Милано - Јануари - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Милано – Јануари

МИЛАНО

 

Авион / 4 дена / 3 ноќевања            

 

Историски и модерен, космополитски центар, Милано е најдобриот избор за доживување на вистинската италијанска култура и ноќен живот. Посебно ги привлекува љубителите на модата од целиот свет, а посетата е задолжителна за сите во време на модната недела. Милано е динамичен град, започнете со аперитиво, лесен оброк и чаша вино, прошетка по Спига, низ Галерија Виторио Емаунуеле и заокружете го доживувањето со вкусен италијански специјалитет…во кујната на италијаните ништо не може да биде погрешен избор.

                                                                                                                                                            

                                            29 Јануари   СКОПЈЕ – МИЛАНО                                             

Состанок  на групата на аеродромот во Скопје во 17.00 часот. Авионот за Милано полетува во 19.00, слетува во 21.10 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотел. Сместување. Ноќевање.

 

30 Јануари:   МИЛАНО

Појадок. Разглед на убавините на градот: Замокот Сфорцеско, пешачката улица Данте, Плоштадот Дуомо и Катедралата Дуомо, Миланската Скала, градската куќа на Милано. Прошетка по најмонденската улица Спига со бутици од сите познати брендови. Високата мода е лоцирана во најпознатата модна икона Galleria Vittorio Emanuele, импресивна градба, фасада со царски лик, а внатрешноста плени со луксуз, во средината на Галеријата е поставен плоштад – октагон чиј под е украсен со прекрасни мозаици, симболите на главните градови на обединета Италија – Рим, Фиренца, Милано и Торино. Над октагонот е поставена стаклена купола висока 47 метри и околу неа се насликани мотиви кои ги претставуваат континентите: Европа, Африка, Азија и Америка. Слободно време за кафе и секако препорачуваме посета на ресторан со вкусни италијански специјалитети… Ноќевање.

 

31 Јануари:   МИЛАНО – ЛУГАНО – КОМО

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Лугано, гратче во Швајцарија, на брегот на езерото Лугано под Алпите. “Швајцарско Монте Карло” назив кој го добил по развиеното банкарство и богата понудата за забава. Прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија Parco Civico… Прошетката продолжува во посета на  живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, каде светскиот џет сет има свои вили,а филмските режисери ги направиле своите најдобри филмски остварувања, како што е Џејмс Бонд – Казино Ројал. Враќање во Милано…. Ноќевање.

 

01 Февруари:   МИЛАНО – СКОПЈЕ 

Појадок. Слободно време за уживање во Милано, модната престолнина што стои рамо до рамо со Њујорк, Лондон и Париз. Посветете “малку” време и на шопинг во центарот на модата, бидете дел од модната култура. Можност за посета на стадионот “Сан Сиро”. Трансфер до аеродромот Малпенса. Авионот полетува во 21.10, а пристигнувањето во Скопје е во 23.10 часот.

 

За уплата до 03.12.2022: 
399€ / 24.740 мкд

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ :

459€ / 28.460 мкд

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Скопје-Милано-Скопје
  • Аеродромски такси
  • Рачен багаж (1 торба/куфер до 10кг со димензии 40х30х20см)
  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Милано
  • Сместување во IBIS MILANO CA’ GRANDA во Милано на база 3 ноќевања со појадок  за двокеветните соби
  • Сместување во NOVOTEL MILANO CA’ GRANDA во Милано на база 3 ноќевања со појадок  за трокреветните соби
  • Организиран разглед и прошетки во Милано според програмата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг – 2.300 мкд/ чекиран багаж – куфер до 20кг – 2.800 мкд *(цената е променлива, инфо во агенција при резервација)
  • Посета на Лугано и Комо 80 евра
  • Туристичка такса 930 мкд (се плаќа во агенција )
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • Патничко – здравствено осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба 6.500 мкд

 

 

Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.
  • За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи.
  • За овој програм важат Опшите Услови на патување на  Импала Травел.
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.

Начини на плаќање:

  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд.  При резервација на аранжманот се уплаќа 30% од износот на аранжманот како авансна уплата (важи и за цената во предпроидажба). Остатокот од аражманот се доплаќа на 7 дена пред поаѓање

Општи напомени за патување:

  • Т.А.Импала Травел  го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.  
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.