Турција - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Турција

8ми Март вo ТУРЦИЈА

Кушадаси - Памук Кале - Ефес – Измир (07.03.2019 – 12.03.2019)

Бонус на патувањето: Посета на гробот на еден од дванаесетте апостоли, Свети Јован Богослов во Селџук! 

Обвиен во мирисен облак од фстаци и цимет, Кушадаси е градот распослан на брегот на Егејското Море…Неговото име значи „островот на птиците“, а негов симбол е Островот на галебите од каде се отвара неверојатна панорама на целиот град…Предизвик е да прошетате низ неговите тесни улички, да пазарувате од љубезните трговци, да го почувствувате мирисот на турското кафе и вкусот на слатките специјалитети… Доживување е да зачекорите боси во базените со топла вода во Памук Кале, да го посетите најславниот град на Анадолија-Ефес…Благослов е да влезете во куќата на Мајката Божја-Богородица…

Прв ден: 07.03.2019 (четврток)

Поаѓање на групата од Скопје во 15.00 часот.

Ноќно возење преку Република Грција со попатни застанувања и одмори. Во утринските часови пристигнување во Галиполе и преминување на Дарданелите со фериброд. Пристигнување во Азискиот дел на Турција, во Чанак Кале.

Втор ден: 08.03.2019 (петок)

Краток одмор од патувањето и панорамско разгледување на Чанак Кале со задолжителна фото пауза пред макетата на коњот користен во текот на снимањето на филмот Троја. Продолжување на патувањето покрај планината Ида и Бергамо кон Кушадаси. Во попладневните часови пристигнување во Кушадаси. Сместување во хотел  4****во Кушадаси. Вечера. Ноќевање.

Трет ден: 09.03.2019 (сабота)

Појадок. Заминување на групата кон Памук Кале со попатна посета на хотелскиот комплекс со термални извори „Пам“. Единствена можност за мачкање со лековита кал и користење  на базените со термална бања. Ручек на богата шведска маса (факултативно). По ова несекојдневно доживување, посета на единствениот природен феномен во светот Памук Кале, изворот на Клеопатра и древниот град Хиераполис. Враќање во Кушадаси. Вечера. Ноќевање. 

Четврти ден: 10.03.2019 (недела)

Појадок. Заминување на групата кон Ефес. Пристигнување во најсветото место во Ефес – куќата на Дева Марија каде што Богородица живеела последните седум години од својот земски живот. По разгледувањето и престојот на најубавото и најсветото место, продолжуваме кон античкиот град Ефес-трет по големина во Римската Империја, еден од најголемите музеи на отворено во Турција. Разгледување на градот со локален туристички водич. Попатна посета на остатоците од Храмот на Артемида-едно од седумте светски чуда, а потоа враќање кон Кушадаси. Вечера во ресторанот на хотелот. Ноќевање.

Петти: 11.03.2019 (понеделник)

Појадок. По појадокот заминување на групата кон Измир-древната Смирна, родното место на слепиот поет Хомер. Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки на плоштадот Конак. Околу пладне заминување кон Македонија преку протокот Дарданели и Република Грција со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Македонија во утринските  часови во вторник на 12.03.2019 година.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА 169 ЕВРА (10.480 ДЕНАРИ)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 179 евра (11.010 денари)

Напомена: Промотивната цена важи за резервација со 30 % аконтација до 31. јануари и целосна доплата до 25. февруари

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус
  • Три полупансиони (ноќевање, појадок и вечера- шведска маса) во хотел  4**** во Кушадаси
  • Посета на Измир
  • Билет за фериброд
  • Организација на аранжманот и  придружник на патувањето

 Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Факултативни излети до Памук Кале и до Ефес (автобуски превоз, влезница во Памук Кале, користење на калните бањи и базените со термална вода во хотел  „Пам“  и ручек на шведска маса,  влезница во  Ефес, влезница во Куќата на Богородица (со вклучен туристички водич) – 60 евра
  • Патничко осигурување

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници