Будимпешта - Christmas market - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Будимпешта – Christmas market

БУДИМПЕШТА

Автобус / 4 дена / 2 ноќевања

                                                                                                                                                               

07.12     СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА

Состанок на групата пред хотелот “Holiday Inn” во 17.30 часот. Поаѓање за Будимпешта во 18.00 часот. Се патува преку Србија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

08.12      БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Панорамско разгледување на градот: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, Црквата „Св. Стефан“, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата „Св. Матејас“, Рибарската тврдина… Сместување во хотел. Вечерта, факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови. Ноќевање.

09.12       БИДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА

Појадок. Moжност за факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое  се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, и кое е богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Слободно време за индивидуални активности. Вечерта, факултативно вечера во национален ресторан – традиционална унгарска Чарда, со фолклорна и музичка програма и специјалитети од унгарската кујна. Ноќевање.

10.12    БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ

Појадок. Индивидуално слободно време за прошетка низ центарот на градот или по познатата улица Вациили посета на зоолошка градина. Тргнување за Скопје во пладневните часови. Се патува преку Србија, со куси попатни паузи. Ноќно возење. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни  часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

BLACK FRIDAY WEEK 23.11-30.11.2022- 119 евра / 7380 денари

139 евра   /   8.620 денари

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во Хотел Vitta 3* http://vittahotelbudapest.com/en/  во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Разглед на Будимпешта со локален водич,  задолжително – 15 евра
  • Вечера во ресторан Чарда 40 евра
  • Крстарење со брод по Дунав 20 евра
  • Посета на Сент Андреа 20 евра
  • Влезници за музеите и културно – историските споменици
  • Патничко – здравствено осигурување 200 денари
  • Доплата за 1/1 соба 3.100 денари

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А.Импала Травел и СКТМ
  • Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62,00 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од мин.30%, целосна уплата се врши најдоцна 7 дена пред поаѓање. Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најкасно 5 (пет) дена пред поаѓање!
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето