4 дена / 3 ноќевања / Авион
19 април (сабота) СКОПЈЕ – ТИРАНА – ПРАГА
Состанок на група на ул. Македонија во 11.00ч.и поаѓање кон Тирана. Авионот за Прага на Визер полетува во 18.20 часот. Слетување во Прага во 20.25 часот. Трансфер и сместување во хотел. Ноќевање.
20 април (недела) ПРАГА
Појадок. Разглед на градот во придружба на локален водич: Храдчани- еден од најголемите замоци во светот, кој е и резиденција на чешките владетели, Прашкиот замок, Катедралата Св. Вида, Златна улица, Карловиот мост (најстариот градски мост, воедно и најпознатото градско обележје и го поврзува Стариот град со другиот брег на Влтава – Мала Страна), Еврејскиот кварт, Стариот градски плоштад , астрономски часовник, плоштадот Вацлав… Слободно време за индивидуални прошетки. Вечерта, посета на чешки ресторан – пивница со шоу програма и можност да се проба традиционална храна и Пилснер пиво. Совршен начин да се доживее традиционална чешка вечер! Ноќевање.
21 април (понеделник) ДРЕЗДЕН
Појадок. Целодневен излет во Дрезден. Град кој поради своето културно значење и барокните градби го нарекуваат и Германска Фиренца. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата, богатсво на прекрасни градби како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато: Палатата Звингер, седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба, прекрасната Готска Богородична црква Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Августовиот мост… Враќање во Прага. Ноќевање.
22 април (вторник) ПРАГА – ТИРАНА – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки. Можност за факултативно крстарење со брод по реката Влтава, пловење покрај најпознатите згради и споменици на „Златниот град“. Трансфер до аеродромот во Прага. Летот кон Тирана е во 21.00 часот. Трансфер до Скопје
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Трансфер Скопје-Тирана-Скопје
Авионски превоз на релација Тирана-Прага-Тирана
Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
Сместување во хотел Olympik Congress 4* во Прага на база 3 ноќевања со појадок
Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
Разглед на Прага со локален водич
Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг / 20кг (цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
Туристичка такса 560 мкд (се плаќа во агенција )
Посета на традиционален чешки ресторан
Посета на Дрезден 65 евра
Крстарење по Влтава 20 евра
Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
Патничко – здравствено осигурување
Доплата за еднокреветна соба 10.500 мкд
Напомена:
М