Сигурна Реализација
Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања
11.12 (Четврток) СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА
Состанок на групата на aeродромот во Скопје во 15.00 часот. Полетување за Барселона во 17.20 и пристигнување во 20.10 часот. Организиран трансфер до хотел. Сместување. Ноќевање.
12.12 (Петок) БАРСЕЛОНА – Парк Гуел
Појадок. Посета на паркот Гуел — ремек дело на познатиот шпански архитект Антони Гауди, препознатлив по својата уникатност, денес е дел од листата на светското културно наследство под заштита на UNESCO. Организиран панорамски разглед на градот: булеварот Дијагонал — главната авенија која Барселона ја дели на два блока, источен и западен; готската катедрала Саграда Фамилија; плоштадот Каталонија — централниот плоштад, точката каде стариот град се сретнува со новиот; зелената авенија Ла Рамбла, споменикот на Колумбо, Олимпиското пристаниште, ридот Мон Жуик, Олимпискиот стадион и спортската палата, плоштадот Шпанија и прекрасните Магични фонтани. Пауза за ручек. Слободно време за индивидуални активности. Препорачуваме прошетка низ некои од најубавите божиќни пазари во Барселона, каде што ќе ја почувствувате вистинската празнична магија на градот — шарените светилки, мирисот на печени костени и традиционалните каталонски украси. Најпознати се Fira de Santa Llúcia пред катедралата, најстариот и најатмосферичен маркет во градот, како и Fira de Nadal de la Sagrada Família кој се одржува веднаш покрај познатата катедрала, и Port Vell Christmas Fair на брегот, со поглед кон морето и светлосен спектакл во вечерните часови. За љубителите на модерната Барселона, дополнително препорачуваме посета на некои од обележјата на градот — Аквариумот (еден од најголемите во Европа), стадионот Камп Ноу, или возење со жичницата Монжуик, која нуди уникатен панорамски поглед на Барселона и нејзиното пристаниште.
13.12 (Сабота) БАРСЕЛОНА – Фигерас и Герона
Појадок. Препорачуваме факултативна организирана посета со превоз и локален водич на Фигерас, каде се наоѓа музејот на Салвадор Дали, што е предизвик за сите љубители на уметноста и оние кои сакаат да видат нешто потполно оригинално. Музејот е сместен во неговата фамилијарна палата, а изложбата која е компилација на уметнички дела од различни периоди, ја поставил самиот маестро. Попатно на враќање, посета на убавото, живописно место Герона, кое се наоѓа на североисток на Шпанија, непосредно до Француската граница. Прошетка низ историскиот центар на градот, неговата тврдина изградена како систем на одбрана во римскиот период, Kатедралата која се наоѓа во срцето на тврдината, колористичните куќички на брегот на реката Onyar… Во вечерните часови, препорачуваме фламенко, можност за уживање во заводливиот ритам на шпанската музика и танци. Ноќевање.
14.12 (Недела) Саграда Фамилија – Шпанско село – СКОПЈЕ
Појадок. Факултативно, препорачуваме посета на готската Катедрала Саграда Фамилија, единствен храм, по своето потекло, основа и цел. Плод на работата на генијалниот архитект Антони Гауди, проект промовиран од народот за народот. Пет генерации го гледаа напредокот на Храмот во Барселона. Денес, повеќе од 140 години по поставувањето на камен-темелникот, продолжува изградбата на базиликата. Шпанското село кое ја обединува иприкажува разноликоста на архитектурата на Шпанија. Слободно време за индивидуални активности. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување во 20.55 часот и пристигнување во 23.40 часот.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Факултативни излети:
Напомена:
М