14.01.2025 (Вторник) Битола – Прилеп – Велес – Скопје – Куманово – Србија – Загреб – Вараждин
Поаѓање во 19:00 часот од Битола (Автобуска станица Транскоп) за Вараждин, Хрватска.
Попатно Прилеп, Дреново, Велес, Скопје, Куманово, граничен премин Табановце, Р.Србија.
Ноќно возење со попатни одмори, царински формалности. Продолжување кон Вараждин.
15.01.2025 (Среда) Вараждин – Загреб – ден за навивање
Пристигнување во Вараждин предпладне. Слободно време. Превземање на собите околу 14:00 часот (се однесува на патниците сместени во Вараждин, патниците сместени во Загреб ќе се сместат по завршување на натпреварите) Време за одмор и слободни активности. Пред натпреварот можност за организиран престој во фан зоната. Заминување за следење на ракометните натпревари во Спортската сала во Вараждин (Arena Varazhdin).
18:00ч – Холандија – Гвинеја
20:30ч – Македонија –Унгарија
По натпреварите поаѓање кон Загреб и сместување. Ноќевање.
16.01.2025 (Четврток) Разглед на Загреб – Посета на Љубљана и шопинг
Слободно време за индивидуални прошетки или факултативен разглед на Загреб, со локален водич 10€ по лице (16.01.2025 во 9:30 часот) – пешачка тура Марков Трг каде е седиштето на Владата на Хрватска, кулата Лотршчак (13 век) каде е стартот на најкратката жичара и каде секој ден во 12:00 се пука од топ, се продолжува према Железната врата еден од влезовите во стариот град (13 век), пазарот на отворено Долац, главната Катедрала (100 метри висока) турата завршува кај малата фонтана некогашен извор на лековита вода (околу 90 минути). Околу 11:30 завршуваме со разгледот на Загреб, слободно време или можност за факултативна посета на Љубљана и разглед на центарот.
Симболот на градот – Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер. Слободно време.
Во договорено време поаѓање кон трговскиот центар (BTC City Ljubljana), слободно време за шопинг. Во договорено време поаѓање кон Загреб/Вараждин. Ноќевање.
17.01.2025 (Петок) Загреб – Вараждин – ден за навивање
Во договорено време организрано поаѓање кон Вараждин и упатување кон фан зоната. Слободно време за индивидуални активности и следење на натпреварите
18:00ч – Холандија – Македонија
20:30ч – Гвинеја – Унгарија
По завршувањето на натпреварите поаѓање кон Загреб со организиран превоз. Ноќевање.
18.01.2025 (Сабота) Загреб/Вараждин – Крапинске Топлице
Ден за излети или индивидуално слободни активности или факултативно целодневен престој на Крапинске Топлице (СПА, Аква парк, топли базени, сауни).
Ноќевање.
19.01.2025 (Недела) Загреб – Вараждин – Македонија
Одјавување од сместувачките капацитети. Во договорено време поаѓање со организиран превоз кон Вараждин, се упатуваме кон фан-зоната. Време за индивидуални активности.
Во договорено време се упатуваме кон (Varazhdin Arena) и следење на натпреварите:
18:00ч – Македонија – Гвинеја
20:30ч – Унгарија – Холандија
По завршување на натпреварите поаѓање кон Македонија. Ноќно и дневно возење, преку Р.Србија со попатни одмори, царински формалности. Продолжување кон Македонија.
20.01.2025 (Понеделник) Македонија
Планирано пристигнување во утринските часови. Крај на програмата.
Хостел Chill Out и TimeOut Heritage (се наоѓаат во иста зграда во центарот на Загреб)
– chillout hostel zagreb, timeout heritage hotel zagreb.
Соба за 2 лица без појадок – 459 Є
Соба за 3 лица без појадок – 429 Є
Соба за 4 лица без појадок – 399 Є
(цената е по лице за сместување во двокреветна / трикреветна / четирикреветна соба)
Напомена : Сите соби имаат сопствен тоалет.
Можност за доплата за доручек 8 Є по лице на ден.
За дете до 12 години попуст од 20 € од цената за возрасен.
Услови на плаќање:
Во денари, во готово во агенцијата, со фактура или со платежна картичка
Хостел ChillOut
Најдобра локација, се наоѓа точно во центарот веднаш до сите знаменитости, продавници, денски-ноќен живот, ресторани и историски градби. Се лесно достапено пешки. Соби со сопствено купатило со туш, бар со дневни теми и диџеи во живо. Ресторан со традиционална храна, 24-часовна рецепција.
Проверете зошто Чилаут хостел Загреб се смета за еден од најпознатите хостели во Европа, при што повеќето туристи кои го посетуваат Загреб престојуваат во овај хостел.
Бесплатен интернет во сите соби и заеднички простории.
Бесплатни компјутери за користење во секое време.
Користење на гостинската кујна за подготовка на сопствени оброци.
Постелнина во сите соби.
Шкафчиња и капацитети за складирање.
Електронски клуч картички.
Мапи и брошури.
Пролетна и летна тераса на отворено. огромен парк веднаш до зградата.
Во цената Е вклучено:
Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
Важни напомени: