Авион / 4 дена / 3 ноќевања
16 мај (петок) СКОПЈЕ – БЕРЛИН
Состанок на група на аеродромот во Скопје во 12:00 часот. Авионот за Берлин на Визер полетува во 14:00 часот. Слетување во Берлин во 16:15 часот. Трансфер до хотел и сместување. Слободно време за вечера во ресторан или пивница за да се пробаат специјалитетите на берлинската кујна: свинска коленица Eisbein или колбас од свинско месо со сос и кари Currywurst и сето тоа “зачинето” со пенливо германско пиво… Ноќевање.
17 мај (сабота) БЕРЛИН
Појадок. Опција за факултативи:
Факултативна велосипедска тура 3/4 часа: Најдоброто во Берлин – откријте ја суштината на главниот град за кратко време. Можност за посета на најпознатите знаменитости како најголемиот плоштад во Берлин Александерплац – центар на бившиот источен дел на Берлин, ТВ кулата која со својата височина од 368 метри е на списокот на највисоки градби во Германија, Берлинската катедралата, Брандербуршката Порта, Рајхстаг. Станете сведок на историските пресвртни точки на контролниот пункт Чарли, меморијалот на холокаустот и ѕидот. Ќе претставиме увид во возбудливата трансформација на Берлин од тогаш до сега.
2.Факултативна пешачка прошетка со локален водич: најголемиот плоштад во Берлин Александерплац – центар на бившиот источен дел на Берлин, ТВ кулата која со својата височина од 368 метри е на списокот на највисоки градби во Германија, Берлинската катедрала, Авенијата Унтер ден Линден, Брандербуршката Порта, Рајхстаг… Слободно време. Посета на „Музејскиот остров“ во кој има 5 музеи, од кои најпосетени се Пергамон и Египетскиот музеј. Музејот Пергамон е познат по својата богата колекција на антиквитети од периодот на античка Грција, Блискиот Исток и исламската култура.
Слободно попладне за индивидуални активности. Ноќевање.
18 мај (недела) БЕРЛИН – Потсдам
Појадок. Опција за факултативи:
Факултативна велосипедска тура 3/4 часа: Вибрациите на Берлин – се вози низ живи населби, зелени оази, улици со графити и герила-архитектура. Добијте чувство за познатиот имиџ на градот со истражување на квартовите Кројцберг и Фридрихшајн. Ќе ви покажеме како поранешната погранична земја се преобрати на многу начини, како алтернативната субкултура се судира со големите бизниси. Одлична комбинација на панорамски патеки покрај брегот, шарени населби, источната галерија и ѕидот. Можност за крстарење по реката Шпре и уживање во прекрасните глетки на градот кои се наоѓаат покрај брегот.
Факултативна посета на градот Потсдам, главен град на германската покраина Брандербург, еден од најубавите мали германски градови познат по своите 12 прекрасни палати и паркови кои се на листата на УНЕСКО, создадени во времето на најзначајниот пруски крал Фридрих Велики. Разглед на градот: рускиот кварт Александровка со дрвени куќи изградени во руски рустикален стил со црквата Александар Невски, холандскиот кварт со куќи од црвени тули во холандски стил – едно од најпосетуваните места во градот, палатата Sanssouci познатата летна резиденција на Фридрик Велики изградена во рококо стил како пандан на францускиот Версај, палатата Cecilienhof каде што е одржана Потсдамската конференциjа т.е средбата меѓу Черчил, Сталин и Труман во јули 1945 година, мостот Глинка на реката Хавел кој претставувал граница меѓу Источен и Западен Берлин за време на Студената војна и бил користен за размена на заробени шпиони поради што станал познат како Мост на шпиони, филмското студио Babelsberg кое има историско значење како најстаро големо филмско студио во светот
Слободно време за прошетка и уживање. Ноќевање.
19 мај (понеделник) БЕРЛИН – СКОПЈЕ
Појадок. Предлагаме (со метро) прошетка во бившиот западен дел на Берлин, по Булеварот Курфурштендам со најпознатата стоковна куќа KaDeWe… Трансфер до аеродромот во Берлин. Полетување со Визер во 16:45 часот. Слетување во Скопје во 19:00 часот.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
*Велосипедски тури (Најдоброто од Берлин / Вибрациите на Берлин) со локален водич
Напомена:
М