Куќа "Julianos" - Ипсос - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Куќа “Julianos” – Ипсос

Куќа “Julianos” – Ипсос, Крф

 

Крф, мистично привлечен, спакуван во историски приказни, обоен од влијанија на најразлични цивилизации, кој фасцинира со природна убавина и освојува со искуства вредни за сечие сеќавање. Не случајно една од најпопуларните туристички дестинации за летување и не случајно сме организатори 11 години на летни аранжмани на овој остров, почнувајќи од 2014-та година. Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејќи го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите. 

Ипсос се наоѓа во центарот на источното предградие на Крф, на само 12 километри од главниот град. Со својата долга сончева плажа покриена со песок и ситни камчиња, беспрекорно чиста топла вода и можност за водени спортови, Ипсос е едно од најидеалните места за одмор за млади луѓе, но исто така е одлично место за семеен одмор. Опкружен е со продавници за сувенири, супермаркети, ресторани, барови, таверни итн. Плажата повеќе пати беше обележана со Сино знаме за чистиот брег и води со тоа што ја прави една од најбезбедните плажи на Крф.

Вила Јулианос e вила со релативно новоградба лоцирана во помирен дел на Ипсос – Крф, на 10 минути пешачење од плажата со многу гостопримливи домаќини. Вила која ја работиме веќе 11-то лето и од која имаме само пофалби.Располага со студија за 2 лица и апартман за 4 лица дуплекс (со посебни спални). Сите се опремени со сопствена физички одделена кујна и комплетно опремена (голем шпорет со рерна, тостер, голем фрижидер, чаши, филџани, лажици, вилушки, ножеви) посебна спална и тоалет. Сите имаат исто сопствена тераса. А позади вилата има скара која е на располагање на користење на гостите. Во вилата има телевизор и клима уред(се доплаќа на лице место 5 евра од ден). Куќата има WIFI но Т.А ИМПАЛА не гарантира за јачината и брзината на интернетот па советуваме да си активирате пакет интернет за во странство. За повеќе информации околу интернетот контактирајте ги вашите мобилни оператори.
 
 
20 %  попуст за резервации до 12.04.2026
со минимум уплата од 50% и остатокот до 7 дена пред поаѓање
плус ЕКСТРА ПОПУСТ за термините во јуни
Термин Цена по лице
29.05-05.06.2026 95
05.06-12.06. 2026 105
12.06-19.06. 2026 135
19.06-26.06. 2026 145
26.06-03.07. 2026 165
03.07-10.07.2026 239€
10.07-17.07.2026 239€
17.07-24.07.2026 249€
24.07-31.07.2026 249€
31.07-07.08.2026 249€
07.08-14.08.2026 249€
14.08-21.08.2026 249€
21.08-28.08.2026 209€
28.08-04.09.2026 189€
04.09-11.09.2026 169€
11.09-18.09.2026 139€
18.09-25.09.2026 124€
25.09-02.10.2026 112€

*Дадените цени во табелата се по лице со вклучен превоз

*ЦЕНИТЕ СО ЦРВЕНО СЕ СО ПРЕСМЕТАН ПОПУСТ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ СО ПРЕВОЗ (ЗА СОПСТВЕН ПРЕВОЗ ЦЕНАТА НЕ СЕ НАМАЛУВА)

ПЛАЌААТ МИНИМУМ ДВЕ ЛИЦА ВО 1/2  АПАРТМАН, ТРЕТО И  ЧЕТВРТО ЛИЦЕ ИМААТ 30% ПОПУСТ

МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ ПРЕКУ IUTE CREDIT

 

Во цената е вклучено:

  • Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје
  • 7 ноќевања 8 дена
  • Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престојот

Во цената не е вклучено

  • Повратна карта за траект – 30 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)
  • Туристичка такса 2 евра на ден (се плаќа задолжително во агенција)
  • Факултативни излети
  • Патничко осигурување
  • Клима уред (се доплаќа на лице место)

 

Факултативни излети:

Тура на север (Палеокастрица и Сидари)

Целодневен излет со автобус низ северниот дел на островот.Овој ден се посетуваат местата  Палеокастрица и Сидари. Прво место ан застанување е плажата Палеокастрица, овде имаме слободно време за релаксација на плажа, посета на манастирот Марија- Богородица или посета на аквариумот. Од овде се продолжува до највисоката точка над Палеокастрица на местото Лаконес каде што се застанува за да се направат најубави панорамски фотографии и верувајте погледот ќе ве остави без здив. Од овде се оди во  Сидари, град познат по тунелот на љубовта и евтиното пиво. Овде може да го испливате каналот, да се релаксирате на долгата песочна плажа или да седнете на ручек и пијачка.

Глифада

Целодневен излет на песочната плажа Глифада. Ден за сончање, капење и уживање во убавините на природата. Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.

Крстарење

Целодневно крстарење по североисточниот дел на островот. Се тргнува од Ипсос, се поминуваат местото Барбати каде ако имате среќа ќе видите делфин, Калами, Кулури, Нисаки и се до Kасиопи најсеверната точка на островот.  Се застанува на дива плажа до која нема пристап на друг начин освен со брод, се прави пауза за капење и  ручек подготвен и сервиран од капетанот на бродот. Во ручекот е вклучено: свинска кременадла, колбас, грчка салата, вода, сок, црвено или бело вино. Се застанува уште на една плажа за пливање. Враќање во Ипсос околу 16-17:00h.

Крстарење Паксос и Антипаксос

Овој ден е испланиран за целодневно крстарење до другите два најблиски остриови до Крф, Паксос и Антипаксос. Се тргнува од градот Крф со брод и се крстари на отворено море Првата точка на застанување е Антипаксос, остров со уникатен бел песок како на Малдиви, верувајте ќе ве воодушеви. Овде се застанува за пливање. Од овде се продолжува кон Паксос, кој е населен остров со туристи, пристаниште, прекрасна плажа, но и гратче за мала прошетка или ручек. Попатно се посетуваат и Сините пештери. Бродот влегува во овие пештери и може да се направат прекрасни фотографии. Овој ден е испланиран за уживање на отворено море, пливање, сончање и запознавање со два други јонски острови.

 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ: 

  • -Дете од 0 до 3,99 години -Бесплатно (спие во кревет со еден од возраснитеп)
  • Дете од 4 до 11,99 години на дополнително легло има 50% попуст со двајца возрасни во соба. Во случај на еден возрасен и дете од 4 до 11.99 години за дете се плаќа цела сума
  • Во двокреветна соба 3-то возрасно лице на дополнителен кревет има 30% попуст
  • Во Апартман 3-то и 4то возрасно лице, на редовно легло има 30% попуст
  • За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет
  • Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата

 

НАПОМЕНИ: 

  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Цените се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност ( 1 евро=62мкд)
  • За сопствен превоз цената се намалува за 20 евра (1200 денари) ПО ЛИЦЕ, од редовната цена.
  • Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може на дополнително барање да се смести едно дете до 5.99 години, во кревет со двајца возрасни.  
  • Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ULTRA FIRTS, LAST MINUTE и BLACK FRIDAY понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени кои се разликуваат од оние кое се објавени во  ценовникот. Лицата кои веќе го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средствата за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
  • При отказ на аранжманот од страна на клиентот од било која причина ќе бидат задржани манипулативни трошоци во фиксен износ од 620 мкд.
  • Сместувањето во собите е по 14:00 часот локално време, напуштањето на истите е во 09:00 часот локално време.
  • При спојување на последователен термин, одобруваме 10% попуст на вториот термин на редовната цена.
  • По завршувањето на летувањето, патниците се должни да го остават апартманот/студиото во чиста состојба. Доколку е причинета одредена материјална штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопствениот на вилата.
  • За ова патување важат општите услови за патување на Т.А. Импала Травел.

 

Translate »