Виена - Christmas market - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Виена – Christmas market

ВИЕНА – CHRISTMAS MARKET

Автобус / 5 дена / 2 ноќевања

ВИЕНА – актуелна престолнина на Австрија и некогаш главен град на моќната Австроунгарска Империја.
Денес модерна туристичка метропола на бреговите на убавиот плав Дунав. Градот шармира со убавите Палати на Царскиот Hoffburg и Шенбрунските паркови,како и со богатите уметнички колекции… шопинг и гурманско уживање во многубројните ресторани. Градот во кој живееле и твореле Гете, Фројд, Бетовен, Ајнштајн,Моцарт…Во Виена е се посебно, од убавината на неговата панорама до вкусот на колачите.      

Виена во ова време од годината се претвора во буквално магичен град, осветлен со преку два милиони сијалички. Божиќните маркети во престолнината на Австрија датираат од 13. век.Најголемиот базар е пред Градското собрание. Фантастичните украси, вкусна храна и пијалоци, овој период од годината привлекуваат повеќе три милиони посетители.                                                                                         

1 ден. 07.12. Среда                          СКОПЈЕ – ВИЕНА

Состанок на групата на паркингот спроти Хотел Holiday Inn во 14:00 часот. Тргнување за Виена во 14:30 часот. Се патува преку Србија и Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден. 08.12. Четврток                        Шопинг центар Parndorf –  ВИЕНА

Пристигнување во предпладневните часови посета на аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Во попладневните часови заминување и сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови организирана прошетка низ центарот на Виена со пратител. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање

3 ден. 09.12. Петок                           ВИЕНА

Појадок. По појадокот следи панорамски разглед на градот со локален водич: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан, Бург театар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере, Операта, Гратското Собрание Ратхаус, Парламентот, Универзитетот… Слободно време за индивидуални активности и шопинг во центарот на Виена и познатата шопинг улица Марија Хилфер штрасе. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 10.12. Сабота                              ВИЕНА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотел. Факултативна посета со локален водич на  дворецот „Шенбрун“ познат како летната резиденција на  Хабзбуршката монархија , изграден 1.700 г. Дворецот со околните волшебни градини говорат за  животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Фрањо  Јосиф…

Слободно време за индивидулани активности. Во попладневните часови заминување за Скопје.

5 ден. 11.12. Недела                        СКОПЈЕ

Пристигање во Скопје во предпладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

169 €/ 10.480 ден.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во хотел Heinhotel Vienna Airport 4* https://www.heinhotel.at/en/ во Виена на база 2 ноќевања со појадок
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Организиран разглед на Виена 15€
  • Посета на Шенбрун со вклучена влезница 45€
  • Влезници во музеите и културно – историските споменици
  • Со доплата за еднокреветна соба 2480 ден.
  • Патничко-здравствено осигурување – задолжително
  • Доплата за избор на седиште во автобус – 10 евра

НАПОМЕНИ:  

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
  • За реализација на факултативните излети потребен е минмум од 25 особи.
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите по денови од за него оправдани и објективни причини