Прага - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Прага

ПРАГА

 

 

23.05 (ВТОРНИК) СКОПЈЕ – ПРАГА

Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски во 11:30ч. Поаѓање на автобусот во 12:00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија. Ноќно возење со попатни паузи.

 

24.05 (СРЕДА) ПРАГА

Очекувано пристигнување во Прага во пладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градот со локален водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.

 

25.05 (ЧЕТВРТОК) ПРАГА – ДРЕЗДЕН

Појадок.Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан  уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија.  Стариот дел од градот е слика на  богатото и славно минато  : Палатата Звингер ,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики,прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска  Богородична црква –Frauenkirche,  Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор,  Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден . Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага. Ноќевање.   

 

26.05 (ПЕТОК) ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ

Појадок. Препорачуваме полудневен  излет до бањскиот центар Карлови Вари. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од  порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка .  Враќање во Прага во доцните попладневни часови . Предлагаме  крстарење со брод по реката В’лтава.  Слободно време Можност за посета на пивница во средновековен амбиент со спектакуларна програма и вечера. Ноќевање.

 

27.05 (САБОТА) ПРАГА –  ВИЕНА

Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER  FREEPORT. По пристигнувањето  во Виена, прошетка низ стариот дел на градот:  Стефан Плац, катедралата Св. Стефан …  Слободно време за индивидуални прошетки. Поаѓање за Скопје во вечерните часови.  Ноќно возење.

 

28.05 (НЕДЕЛА) СКОПЈЕ

Очекувано пристигнување во Скопје во пладневните часови ( во зависност од граничните премини)

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ 25.03.2023:  229€ / 14.200 денари
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  199
€ /12.340 денари

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 3 ноќевања со појадок  во хотел 3* НП во Прага
  • Организација и водство на програмата
  • Посета и разглед на Виена
  • Попатна посета  на  OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT.
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

  • Разглед на Прага со локален водич – 15€
  • Факултативен излет Карлови Вари – 35€
  • Крстарење со брод по Влтава – 20€
  • Посета на Дрезден – 40€
  • Вечера во традиционална пивница со шоу програма – 50€
  • Туристичка такса 3€ по лице на ден  (се плаќа во агенција)
  • Влезници за музеи и локалитети
  • Доплата за еднокреветна соба  5.500 ден
  • Доплата за избор на седиште во автобус – 10€
  • Задолжително патничко осигурување

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на ТА Импала Травел
  • Агенцијата го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата
  • Организаторт го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата 
  • Организаторот го задржува правото на промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  •  Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето