Авионска програма со лет од/до Тирана ✈
Сицилија е најголем остров во Медитеранот кој географски и припаѓа на Италија, но, во културолошка смисла е земја сама за себе, со единствена традиција, кујна и неповторлив ритам на уживање. Сицилија – магичниот остров, чиј брег го заплискуваат водите на Јонското, Тиренското и Средоземното море, е богата со траги од древните цивилизации, остатоци од вулканските активности, разновидна природа, прекрасни плажи, насади со винови лози и сликовити гратчиња. Сицилија е медитерански свет во мало, со старогрчко, староримско, византијско и шпанскo наследство, а, се смета за најголем музеј на отворено.
Авионски лет: | WIZZ AIR (Тирана – Катанија – Тирана) & организиран превоз од/до Тирана |
Полетување: | 17.04.2025 во 23:20ч. (Тирана) |
Пристигнување: | 18.04.2025 во 00:55ч (Катанија) |
Услуга/Сместување | 4 ноќевања со појадок вo хотел 3*** |
Друго вклучено: | Трансфери + paзгледи според програма + претставник од Македонија |
Полетување: | 21.04.2025 во 21:20ч (Катанија) |
Пристигнување: | 21.04.2025 во 22:45ч (Тирана). |
1 ДЕН (17.04.2025) СКOПЈЕ – ТИРАНА – КАТАНИЈА
Состанок на групата во Дрводекор во 13:00 часот. Поаѓање за Тирана во 13:30 часот. Полетување од Тирана за Катанија во 23:20 часот и слетување во 00:55 часот во Катанија. Трансфер до хотел и сместување. Ноќевање.
2 ДЕН (18.04.2025) КАТАНИЈА – НОТО – СИРАКУЗА
Појадок. Факултативен излет до Ното и Сиракуза. Прошетка низ градот Ното, познат по најубавите згради во сицилијански барок стил кои датираат од 18 век. Посета на фестивалот на цвеќето – Infiorata, каде уметниците користат разнобојни латици од специјални видови цвеќиња за да создадат слики налик на мозаици. Прошетка по централната улица покрај градската порта, црквата Свети Кјара и катедралата Свети Никола, палатите Дишези и Николаши. Патување до Сиракуза, која била најзначаен и најубав град во покраината, позната како градот на Архимед. Разглед на центарот на градот кој се наоѓа на островот Ортича – остатоци од Аполоновиот храм, градското собрание, фонтаната на божицата Дијана, катедралата над некогашниот храм на Минерва. Враќање во хотел.
3 ДЕН (19.04.2025) КАТАНИЈА – ЕТНА – ТАОРМИНА
Појадок. Факултативен излет до симболот на Сицилија – вулканот Етна, највисокиот активен вулкан во Европа. Патување низ пределите каде некогаш поминувала врелата лава. Пристигнување на највисоката дозволена висина – 1800 метри, истражување на кратерот Силвестри и околината. Враќање во Џардини Наксос. Во попладневните часови, посета на сликовитата Таормина со јавен превоз, еден од најубавите градови во Италија, изграден на брегот на Monte Tauro со фантастичен поглед на околината и брегот. Прошетка низ горниот дел од градот, влегување низ Porta Mesina, пешачката зона Corso Umberto, плоштадот Виктор Емануел, катедралата, грчко-римскиот театар од 3 век п.н.е. Таормина е град за уживање, со добар капучино или аперитив на некоја од панорамските тераси. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.
4 ДЕН (20.04.2025) ПАЛЕРМО
Појадок. По појадокот, факултативно заминување кон Палермо со локален водич. Разглед на градот и неговите културно-историски знаменитости. Посета на Палатата на Норман, Новата Капија, катедралата, плоштадот Виљена и фонтаната на срамот, “Quattro Canti”, Црквата Мартрана, театрите Политеама и Масимо. Враќање во Катанија. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
5 ДЕН (21.04.2025) КАТАНИЈА – ТИРАНА – СКОПЈЕ
Појадок. Разглед на градот со неговите културно-историски знаменитости по договор со локалниот водич. Градот под Етна, по бурната историја и земјотресот, обновен е во 17 век во барок стил и е најголемо пристаниште и стопански центар на Сицилија. Пешачки разглед на историскиот центар. Меѓу многуте раскошни палати и цркви, се истакнува катедралата која го носи името на Света Агата – заштитничка на градот. Прошетката продолжува покрај рибниот пазар, еден од најпознатите во цела Италија, дворецот Урсино изграден во 13 век, Универзитетот, улицата Via Crociferi. Слободно време за уживање и освежување со највкусниот сладолед и сицилијанскиот десерт – Гранита. Трансфер до аеродромот во Катанија. Полетување за Тирана во 21:20, слетување во 22:45 часот и трансфер до Скопје.
6 ДЕН (22.04.2025) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.
СИЦИЛИЈА ВЕЛИГДЕНСКИ ПРАЗНИЦИ ХПТЕЛ 3* |
ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ |
17.04.2025 – 22.04.2025 |
ПЕРИOД НА ПРЕСТOЈ |
17.04.2025 – 21.04.2025 |
|
УСЛУГИ |
4 BB |
|
НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ |
4Н / 5Д |
|
Цена по лице во двокреветна соба |
695€ / 43.090 мкд |
|
Early Booking цена по лице за резервации 15.Јануари 2025 |
645€ / 39.990 мкд |
|
Попуст за дете од 2 до 11,99 год * |
– 90€ / -5.580 мкд |
|
Попуст за трето лице 12+ год * |
-70€ / -4.340 мкд |
|
Доплата за еднокреветна соба |
160€ / 9.920 мкд |
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Организиран трансфер Скопје – Тирана – Скопје
Авионски превоз на релација Тирана – Катанија – Тирана (Wizz Air)
Аеродромски такси
Кабински багаж (1 торба до 8 кг. со димензии 40х30х20см)
Сместување во хотел со 3* во Катанија на база 4 ноќевања со појадок (4 В&В)
Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром во Катанија
Пешачки разглед на Катанија со локален водич
Пратител од Македонија за време на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Туристичка такса: 496,00 денари / 8 евра (2€ по лице по ноќевање) – се плаќа во агенција.
Патничко осигурување.
Останати не споменати услуги.
Факултативен излет – Ното и Сиракуза (трансфер и локален водич) – 70€.
Факултативен излет – Етна (до 1900м) и Таормина (трансфер и локален водич) – 80€. Можност за искачување до 2920м надморска височина со доплата +95€ (жичара од 1900 – 2520 м, џип до 2920м и водич).
Факултативен излет – Палермо (трансфер и локален водич) – 75€.
Влезници за културно-историски споменици:
Археолошки локалитет Сиракуза – 35€.
Грчки театар во Таормина – 20€.
Доплата за чекиран багаж (цените се променливи, информации во агенција):
Чекиран куфер (1 куфер до 10 кг.).
Чекиран куфер (1 куфер до 20 кг.).
Напомена:
За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 20 патници. Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира/зголеми цената на истиот.
Минимален број за реализација на факултативите по дадените цени во програмата е 20 патници, во спротивно цената може да биде соодветно корегирана.
За навремени резервации и осигурување на реализација на факултативните излети, изјаснување и пријавување за истите е задолжително да се направи во агенција пред почеток на аранжманските услуги.
За резервација е задолжителна уплата на аванс од 40% од вкупниот износ на аранжманот и копија од пасош. Целосна доплата на аранжманот е 14 дена пред поаѓање.
Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
Организаторот го задржува правото за промена на цените за факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците во локалитетите.
Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
Валидноста на патните исправи е обврска на патниците. При уплата на резервација, должни се да ги приложат во агенцијата за проверка. Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.
Организаторот го задржува правото за откажување на аранжманот 7 дена пред патувањето.
За оваа програма важат Општите Услови на Патување на Импала Травел.
AU