Јордан и Израел - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Јордан и Израел

ЈОРДАН И ИЗРАЕЛ 

Авионски / 7 дена / 6 ноќевања

                                                                                                                                                               

Поаѓање за Акаба преку Истанбул на 27.12.2022. Средба на Меѓународен аеродром Скопје во 18:00. Пристигнување во Истанбул во 00:10. Тргање за Акаба во 01:10.

Ден 1. (28.12.2022)

Пристигнување во Акаба во 03:40. Водич од Јордан ни помага со документацијата за визи. Трансфер до хотелот. Сместување, време за одмор. Слободно време за прошетка низ градот на Црвеното море. Одмор на плажа. Факултативна прошетка со водич. Вечера. Ноќевање во Акаба.

Ден 2. (29.12.2022)

Доручек. Се упатуваме кон пустината Вади Рум. Четири часовна тура низ пустината со џипови. Се посетуваат Кањонот Кхазали, Малиот мост и Изворот Лоренс. Вечера. Ноќевање во бедуински шатори во пустината, каде што ќе уживате во апсолутна тишина под ѕвеѕденото небо со бедуински чај.

Ден 3. (30.12.2022)

Доручек. Посета на Изгубениот град Петра кој е изграден од Набатејците. Името Петра го добива поради тоа што е целосно изграден во карпа (Петра=карпа). Почнуваме со прошетка околу 2км по тесен планински пат низ карпеста клисура Сик, чија висина достига и до 200 метри. Прекрасниот пат не води до едно од седумте светски чуда целосно вдлабната градба во карпа, “Treasury” или Трезорот. Можност за истражување на кањоните со коњи, камили, магариња. Се упатуваме накај Мртвото Море. Вечера. Ноќевање во хотел на Мртвото Море.

Ден 4. (31.12.2022)

Доручек. Се будиме покрај Мртвото море. Езерото кое своето име “море” го добива поради солената вода која пак не дозволува да опстане никаков жив свет и оттаму се нарекува“мртво”. Всушност реката Јордан се влева во него, но рибите што доаѓаат веднаш умираат. Езерото е најниската точка на планетата Земја чие дно е на -794 метри надморска височина. Слободно време за утринско капење во Мртвото Море. Во 10:00 тргање накај Тел Авив. Попатна посета на планината Небо каде што Мојсеј покажал накај ветената земја, и местото каде што се верува дека е погребан. Посета на Мадаба, Градот на Мозаиците, каде што ке ги видите византискиот мозаик, Христијанската црква. Се упатуваме накај граничниот премин Алленби, Израел. По поминување на границата на Израел. Посета на местото на крштевање во реката Јордан, слободно време од час и половина за крштевање, разглед итн. Пристигнуваме во Тел Авив околу 20:00. Време за одмор. Се спремаме за дочек на Нова Година. Новогодишна вечера во ресторанот на хотелот. Факултативно може да се организира дочек на нова година во ресторан и/или клуб.

Ден 5. (01.01.2023)

Слободен ден за шетање низ прекрасниот Тел Авив. Факултативна прошетка низ Тел Авив со водич. Вечера. Ноќевање во Тел Авив.

Ден 6. (02.01.2023)

По појадокот се упатуваме кон Ерусалим. Почнуваме со прошетка на маслиновата гора, продолжуваме до панорамскиот поглед на Вечниот Свет Град. Ги посетуваме Капелата Доминос Флавит, Базиликата на Сите Нации, и Гециманската Градина каде што Исус ги поминал последните часови пред да биде уапсен. Вечера. Ноќевање во Ерусалим.

Ден 7. (03.01.2023)

Доручек. Се упатуваме кон Витлеем, родниот град на Исус Христос. Посета на Базиликата на Исусовото раѓање, посета на црквата Света Катерина и пештерата на свети Јероним каде што е преведена Библијата. Продолжуваме кон Млечната пештера и Арапското село Беит-Сахур, според традицијата е идентификувано како Овчарско поле, односно местото каде што пастирите го објавиле Исусовото раѓање. Тргање на аеродром. Полетување во 15:20 за Скопје преку Истанбул. Пристигнуваме во Скопје во 19:55

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

1.830 евра  / 113.460 денари

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Повратен билет Скопје-Истанбул-Акаба-Тел Авив-Истанбул-Скопје
  • Авионски такси Багаж 23кг + рачна торба
  • Виза за Јордан
  • Сите трансфери и екскурзии опишани во програмата погоре
  • Шест ноќевања на база полупансион во хотели со 4*
  • Професионален возач и водич на англиски јазик
  • Новогодишна вечера во хотелот

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Факултативни излети во Акаба и Тел Авив
  • Патничко осигурување