Истанбул - 8 Декември (авион) - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Истанбул – 8 Декември (авион)

ИСТАНБУЛ

 

Авион / 4 ноќевања / 5 дена           

Пстанбул е секогаш прекрасен!
Величествениот град кој се протега на два континенти и преставува спој на различни традиции и култури, спој на старото и модерното. Мирисот на Босфорот, прекрасните зајдисонца, долгите прошетки по прекрасните улици се приказна за себе. Убавата Капали Чаршија, мирисот на разноразни зачини и благи навистина ве оставаат без воздишки. Градот кој што ги исполнува сите желби на светот и Ви ги отвора портите кон непроценлива убавина, историја, шопинг и флерт на два континенти, градот на спротивности и на извонредни традиционални вредности.

 

Прв ден | 07.12.2022 | Скопје – Истанбул

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 14:30. Полетување за Истанбул со Pegasus Airlines во 16:40. Слетување во Истанбул во 20:05, по што следува организиран превоз до хотел. Сместување во хотел Selenay 3*. Ноќевање.

 

Втор, трет и четврт ден | 08 – 10.12.2022 | Истанбул

Појадок. Слободни денови за индивидуални разгледи, прошетки и доколку сакате имате можност да користите и факултативи по ваш избор (со доплата). Ноќевање.
Предлог факултативни излети со доплата:
1. Обиколка на стариот град (целодневна) прошетка: Хиподромот, Џамијата Аја Софија, Сината џамија, Палатата Топкапи, големата чаршија
2. Палатата Долмабахче, Ортакој, улица Истиклал, Кулата Галата (разглед од надвор)
3. Крстарење со брод на Босфор 

 

Петти ден | 11.12.2022 | Истанбул – Скопје

Појадок. Одјавување од хотел. Организиран превоз до аеродром. Поќетување во 16:05 со Pegasus Airlines од Истанбул до Скопје. Пристигнување на аеродромот во Скопје во 15:35.

 
ПРОМОТИВНА ЦЕНА ОД 345€ ПО ЛИЦЕ

 

 

Цените се дадени во тотал и ги вклучуваат следниве услуги:

  • Авионски превоз со Pegasus Airlines (20 кг по лице вклучен багаж + 7 кг рачен багаж)
    Поаѓање ( SKP – IST ) со летот PC 352
    Враќање ( IST – SKP ) со летот PC 351
    * При правење на резервација како и 12 часа пред полетување, ве молиме да ги проверите деталите и времињата за летовите, поради можни промени на истити.
  • Аеродромски такси
  • 4 ноќевања со појадок во hotel Selenay 3* http://www.selenayhotel.com/
  • Услуга: ноќевање со појадок
  • Организирани трансфери во Турција на релација аеродром (Sabiha Gokcen) – хотел – аеродром (Sabiha Gokcen)

Во цената не се вклучени следниве услуги:

  • Патничко и здравствено осигурување (задолжително)
  • Дополнителни трошоци во хотелот
  • Дополнителни трошоци за факултативи

 

 

Напомена:

  • НАВЕДЕНИТЕ ЦЕНИ НА АРАНЖМАНИТЕ СЕ ДОСТАПНИ НА БАРАЊЕ, ИСТИТЕ СЕ ПОДЛОЖНИ НА ПРОМЕНИ ОДНОСНО НЕ ГИ ГАРАНТИРАМЕ ПОРАДИ БРОЈОТ НА СЛОБОДНИ СЕДИШТА ВО АВИОНОТ И МОЖНАТА ПРОМЕНА НА ЦЕНАТА НА ИСТИТЕ!
  • Други типови на соби се достапни на барање
  • Сместување на трето лице во двокреветна соба е на дополнително легло во стандардна двокреветна соба
  • За ова патување потребен е македонски биометриски пасош со важност  180 дена од денот на патувањето. Секој клиент сноси лична одговорност за ВАЛИДНОСТ И ИСПРАВНОСTА  на патните документи, односно агенцијата / организаторот на аранжманот не сноси одговорност.
  • Ве информираме дека  здравствено и патничко осигурување е задолжително, за да се елиминираат сите потенцијални  проблеми  кои би  можело да се појават.
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Импала Травел и СКТМ

Начини на плаќање:

  • Цената на аранжманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. 
  • За резервација е задолжителна уплата од 100 % на вкупната сума, а доколку резервацијата се откаже се наплаќаат пенали од 100 %.