Истанбул - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Истанбул

НОВА ГОДИНА

ИСТАНБУЛ

29.12.2024 – 01.01.2025

 

Прославете ја Новата Година во Истанбул!
Дочекајте ја Новата Година во еден од најволшебните градови во светот! Искусете ја магијата на Истанбул додека се трансформира во енергична прослава исполнета со огномет, музика и култура. Зошто да го посетите Истанбул оваа Нова Година?
Спектакуларен огномет: Уживајте во неверојатниот поглед на огнометот над Босфорот. Кулинарски задоволства: уживајте во традиционалната турска кујна во локалните ресторани и раздвижените улични пазари. Богата култура: Истражете ги историските места како Света Софија, Капали чаршија и многу други, кои се прекрасно осветлени за време на празниците. Празнична атмосфера: прошетајте низ плоштадите како што се Таксим и Кадикој, каде што улиците
оживуваат со музика и танц.

 

 

Black week цена: 429 € – 26.600 мкд за резервации до 07.12.2024 со уплата од 30%

Редовна цена на аранжманот: 460 € – 28.520 мкд по лице

 

 

1 ден  29.12.2024 (Недела): Скопје – Истанбул

Состанок на група 06:45 часот на Аеродромот Скопје. Полетување за Истанбул во 08:45 часот со Turkish Airlines со број на лет TK 1004. Слетување во Истанбул во 12:15 часот и организиран трансфер од аеродром до хотел. Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности. Вечерта (факултативно) организиран трансфер до брод, каде ќе може да уживате во предновогодишна турска вечер – ноќно крстарење по Босфорот со вклучена вечера, пијалак и забава. Враќање во хотел. Ноќевање.

2 ден  30.12.2024 (Понеделник): Истанбул

Појадок. По појадокот организиран пешачки разглед на градот со локален водич на македонски јазик: Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки, а денес е меморијален плоштад со обележја од минатото), Сината џамија (изградена на почеток на XVII век од страна на  познатиот архитект Мехмед-Ага, воедно е и последната импресивна градба на отоманската религиска архитектура), Аја Софија (најпознатата градба во Истанбул, изградена во времето на владеењето на Јустинијан први, една од најголемите цркви во светот, претворена во џамија по падот на Византиското царство) за влез се доплаќа на лице место. Прошетката продолжува кон Капали чаршија и Галата Кула. Враќање во хотел. Вечерта слободно време за индивидуални активности, факултативно крстарење по Босфор. Ноќевање.

3 ден  31.01.2024 (Вторник): Истанбул

Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Можност за прошетка и шопинг во Капали Чаршија или некој од познатите трговски центри, посета на Karakoy – познатата улица на чадорите (индивидуално). Враќање во хотел. ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА на отворено, на некој од плоштадите на Истанбул (индивидуално). Ноќевање.

 

4 ден  01.01.2025 (Среда): Истанбул – Скопје

Појадок. Одјавување од хотел слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови организиран трансфер од хотел до аеродром во Истанбул, летот од Истанбул за Скопје полетува во 20:15 часот со број на лет TK 1005, слетување во Скопје 19:45 часот.

 

Во цената се вклучени следниве услуги:

  •  Авионски превоз ( SKP-IST-SKP ) со Turkish Airlines (23 кг по лице вклучен багаж + 7 кг рачен багаж).
    TK1004 P  SU 29DEC  SKPIST KK30  0835 1215
    TK1005 P  WE 01JAN  ISTSKP KK30  2015 1945
  • 3 Ноќевања со појадок во хотел Piya Sport Hotel 4* Лалели – https://piyasporthotel.com/ 
  • Вклучени ексурзии во цената на аранжманот, посета на: Хиподромот, Сината Џамија, Аја Софија (со доплата за влезница во Аја Софија), Капали Чаршија, Кулата Галата.
  • Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром.
  • Организиран разглед – пешачка тура со локален водич.
  • Организација и реализација на аранжманот со водич на групата од Скопје.

Во цената не се вклучени следниве услуги:

  • Факултативно крстарење по Босфор 50 € ( вклучува трансфери, вечера, лимитирани локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, SHOW програма ).
  • Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци при патувањето.
  • Задолжително здравствено и патничко осигурување.

Важна напомена:

  • За резервации е потребно уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот, а целосната доплата на аранжманот треба да биде завршена најдоцна до 15.12.2024.
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 180 дена од денот на патувањето
  • Цените се дадени во евра, плаќањето е во денарска противвредност по курс 1 € = 62 денари.
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на Импала Травел и СКТМ.

 

S