Термин: 17 Април
1 ДЕН 17.04.2025 СКОПЈЕ – ПИРЕА
Состанок на групата на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во 15 00ч. Се патува преку гр. премин Богородица со попатни паузи.
2 ДЕН 18.04.2025 ПИРЕА – САНТОРИНИ
Пристигнување на пристаништето Пиреа во раните утрински часови. Качување во брод и испловување во 07:25 часот. Пристигнување на пристаништето во Санторини во 15:30/ часот. Трансфер од пристаниште до хотел со автобус. Сместување. ВЦо вечерните часови препорачуваме факултативна посета на најсветото место на островот Пиргос, село кое за Велигденските празници традиционално е осветлено со илјадници запалени свеќи… глетката ќе Ве остави без здив. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ДЕН 19.04.2025 САНТОРИНИ
Појадок. Целодневен факултативен излет – FULL DAY SANTORINI.Посета на археолошкото селце Акротири со остатоци од Минонската цивилизација, можност за посета на Археолошкиот музеј во кој ќе видите остатоци од Минонската цивилизација… ,одиме кон црвената плажа каде што ќе има можност за фотографирање на импресивната плажа. Продолжуваме кон автентичното живописното селце, Мегалохори … кратка прошетка низ живописните калдрмести улички… кафе пауза… Ја продолжуваме екскурзијата со посета на главниот град Фира,. Слободно време во Фира за индивидуални прошетки низ Фира и ручек во некоја од грчките таверни. Враќање во хотел во вечерните часови.Ноќевање.
4 ДЕН 20.04.2025 САНТОРИНИ
Појадок. Слободен ден или факултативно Kaldera morning – cruise. Ексурзијата започнува со мал традиционален брод кој Ве води по Калдерата до Nea Kameni – новиот вулкан, каде со локален водич се искачуваме до врвот на вулканот, каде што на врвот ќе го видиме и активниот кратер ( влезница се плаќана лице место). Слободно време за фотографирање. Враќање на брод со кој се продолжува до Palia Kameni – стариот вулкан, каде што ќе имате можност да се капете во термалните води…продолжуваме кон островот Тирасија, можност за кафе-пауза или ручек во таверните крај самото море. Враќање на новото пристаниште, а од бродот ќе ги видите двете стари пристаништа, пловидбата е долж сртот на Санторини. Предлагаме факултативна посета на Oia (Иа) од каде ќе го видите најубавото зајдисонце на светот и ќе уживате во магијата на Oia. Слободно време за прошетки низ тесните улички каде ќе ги видите белите црквички со сини куполи и ќе ги направите најубавите фотографии на Санторини.. Ноќевање.
5 ДЕН 21.04.2025 САНТОРИНИ – ПИРЕА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите. Предлагаме посета на винаријата со посета на музеј на традиционално производство на вино во последните 450 години, единствен музеј во Грција кој се наоѓа на 8 метри длабоко во вулканска пештера. Дегустација на 4 различни видови на вулкански вина. Во 14 часот трансфер до пристаниште. Испловување на бродот во 15:30. Пристигнување во Пиреа во 23:30. Ноќно возење со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во утринските часови наредниот ден на 22 Април. .
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
Факултатувни излети и програми
ПАКЕТ ИЗЛЕТИ: 170 Еур по лице
НАПОМЕНИ:
N