Сараево, главен град и културен центар на Босна и Херцеговина.Лежи во тесната долина на реката Мијацка, во подножјето на планината Требевиќ. Град на контрасти и различности кој нуди за секого по нешто. Наречен “Ерусалим на Европа“ или „Ерусалим на Балканот“ е еден од само неколкуте големи европски градови кои имаат џамија, католичка црква, православна црква и синагога во исто соседство. Град со околу 400.000 жители, бурна историја, град домаќин на 14-те Олимписки игри (1984).
1 ден 30.04.2025 (СРЕДА) Кавадарци – Сараево
Поаѓање во вечерните часови од Кавадарци, Неготино, Велес,Скопје и Куманово. Патуваме преку граничен премин Табановце, со ноќно возење низ Србија, со попатни паузи за одмор и гранични формалности.
2 ден 01.05.2025 (ЧЕТВРТОК) Сараево
Пристигнување во Сараево во претпладневните часови. Пешачки разглед на градот со локален водич и посета на: градската куќа, Латинска чуприја – местото на атентатот на Франц Фердинант, улицата Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство,катердалата Срце Христово, Соборната црква Св. Тројца, Гази Хусрефбегова и Царската џамија,Башчаршија, мостовите….Смесување во хотел. *Можност за факултативан посета на термална ревиера во хотел Хилс 5*.(патниците треба да имаат купаќи костим, крпа и влечки за да ја користат ова факултатива). Ноќевање.
3 ден 02.05.2025 (ПЕТОК) Сараево , Бункер на Тито,Јабланица, Мостар ,Сараево.
Појадок. По појадокот предвидена факултативна посета на Мостар. Посета на Бункерот- атомското скривалиште на Тито во Коњиц, а потoа се продолжува кон Јабланица со попатна посета на срушениот мост од Втората Светска Војна познат по битката на Неретва. Продолжуваме кон Мостар, градот каде се сретнува северот со југот и западот со истокот, град во кој реката Неретва со векови ги дели културите и религиите, град во кој различностите и спротивностите можат да се видат и почувствуваат на секој агол. Вклучена посета на: Стариот мост, улицата Кујунџилук со занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. Во попладневните часови враќање кон Сараево. Ноќевање.
4 ден 03.05.2025 (САБОТА) Сараево, Босански Пирамиди, Вишеград, Кавадарци
Појадок. По појадокот можност за факултативна посета на местото Високо-каде се наоѓаат едни од најстарите пирамиди и енергетски полиња во светот – Босанските пирамиди. Малото гратче Високо ја крие мистерија на петте пирамиди, онаа на Сонцето, Пирамидата на Месечината, на Змејот, на Мајката Земја и Пирамидата на Љубовта. Со својата висина од 220 метри, Пирамидата на Сонцето, е најголемата пирамида во светот. Продолжуваме кон посета на тунелот ‘Равно 1” во кој имаме околу еден час посета во внатрешноста на ископините кои се наоѓаат во подножјето на пирамидите. Докажано е дека просториите под пирамидите имаат лековити моќи поради големото ниво на јонизација. По завршување на посетата се враќаме во хотел. ***Патниците кои нема да ги посетат пирамидите имат слободно време во хотел со тоа што по враќање од пирамидите ќе бидат земени од хотелот. Одјавување од хотелот. Заминување кон градот Вишеград. Го посетуваме симболот на градот мостот изграден од Мехмед Паша Соколовиќ кој е под заштитана UNESCO и опишан во романот „Мостот на Дрина“ на Иво Андриќ. Воедно го посетуваме и ,,Андриќ Град” познат како камен град изграден по идеа на Емил Костурица во чест на Иво Андриќ. Враќање кон Македонија со попатни паузи.
5 ден 04.05.2025 (НЕДЕЛА) Сараево-Кавадарци
Пристигнување во Кавадарци во утринските часови.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Патувањето е од туристички катактер затоа задолжително треба да се избери барем една од
понудените факултативи БР,1 или БР.2
НАПОМЕНИ:
SU