Виена и Братислава - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Виена и Братислава

ВИЕНА – БРАТИСЛАВА

Автобус / 5 дена / 2 ноќевања

ВИЕНА – актуелна престолнина на Австрија и некогаш главен град на моќната Австроунгарска Империја. Денес модерна туристичка метропола на бреговите на убавиот плав Дунав. Градот шармира со убавите Палати на Царскиот Hoffburg и Шенбрунските паркови,како и со богатите уметнички колекции… шопинг и гурманско уживање во многубројните ресторани. Градот во кој живееле и твореле Гете, Фројд, Бетовен, Ајнштајн, Моцарт…Во Виена е се посебно, од убавината на неговата панорама до вкусот на колачите.                                                                                                                                                                                                                                                          

13.04 (ЧЕТВРТОК) СКОПЈЕ – ВИЕНА

Состанок на групата на паркингот спроти Хотел Holiday Inn во 14:00 часот. Тргнување за Виена во 14:30 часот. Се патува преку Србија и Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

14.04 (ПЕТОК) Шопинг центар Parndorf – ВИЕНА

Планирано пристигнување во претпладневните часови со посета на аутлет шопинг центар Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг. Патувањето продолжува кон Виена и следи панорамски разглед на градот со локален водич: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан, Бург театар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере, Операта, Гратското Собрание Ратхаус, Парламентот, Универзитетот… Слободно време за индивидуални активности и шопинг во центарот на Виена и познатата шопинг улица Марија Хилфер Штрасе. Сместување во хотел. Ноќевање.

 

15.04 (САБОТА) ВИЕНА – БРАТИСЛАВА – ВИЕНА

Појадок. Факултативен разглед на Братислава. Посета на прекрасниот Братиславски дворец, лоциран на ридот од каде има прекрасен поглед на градот, едно од ретките места со можност да се видат три држави: Австрија, Унгарија и Словачка. Разгледот продолжува кон старото градско јадро: средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Михалската порта, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy каде Моцарт ги изведувал своите дела, палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт… Слободно време за кафе пауза и ручек. Се враќаме во Виена. Слободно време за индивидулани активности. Ноќевање.

 

16.04 (НЕДЕЛА) ВИЕНА – СКОПЈЕ

Појадок. Факултативна посета со локален водич на  дворецот „Шенбрун“ познат како летната резиденција на  Хабзбуршката монархија , изграден 1.700 г. Дворецот со околните волшебни градини говорат за  животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Фрањо Јосиф… Mожност за факултативна посета на Дунавската Кула од каде се пружа прекрасен поглед на градот. Во попладневните часови поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалност. Пристигање во Скопје следниот ден во утринските часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 25.02.2023: 189 €/ 11.720 денари
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 209 €/12.960 денари

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во Хотел  3***  во Виена на база 2 ноќевања со појадок
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Задолжителен разглед на Виена – 15€
  • Разглед на Братислава – 30€
  • Посета на Шенбрун со вклучена влезница – 50€
  • Дунавска Кула (превоз + влезница) – 25€
  • ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ: разглед на Виена, разглед на Братислава, Дунавска Кула – 65€
  • ПАКЕТ СО СИТЕ ФАКУЛТАТИВИ – 105€
  • Влезници во музеите и културно – историските споменици
  • Туристичка такса – 250 ден по лице
  • Со доплата за еднокреветна соба 3600 ден
  • Патничкоздравствено осигурување – задолжително
  • Доплата за избор на седиште во автобус – 10 евра

НАПОМЕНИ:  

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
  • За реализација на факултативните излети потребен е минмум од 25 особи
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите по денови од за него оправдани и објективни причини