Рим - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Рим

Р И М 

Авионски / 5 дена / 4 ноќевања

                                                                                                                                                               

28 Декември                       СКОПЈЕ – РИМ  

Состанок на групата на аеродром Александар Велики во 17:15 часот. Лет за Рим  во 19:15 часот. Слетување во Рим во 21.00 часот. Автобус за трасфер не пречекува на аеродромот Фиумичино. Трансфер до хотел и сместување. Ноќевање.

 

29 Декември                       РИМ – ВАТИКАН

Појадок. Разглед на град со локален водич (околу 2 часа)Виа Дел Корсо, Плоштадот Дел Пополо, вила Медичи, Пантеон, плоштадот Навона, Нептиновата фонтана, фонтаната на Четирите реки, мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, остров на Тибар, каде во минатото се појавила и првата Римска Населба. Пауза за ручек и кафе. Факултативно – организирана посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи…, Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело…. црквата Св. Петар. Враќање во хотел индивидуално. Ноќевање.

 

30 Декември                       РИМ

Појадок. Факултативно, разглед на  Рим, Анчки Рим (оклу 3 часа)  -Колосеумот,  Римските форуми, Царскиот форум, Константинова Арка, Циркус Максимус, плоштадот Венеција со споменикот на Виктор Емануеле, Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Шпанските скали или познати како “дневна соба на градот. Попладнето препорачуваме прошетка низ познатиот боемски кварт Трастевере, можност за посета на Црквата Св.Марија ин Трастевере, Слободно време за вечера во некој од многубројните традиционални италијански ресторани. Враќање во хотел индивидуално. Ноќевање. 

 

31 Декември                       ТИВОЛИ – РИМ

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д’Есте – е најубавиот пример и симбол на италијанската ренесанса, заштитена од  УНЕСКО како Светско културно наследство. Вилата е позната по прекрасните фонтани кои се вистински уметнички дела. Враќање во хотел или во центарот на Рим. Слободно попладне. Вечерта посета на еден од полоштадите за дочек на Нова 2023 година. Враќање во хотел индивидуално. Ноќевање.

 

01 Јануари                            РИМ – СКОПЈЕ 

Појадок. Слободно време за прошетки. Организиран трансфер (околу 12.00 часот) до аеродромот Фиумичино. Полетување за Скопје во 15:05 часот. Пристигнување во Скопје во 16:50 часот.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

499 евра  / 30.940 денари

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз: Скопје – Рим – Скопје со Визер
  • Кабинска тоба со димензии 40х30х20 до 8кг
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Сместување во хотел 3*/ 4* на база ноќевања со појадок
  • Организиран панорамски разглед на Рим
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Туристичка такса 750 мкд (се плаќа во агенција)
  • Доплата за кабински багаж од 10кг  (55 x 40 x 23cm) или чекиран багаж – куфер до 10kg 1.850 мкд  20kg – 3.150*(цената може да се промени како наближува летот)
  • Карти за локален превоз (метро)
  • Патничко – здравствено осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба 6.500 мкд

 

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници. За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи
  • За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
  • За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ и Импала Травел.
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.

 

Наќин на плаќање:

  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд.  При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 10 дена пред поаѓање.

Општи напомени за патувањето:

  • Т.А. Импала Травел го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. 
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.