Рим - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Рим

РИМ

 

Авион / 4 дена / 3 ноќевања            

Рим, не бил изграден во еден ден – и ќе ви треба повеќе од еден ден да го доживеете овој безвременски град . Вистински колаж на плоштади, пазари на отворено и неверојатни историски локалитети. Скоро 3.000 години глобално влијателна уметност, архитектура и култура… Античките рушевини, Форумот и Колосеумот, ја прикажуваат моќта на поранешната Римска империја… Ватикан, седиштето на Римокатоличката црква, со базиликата на Свети Петар и музеите на Ватикан, во кои се сместени ремек-делата на Микеланџело… Фонтана Ди Треви и фрлена паричка за среќа… Шпанските скали…                                                                                                                                                                

04 Декември   СКОПЈЕ – РИМ                                             

Состанок на групата на аеродром Александар Велики во 11:40 часот. Лет за Рим  во 13:55 часот. Слетување во Рим во 15.40 часот. Автобус за трасфер не пречекува на аеродромот Чампио… Пристигнување во центарот на Рим, каде не чека локален водич и започнува панорамско разгледување на градот (околу 2 часа): Плоштадот Дел Пополо, Виа Дел Корсо, Плоштадот Венеција со споменикот на Виктор Емануеле, мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, Црквата Св. Петар… Трансфер до хотел и сместување. Вечерта слободно време да украдете дел од културата на италијанците…пица, паста, вино, кафе, сладолед… Ноќевање.

05 Декември      РИМ – ВАТИКАН

Појадок. Факултативно – организирана посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи…, Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело…. Пауза за ручек и кафе. Попладне, факултативно разглед на Барокен Рим, (траење околу 2 часа)  –  уживање во убавините на градот: Шпанските скали, познати како “дневна соба на градот”, Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон, плоштадот Навона, Нептиновата фонтана, фонтаната на Четирите реки, фонтаната на Маврот … Слободно време. Ноќевање.

06 Декември                       РИМ – КОЛОСЕУМ

Појадок. Факултативно – Анчки Рим – со влез во  Римскиот форум и Колосеум, со локален водич (траење оклу 4 часа)  –  Римските форуми, Царскиот форум, Константинова Арка, Циркус Максимус, плоштадот Венеција, олтарот на Татковината, плоштадот Кампидољо…. Слободно попладне. Враќање во хотел индивидуално. Ноќевање.

07 Декември       РИМ – СКОПЈЕ 

Појадок. Слободно време за прошетки и шопинг. Организиран трансфер (околу 12.00 часот) до аеродромот Фиумичино. Полетување за Скопје во 16:05 часот. Пристигнување во Скопје во 17:50 часот.

 

Цена за уплата до 15.11.2022:
329€ / 20.400 мкд

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ :

379€ / 23.500 мкд

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз: Скопје – Рим – Скопје со Визер
  • Кабинска тоба со димензии 40х30х20 до 8кг
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Сместување во хотел 3*/ 4* на база ноќевања со појадок
  • Организиран панорамски разглед на Рим
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси 4.960мкд
  • Туристичка такса 750 мкд (се плаќа во агенција)
  • Доплата за кабински багаж од 10кг  (55 x 40 x 23cm) или чекиран багаж – куфер до 10kg 1.850 мкд

20kg – 3.150*(цената може да се промени како наближува летот)

  • Карти за локален превоз (метро)
  • Патничко – здравствено осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба 5.000 мкд

Факултативни излети:

Посета на Ватикан со локален водич и влезница– задолжително пријавување и уплата во агенција 60 евра

Посета на Колосеум со локален водич и влезница– задолжително пријавување и уплата во агенција 50 евра

Организирани пешачка прошетка низ центарот на Рим 20 евра

Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници. За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи.
  • За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.  
  • За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ и Импала Травел.
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Начини на плаќање:

  • Цената на аранжманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд.  При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аранжманот се доплатува на 10 дена пред поаѓање. 

Општи напомени за патување:

  • Т.А.Импала Травел  го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.  
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.