Хотел Amira 5*- Банско - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Хотел Amira 5*- Банско

Хотел Amira 5* – Банско

 

 

Хотелот „Amira“ е луксузен бутик хотел со 5*****, расположен во подножјето на Пирин планина во Банско кој се наоѓа во непосредна близина на жичарницата. Хотелот располага со петнаесет едноспални апартмани од кои два се ВИП, единаесет студија и пет двокреветни соби. Постои можност просториите да се комбинираат на различни начини: студио со двокреветна соба, едноспален апартман со двокреветна соба и студио со едноспален апартман.

Има три ресторани: класичен ресторан со деведесет места во кој се нуди висок комфор, богата листа на вина и уникатна комбинација на најдобрите спацијалитети од локалната и глобалната кујна. Потоа тераса кон ресторанот со дваесет и четири места, лоби бар до дваесет и осум места и пријатен камин и ВИП салон со дваесет места наменет за релаксација.

Модерниот спа центар располага со две кабини за масажа, спа терапии и козметички процедури, релакс соба, финска сауна, панорамна инфрацрвена сауна со хималајска сол, парна бања, џакузи, внатрешен базен со зона за хидромасажа и  детски внатрешен базен. За своите најмали гости хотелот има организирано детско катче за слободна игра и зона за креативни работилници.

Хотелот „Amira“  работи преку целата година. Нуди беспрекорна услуга карактеристично за комплексите од највисока класа, како и поединечно внимание кон секој свој гостин.

Хотелот располага со мултифункционална сала опремена со се што е потребно за бизнис – состаноци, корпоративни семинари, презентации, изложби, коктели, обуки и други. Салата располага со централна климатизација, плазма екран 50 инчи, телефон и безжичен интернет.