Пуља е сместена на петата од италијанската чизма, на крајниот југоисток на Апенинскиот Полуостров. Богатата историја, прекрасните плажи, сликовитите гратчиња, префинетата автентична италијанска храна и вино се само некои од причините поради кои треба да се посети. Пуља е вистинска дестинација за гурманите, љубителите на културата, активностите на отворено и прекрасната природа. Позната е по одличното маслиново масло, вино, сирењето моцарела, тестените, а нејзините пејзажи се исто толку импресивни, како и самата локална гастрономија.
Авион/ 6 дена/ 5 ноќевања
12 Мај (Понеделник) СКОПЈЕ – ТИРАНА – БАРИ
Состанок на групата на договореното место во 13:00 часот и трансфер до Аеродромот во Тирана. Полетување за Бари во 21:45 и слетување во 22:45 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.
13 Мај (Вторник) БАРИ
Појадок. Разглед на главниот град на регионот Пуља – Бари, чија најпозната знаменитост е базиликата Св. Никола. Во близина се наоѓа и катедралата изградена во византиски стил, а постојат и остатоци од норманската тврдина. Во центарот се наоѓаат и театрите Петруцели и Маргерита… Прошетка по Променадата Лунгомаре Императоре Аугусто, совршено место за уживање во шармот на Бари. Ноќевање.
14 Мај (Среда) БАРИ – АЛТАМУРА – МАТЕРА
Појадок. Целодневен факултативен излет во Алтамура и бисерот на регионот Базиликата, градот Матера. Алтамура е светски позната по палеонтолошкото наоѓалиште „човек од Алтамура“, калцифицирани остатоци стари околу 170.000 години, а пронајдени во блиската варовничка пештера. Разглед на средновековниот центар и посета на катедралата Санта Мариа Асунта. Кратко возење до познатата Матера, исклучително живописен град изграден на варовнички карпи полни со подземни ходници и пештери. Поинаква од останатите италијански гратчиња, Матера со својата архитектура, повеќе потсетува на Блискиот исток отколку на Европа. Матера е навистина посебна затоа што значаен дел од градот е вклопен во самите карпи. Разглед на стариот дел од градот, кој е под заштита на УНЕСКО – Саси ди Матера, прошетка по Сасо Барисано со богато украсени портали и Сасо Кавеосо како некој театар, куќи во пештери кои степенасто се спуштаат кон градот. Во текот на разгледот ќе прошетаме по Пјаца Виторио Венето, катедралата, фонтаната на љубовта… Токму поради нејзиниот изглед, многу често се користела како локација за снимање филмови, меѓу кои и Пасија на познатиот глумец и режисер Мел Гибсон. Враќање во Бари во вечерните часови. Ноќевање.
15 Мај (Четврток) БАРИ – ПОЛИЊАНО А МАРЕ – МОНОПОЛИ – АЛБЕРОБЕЛО
Појадок. Препорачуваме посета на едно од најубавите приморски гратчиња во Пуља, Полињано а Маре. Ова е сеуште, една од најважните антички населби, а до денес, гратчето успеало да ја задржи целата своја автентичност и шарм. Камените улици, мирните плоштади и мистичните морски пештери, прикажуваат посебна магија. Во градот се наоѓа и скулптурата на кантавторот Доменико Модуњо и скалите Воларе, по неговиот голем хит, кои водат до панорамската точка на карпата од која се пружа прекрасен поглед на градот и плажата. Можеме и да прошетаме до Монополи, со локален превоз. Гратчето кое наликува како да е од приказна, е познато по лавиринтот од мали улици со калдрма, мали плоштади и бели згради. Пристигнување во хотелот во Алберобело и сместување. Ноќевање.
16 Мај (Петок) АЛБЕРОБЕЛО – ЛОКОРОТОНДО
Појадок. Прошетка во Алберобело, едно посебно и единствено место со типичните куќи ‘’Trulli‘’ со конусни кровови, без материјал за врзување, исклучиво направени од неправилни парчиња камен. Шетајќи се низ уличките, ќе имате чувство како да сте на снимање на некој цртан филм. Шармантното, романтично и единствено место е заштитено од УНЕСКО. Препорачуваме посета на Локоротондо, познат како градот на балконите и еден од најубавите мали градови во Италија (со јавен превоз). Тука, не само што куќите имаат броеви, туку и секој балкон е нумериран. Пешачки разглед на гинисовиот рекордер со најмногу букви “о” во името, кое во превод значи “кружно место” и прошетка по интересниот историски центар со тркалезна форма. Ноќевање.
17 Мај (Сабота) АЛБЕРОБЕЛО – ОСТУНИ – БАРИ – ТИРАНА – СКОПЈЕ
Појадок. Препорачуваме повторно да се прошетате во малите улички и да уживате во привлечниот свет на убавината на Алберобело. Трансфер до Аеродромот во Бари, со попатна посета на белиот град Остуни. Полетување за Тирана во 23:20, слетување во 00:15 часот и трансфер до Скопје.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
НАПОМЕНИ:
АТ