19.04.25 – 22.04.25
Рим – Главниот град на Италија кој на секој чекор ги открива своите убавини и фасцинира со историјата која совршено се вклопува во секојдневието на градот. Вечниот град или градот на седум ридови се само некои од епитетите кои Рим ги носи над три илјади години од своето постоење. Со векови бил главен град на најмоќното царство во историјата на Европа и многу подолго духовен центар на католичката религија и седиште на градот – државата Ватикан. Вистински колаж на плоштади, пазари на отворено и неверојатни историски локалитети. Скоро 3.000 години глобално влијателна уметност, архитектура и култура… Античките рушевини, Форумот и Колосеумот, ја прикажуваат моќта на поранешната Римска империја… Ватикан, седиштето на Римокатоличката црква, со базиликата на Свети Петар и музеите на Ватикан, во кои се сместени ремек-делата на Микеланџело… Фонтана Ди Треви и фрлена паричка за среќа… Шпанските скали…Секако, сите патишта водат кон Рим…
1 ден 19.04 (сабота) | Скопје – Рим – Ватикан
Состанок на групата на аеродром во Скопје во 09:30 часот. Лет за Рим во 11.35 часот. Слетување во Рим во 13:20часот. Трансфер до хотелот и сместување. Во 16:00 часот ссо метро се упатуваме кон Центарот на Рим, односно кој Ватикан. факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи… Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело и најголемата Црква Св. Петар…. Враќање во Хотел. Ноќевање.
2 ден 20.04 ( недела) | Рим
Појадок. Организирана 3 часовна пешачка тура на Рим со локален водич. Разгледот на градот вклучува (Плоштадот Дел Пополо, Виа Дел Корсо, Плоштадот Венеција со споменикот на Виктор Емануеле… прошетка низ центарот на Рим, уживање во убавините на градот: Шпанските скали, познати како “дневна соба на градот”, Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон. Слободни активности. Ноќевање.
3 ден (понеделник ) 21.04 | Антички Рим со Колосеум
Појадок. Препорачуваме факултативна посета на паркот Антички Рим, каде се посетуваат Римскиот форум и Колосеум, со локален водич – Римските форуми, Царскиот форум, Константинова Арка, Циркус Максимус, плоштадот Венеција, плоштадот Кампидољо. Слободно време и можност за последно кафе, аперол, пица, тестенини и слободни активности.
4 ден ( вторник ) 22.04 Рим – Скопје
Појадок. Слободно утро.Трансфер од Хотелот во 11 часот. Поагање за Скопје во 13.50 часот.Слетување во Скопје во 15.35 часот.
Во цената на аранжманот е вклучено:
Во цената на аранжманот не е вклучено:
Цени за Факултативи:
Напомена:
Општи напомени:
NO