Азурен Брег - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Азурен Брег

Азурен Брег  

 (Designer Outlet Serravalle – Кан – Ница – Антиб – Сен Тропе – Монако – Монте Карло) 

Сигурна реализација

 

Термин: 28 Декември 

1 ДЕН 28.12.2024 СКОПЈЕ:

 Состанок на групата во 09:00ч. Поаѓање во 09:30 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.

 

2 ДЕН  29.12.2024 КАН :

Пристигнување во Кан  во пладневните часови. . Ве водиме на прошека низ стариот дел на Кан: прекрасна прошетка по Кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, филмската палата, плазата на фотомоделите, стариот град со тврдината… Сместување во хотел. Слободно време за  одмор и индивидуални прошетки. Ноќевање.

 

0ДЕН 30.12.2024 КАН – СЕН ТРОПЕ

Појадок. По појадокот препорачуваме посета на најгламурозниот град на Азурниот брег – СЕНТ ТРОПЕ: Прошетка по живописните улички, пристаништето со луксузните јахти и прочуени кафиќи ( Senequer) каде вообичаено се испива утринското кафе со познатиот колач Tarte Trapezien.  Во попладневните часови враќање во Кан. Ноќевање.

 

0 ДЕН 31.12.2024 КАН – АНТИБ – НИЦА – МОНТЕ КАРЛО :

Појадок.  Препорачуваме целодневен излет до монденското место Антиб и кралицата на ривиерата Ница. Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, можност за посета на музејот кој е единствен музеј на светот посветен на еден уметник уште во текот на неговиот живот ( влезница 10€)…  потоа продолжуваме со посета на Ница… Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата… Слободно време за прошетки и ручек. Враќање во Кан. Слободно време за одмор. Препорачуваме дочек на Новата Година во гламурозното Монте Карло, заедно со светскиот џет сет… единствено доживување. Враќање во Кан во ноќните часови.  Ноќевање.

 

05 ДЕН  01.01.2025 КАН  – ЕЗ – МОНАКО – СКОПЈЕ: 

Појадок. Одјавување од хотел. Посета на Монако со  попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, градините на принцезата Грејс Кели, патеката на F1, пристаништето…Препорачуваме посета на Океанографскиот музеј и аквариум во Монако кој е филијала на Институтот во Париз и е единствен од тој вид во светот ( влезница 20€). Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот продолжува преку Италија, Словенија, Хрватска, Србија… Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

 

06 ДЕН 02.01.202СКОПЈЕ:  

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за резервации до 31 Октомври: 319 € / 19.780 денари

РЕДОВНА  ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  349 € / 21.640 денари

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • Сместување во хотел Ibis Styles Cannes Le Cannet 3*,во Кан
  • Разглед на Кан
  • Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  •   Задолжително патничко осигурување
  •   Новогодишна посета на Монте Карло (40€)
  •   Посета на Ст. Тропе (50€)
  •   Задолжителна посета на Монако и фабрика за парфеми ‘Fragonard’ последниот ден (40€)
  •   Посета на Ница и Антиб (50€)

*** ПАКЕТ ИЗЛЕТИ – Азурен брег – 160€

  •   Туристичка такса во Ница (3€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
  •   Влезници за културно историски споменици, музеи.
  •   Билети за јавен превоз
  •   Доплата за еднокреветна соба 6.900 ден
  •   Доплата за избор на седиште 10€

 

НАПОМЕНИ:

  •  За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  •  Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  •  За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  •  Останатите услови на патување важат според годишниот програм на ИМПАЛА ТРАВЕЛ
  •  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.

N