Истанбул - 8 Декември - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Истанбул – 8 Декември

ИСТАНБУЛ

 

Автобус / 2 ноќевања            

Патувајте во Истанбул и во Декември. Истанбул е дестинација која е надалеку од Македонија, а која вреди да се доживее. Истанбул е град на два континента, преку 20 милиони жители, историја, храна и многу приказни.                                                                                                                                                               

 

08.12 (прв ден) СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ

Турата стартува од паркингот на ВИП Хотел околу 16:00 часот од Скопје. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните три дена. 

 

09.12 (втор ден) КАПАЛИ ЧАРШИЈА – БАЛАТ – ГАЛАТА ПОРТ 

Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Check in во хотелот е после 14:00 часот. По самото пристигнување, слободно време за прошетка до Капали Чаршија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи Капали Чаршија се наоѓа на 20 минути пеш од хотелот. Можност за факултативна посета на Балат кој важи за една од Христијански те населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од Македонски мајстори. Се посетува Железната црква, каде може да се посети гробот на Партеније Зоографски. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички. И Галата Порт која претставува најново пристаниште со ексклузивен Европски изглед кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи на дневно ниво. Ноќевање.

 

10.12 (трет ден) КРСТАЊЕ НА БОСФОР – БЕРЛЕЈБЕЈ – УСКУДАР – ТАКСИМ

По појадокот во хотелот групата се упатува на целодневна екскурзија и се посетува следното: Крстарење по Босфор – 90 минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето. Берлејбеј – оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската облас. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турската култура од блиску прку многубројните соби и хали. Ускудар (Азиски дел) – тука ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето, чајот и познатата алва во боја. Исто така од овде ќе имате прилика да ја видите Моминската Кула на само 30 метри од вас. Таксим Плоштадот – турата завршува со посета на плоштадот “Tаксим”. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истакал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки. Ноќевање.

 

11.12 (четврти ден) ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

По појадокот во хотелот следува одјавување и посета на продавницата за слатки работи”KOСКА“тука можете да си земете нешто и за дома локуми, баклави, чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми и многубројни други традиционални слатки. Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул. Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг. По шопингот, поаѓање кон Македонија. Предвидено е пристигнување после полноќ во Скопје.

 
Цена на аранжманот по лице: 99€ 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Две ноќевања во хотел со 3* со појадок
  • Автобуски превоз,  Лиценциран придружник
  • Лиценциран туристички водич
  • Посета на Капали Чаршија
  • Туристичка такса
  • Посета на турската продавница “КОСКА”
  • Шопинг во 212 Центарот

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Патничко осигурување
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошкови

 

Факултативни излети:

Пакет 1 (посета на Балат и Гала Порт) – 20

Пакет 2 (Крстарење по Босфор, Бејлербеи, Ускудар и Таксим Плоштад) – 65

Вип Пакет (ги вклучува сите факултативи) – 80

 

Напомена:

  • Задолжителна проверка на пасошот (не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р.Турција.)
  • За сингл соба се доплаќа – 25 евра дополнително од аранжманот.
  • Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
  • Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
  • Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
  • Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Патувањето ќе се реализира преку Република Бугарија (дозволен транзит) до Турција

Начини на плаќање:

  • Цената на аранжманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд.  При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аранжманот се доплатува на 10 дена пред поаѓање. 

Општи напомени за патување:

  • Т.А.Импала Травел  го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.  
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.