Прага - Декември - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Прага – Декември

ПРАГА   

 

1 ден 07.12 Среда                  СКОПЈЕ – ПРАГА                                    

Состанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 10.30 часот. Тргнување за Прага во 11.00 часот. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 08.12 Четврток             ПРАГА

Пристигнување во Прага во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со стручен локален водич: Старо место: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Староградскиот плоштад со познатиот астрономски часовник – Орлој, градската куќа, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашката кула, Универзитетот на Карло IV, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Вацлавскиот плоштад… Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.

3 ден 09.12 Петок                  ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ

Појадок. Факултативен излет до Карлови Вари, најпознатиот бањски центар во Чешка, популарно одморалиште  на европската аристократија и културна елита од 19-ти Век. Можност за посета на еден од 12 те извори, прошетка покрај нео-ренесансните колонади, паркови, кафеани. Надалеку познати се локалните производи од порцелан, стаклото “мосер”, како и ликерот “беќеровка”. Враќање во Прага во попладневните часови. Вечерта, факултативно крстарење со брод по реката В‘лтава. Ноќевање.

4 ден 10.12 Сабота                 ПРАГА – ВИЕНА – СКОПЈЕ

Појадок. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF. Слободно време за шопинг. Панорамски разглед на градот: улицата Рингштрасе, Oперата, Парламентот, Музејот на современа уметност, Градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, црквата Вотив, зимскиот дворец Хофбург. Слободно попладне до тргнување за Скопје во попладневните часови. Ноќно возење преку Србија со куси попатни паузи. Пристигнување во Скопје следниот ден во претпладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

159 евра / 9.860 денари

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок  во хотел Amedia Express Prague 3* https://amediahotels.com/de/tschechien/prag/
  • Организација и водство на програмата
  • Посета и разглед на Виена
  • Попатна посета  на  OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

  • Разглед на Прага со локален водич 15
  • Факултативен излет Карлови Вари 35
  • Крстарење со брод по Влтава 20
  • Туристичка такса 250 мкд (се плаќа во агенција)
  • Влезници за музеи и локалитети
  • Доплата за еднокреветна соба  1.650 ден
  • Доплата за избор на седиште во автобус – 10 евра
  • Задолжително патничко осигурување 

 

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници. За овој аранжман важат Општите услови за патување:  Т.А.Импала Травел  го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата
  • Организаторот го задржува правото на промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето