Будимпешта - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Будимпешта

Б У Д И М П Е Ш Т А

Автобус / 4 дена / 2 ноќевања

                                                                                                                                                               

30.12     СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА

Состанок на групата пред хотелот “Holiday Inn” во 16.30 часот. Поаѓање за Будимпешта во 17.00 часот.Се патува преку Србија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

31.12     БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно панорамски разглед на градот: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, Црквата „Св. Стефан“, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата „Св. Матејас“, Рибарската тврдина… Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Вечерта Дочек на Новата 2023 Година на некој од плоштадите во Будимпешта. Ноќевање.

01.01      БИДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА

Појадок. Moжност за факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое  се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, и кое е богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Попатна посета на базиликата Естергом посветена на Пресвета Богородица и на Светиот Адалберт. Враќање во Будимпешта. Во доцните попладневни часови факултативно крстарење со брод по Дунав. Вечерта следи факултативна вечера во национален ресторан – традиционална унгарска Чарда, со фолклорна и музичка програма и специјалитети од унгарската кујна. Ноќевање.

02.01      БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел. Слободно време за прошетка низ центарот на градот или по познатата улица Ваци. Посета на шопинг центар Арена. Тргнување за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Србија, со куси попатни паузи. Ноќно возење. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови следниот ден.

 

Цена на аранжманот за уплата до 10.11:
169 евра  / 10.480 денари

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

199 евра  / 12.340 денари

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во Хотел 3*  во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Разглед на Будимпешта со локален водич – 10 евра
  • Вечера во ресторан Чарда 30 евра
  • Крстарење со брод по Дунав 20 евра
  • Посета на Сент Андреа и Естергон 25 евра
  • Влезници за музеите и културно – историските споменици
  • Патничко – здравствено осигурување
  • Доплата за 1/1 соба 3.900 денари
  • Доплата за избор на седиште во автобус – 10 евра

 

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А.Импала Травел и СКТМ
  • Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62,00 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од мин.30%, целосна уплата се врши најдоцна 7 дена пред поаѓање. Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најкасно 5(пет) дена пред поаѓање!
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.