Стразбур - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Стразбур

Стразбур

(Халштад-Салзбург-Колмар-Ријквир)

 
 
Термин: 1 Мај
 

1 ден 01.05.2024 СКОПЈЕ

Состанок со групата на паркингот кај спортски центар „Борис Трајковски“ во 08.00 ч. и поаѓање за Стразбурво 08:30 часот. Дневно и ноќно возење низ Србија,  Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

2 ден. 02.05.2024 СТРАЗБУР

Пристигнување во пладневните часови во Стразбур, разглед на градот со локален водич (факултативно) плоштадотКлебер, катедралата Нотр Дам, Астрономскиот часовник сместен во самата катедрала, куќа Kammerzell од XV век, квартот Малата Франција со типични шарени фасади на Алзас, Плоштадот де Републик, театарот, Европскиот парламент и Советот на Европската унија… Факултативна, крстарње со панорамски брод по каналите на Салзбург (неверојатно доживување). Слободно времеза индивидуални активности и прошетка. Сместување во хотел. Слободна вечер за одмор. Ноќевање.

 

3 ден. 03.05.2024 СТРАЗБУР – КОЛМАР – РИКВИР – СТРАЗБУР

Појадок. После појадокот можност за целодневен факултативен излет во Колмар и Риквир. … Риквир едно од најубавите села во Франција со годишна посетеност од околу милијон туристи. Тесните улички потсетуваат на сценографија за некој филм чие дејство се одвива во средниот век. Интересни се кулата на северната капија од 13-ти век, црквата од 14-ти век, станбените згради кои потекнуваат од 16-ти и 17-ти век. Слободно време. Патувањето продолжува кон Колмар. Живописното градче Колмар се смета за најубавиот град во Европа. Овој древен француски град датира уште од 823 година, а со статусот на слободен град се здобил во 13 век, за времето на Светото Римско Царство. Со текот на времето власта врз градот се менувала помеѓу Франција и Германија, за по Втората Светска војна и прочуената битка наречена Колмарски џеб, конечно да и припадне на Франција. Се наоѓа во регионот Алзаси има околу 67.000 жители, разглед на градот: историскиот центар, црквата Св. Мартина, Доминиканска црква, Музејот Бартолди, Музеј Унтерлинден, слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на градот. Враќање назад во Стразбург и слободно време за индивидуални активности.  Ноќевање.

 

4 ден. 04.05.2024 СТРАЗБУР – САЛЗБУРГ

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот.  Слободно претпладне во центарот на Стразбур. Во договор со водичот патувањето продолжува кон Салзбург. По пристигнувањето, започнуваме со прошетка низ центарот на градот (пешачка тура): Дворец Мирабел и градина, куќата на Моцарт, стариот плоштад, плоштадот на Моцарт, катедрала, глокеншпил, надбискупска резиденција, најстариот ресторан во Европа од VIII век.Слободно време за одмор и индивидуални активности. Сместување  во хотел.  Ноќевање.

 

5 ден. 05.05.2024 САЛЗБУРГ – ХАЛШТАД – СКОПЈЕ

Пристигнување во Халштад во пладневните часови. Прошетка низ малото селце Халштадкое се наоѓа во подножјето на планинскиот масив ДАХШТАЈН (Dachstein) кој е дел од Австриските Алпи и на бреговите на истоименото езеро кое го одзема здивот со својата уабвина и изглед како од бајките. Слободно време за прошетка покрај езерото кое UNESCOго има ставено под своја заштита. Во договорено време поаѓање за Скопје.

 

 

 
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 369€/22.880 ден

 

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во хотел 3* во Салзбург – 1НП (ноќевање со појадок)
  • Сместување во хотел 2*/3* во Стразбур – 2НП (ноќевање со појадок)
  • Професионален лиценциран пратител за време целото патување

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПАКЕТ ИЗЛЕТИ ( Прошетка и разглед на Халштад, Салзбург, Стразбур, Колмар, Риквир) – 150
  • Туристичка такса во хотел во Стразбур– 5€ по лице на ден(се плаќа во агенција)
  • Туристичка такса во хотел во Салзбург– 5€ по лице на ден(се плаќа во агенција)
  • Патничко осигурување без франшиза – 300€
  • Доплата за еднокреветна соба 7.500 денари

НАПОМЕНИ

  • Oрганизаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
  • За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници