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. На средина на местото се наоѓа и црквата Свети Андреја околу која се тесните улички кои ги привлекуваат туристите со својата средновековна тишина. Враќање во Будимпешта. Вечерта факултативно крстарење во кое ќе уживате и ќе го паметите, во звукот на класичната музика ќе ги видите прекрасните мостови и најубавите и најпознати зданија кои светат навечер, а број еден секако е Парламентот. После крстарењето можност за факултативна вечера во национален ресторан Чарда каде ќе се забавуваме со традиционална музика и во вкусот на унгарската кујна. Ноќевање
ПОСЛЕДЕН ДЕН – 08.03.2026 (НЕДЕЛА) БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел. Слободно време за посета на шопинг центар Арена. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Се патува преку Србија со кратки попатни паузи. Ноќно возење.
Пристигнување во Скопје во утринските часови, на 09.03 – понеделник.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
Напомена:
С