Авион/ 6 дена/ 5 ноќевања
18. Април (Петок) СКОПЈЕ – БЕЛГРАД – НИЦА
Состанок на групата на договореното место во 05:00 часот и трансфер до Аеродромот во Белград. Полетување за Ница во 13:10 и слетување во 15:15 часот. Трансфер до хотелот во Ница со попатно запознавање на „Кралицата“ на Азурниот брег. Сместување. Попладневна прошетка по Англиската променада која се пружа долж заливот на Ангелите, едно од чудата на овој град. На променадата, со својата убавина, посебно се издвојува хотелот Негреско… Ноќевање
19. Април (Сабота) НИЦА
Појадок. Разглед на Ница, еден од најатрактивните туристички центри во Европа, административно седиште и најголемиот град на јужна Франција. Позната е по азурно-сината боја на морето, долгите плажи, раскошните градини, луксузните хотели, широките авении украсени со палми и разновидни цвеќиња. Ница има долга и интересна историја, бројни музеи, паркови, видиковец, стар град со тесни испреплетени улици. Прошетка до Плоштадот Масена, градините на принцот Алберт, споменикот Ника, улицата Жан Медисан, Кралската опера, Палатата на правдата, Катедралата, стариот град…. Слободно попладне за уживање во прошетката покрај море… Ноќевање
20. Април (Недела) МОНАКО И МОНТЕ КАРЛО
Појадок. Посета на кнежевството Монако, синоним за луксуз и втората најмала држава на светот. По пристигнувањето, разглед на главниот град, Monaco Ville, сместен на висока карпа: Океанографскиот музеј, Катедралата Свети Никола која со векови е главна црква за сите кнежевски церемонии, во која се крунисани сите владетели на Монако, Кнежевската палата, седиште на Кнезот на Монако и Династијата Грималди. Разгледување на вториот дел од кнежевството – Монте Карло, ексклузивна резиденцијална, трговска и туристичка зона, надалеку позната по казината и луксузните хотели. Ќе се прошетаме до главниот Плоштад Place du Casino со славното казино и хотелот De Paris. Слободно вреmе за уживање во неверојатната атмосфера и можност да си ја испробате среќата… Враќање во Ница во вечерните часови. Ноќевање
21. Април (Понеделник) ГРАС И СЕН ПОЛ ДЕ ВАНС
Појадок. Можност за факултативна посета на специфичниот дел на Азурниот Брег, кој и припаѓаше на Прованса. Грас, светската престолнина на парфемите е популарна туристичка дестинација веќе неколку векови. Во стариот средновековен град доминираат познатите фасади на Прованса во пастелни бои и аркади во италијански стил. Во центарот се наоѓаат трите музеи – на уметноста, парфемите и модата на Прованса. Посета на музејот Фрагонард во кој можете да купите производи од оваа позната парфемска куќа. Заедно со куќите Галимард и Молинард, го чинат светото тројство кога зборуваме за историјата на парфемите во Франција. Продолжуваме за Сан Пол де Ванс – едно од најубавите села во живописната Прованса. Има совршена панорамска позиција, средновековна тврдина и поглед на сликовитите пејзажи кои го опкружуваат. Било инспирација за бројни сликари и уметници како Миро, Шагал, Пикасо, кои се сретнувале на терасата на култното бистро La Colombe d`Ore. Прошетка по уличките полни со уметнички ателјеа, работилници за керамика и типични продавнички… Ноќевање
22. Април (Вторник) АНТИБ И КАН
Појадок. Целодневен излет до Антиб, некогашниот грчки Антиполис и Кан – градот на познатиот филмски фестивал, луксузните јахти и џет сетот. Антиб е вистинскиот бисер на Медитеранот, сместен помеѓу Ница и Кан. Во градот доминира Тврдината Fort Kare во чие подножје се наоѓа марината за јахти Port Vauban. Прошетката по симпатичните, тесни улици по кои се стигнува до самиот центар на градот, каде ќе се видат Катедралата Notre dame de la Platea, пазарот Marche Provencal, со најубавите француски сирења, етерични масла, цвеќе, зачини од Прованса… Антиб, освен што е мека за џет сетот, познат е и по музејот на Пикасо и џез фестивалот. Патувањето продолжува за монденскиот Кан. Прошетка по La Croisette – најпознатата променада со луксузни хотели и продавници, хотелот Карлтон, Палатата на филмскиот фестивал – можност да се фотографирате како вистинска филмска ѕвезда на црвениот тепих. Потоа, продолжуваме во La Suquet – најстариот дел на Кан со Тврдината од каде се пружа прекрасен поглед на целиот град. Слободно време за шопинг. Враќање во Ница во вечерните часови. Ноќевање.
23. Април (Среда) НИЦА – ЕЗ – СЕН ЖАН КАП ФЕРАТ – БЕЛГРАД – СКОПЈЕ
Појадок. Слободен ден во Ница или можност за полудневен факултативен излет. Посета на Ез, село кое се наоѓа на карпа, високо над Средоземното Море, поради што го нарекуваат и „орлово гнездо“. Шетајќи низ него по тесните, кривулести и калдрмисани улички, ќе имате чувство како да се враќате во минатото, а, погледот од Егзотичните Градини на Азурниот брег, е воодушевувачки. Сен Жан Кап Ферат е ексклузивен полуостров и омилено место на многу славни личности… Густите борови ги чуваат луксузните вили од љубопитните очи, но, една од ретките која може да се посети, а, воедно и една од најпознатите поради извонредната архитектура, е La Villa Ephrussi de Rothschild. Трансфер до Аеродромот во Ница. Полетување за Белград во 20:50, слетување во 22:45 часот и трансфер до Скопје.
Вo цената е вклученo:
Во цената НЕ е вклучено:
НАПОМЕНИ:
A