Сигурна реализација
Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања
03.05 (Сабота) СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА
Состанок на групата на еародромот во Скопје во 16.40 часот. Полетување за Барселона во 18.50 и пристигнување во 21.40 часот. Организиран трансфер до хотел. Сместување. Ноќевање.
04.05 (Недела) БАРСЕЛОНА
Појадок. Организиран панорамски разглед на градот: булеварот Дијагонал – главната авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, готската Катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија – централниот плоштад, точката каде стариот град се сретнува со новиот, во продолжение се протега зелената авенија Рамбла, споменикот на Колумбо, Олимпиското пристаниште, ридот Мон Жуик, Олимпискиот стадион и спортската палата, плоштадот Шпанија, прекрасните Магични фонтани… Пауза за ручек. Индивидуални активности, препорачуваме посета на некој од одбележјата на Барселона, како на пример Аквариумот, еден од најголемите и најубавите во Европа, стадионот Камп Ноу, жичницата Монжуик која ви нуди уникатен панорамски поглед, патувањето трае приближно 10 минути и посетителите ќе можат да ја видат Барселона и нејзиното пристаниште во сиот негов раскош. Ноќевање.
05.05 (Понеделник) БАРСЕЛОНА – Фигерас и Герона
Појадок. Препорачуваме факултативна организирана посета со превоз и локален водич на Фигерас, каде се наоѓа музејот на Салвадор Дали, што е предизвик за сите љубители на уметноста и оние кои сакаат да видат нешто потполно оригинално. Музејот е сместен во неговата фамилијарна палата, а изложбата која е компилација на уметнички дела од различни периоди, ја поставил самиот маестро. Попатно на враќање, посета на убавото, живописно место Герона, кое се наоѓа на североисток на Шпанија, непосредно до Француската граница. Прошетка низ историскиот центар на градот, неговата тврдина изградена како систем на одбрана во римскиот период, Kатедралата која се наоѓа во срцето на тврдината, колористичните куќички на брегот на реката Onyar… Во вечерните часови, препорачуваме фламенко, можност за уживање во заводливиот ритам на шпанската музика и танци. Ноќевање.
06.05 (Вторник) Парк Гуел – Саграда Фамилија – Шпанско село – СКОПЈЕ
Појадок. Факултативно, препорачуваме посета на паркот “Гуел” – ремек дело на познатиот шпански архитект Антони Гауди, препознатлив по својата уникатност, денес е дел од листата на светското културно наследство под заштита на UNESCO. Веднаш потоа посета на готската Катедрала Саграда Фамилија, единствен храм, по своето потекло, основа и цел. Плод на работата на генијалниот архитект Антони Гауди, проекt промовиран од народот за народот. Пет генерации го гледаа напредокот на Храмот во Барселона. Денес, повеќе од 140 години по поставувањето на камен-темелникот, продолжува изградбата на базиликата. Шпанското село кое ја обединува иприкажува разноликоста на архитектурата на Шпанија. Слободно време за индивидуални активности. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување во 22.15 часот и пристигнување во 01.00 часот.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Факултативни излети:
Напомена:
M