Минхен - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Минхен

МИНХЕН – НОЕШВАНШТАЈН – ХАЛШТАД – САЛЗБУРГ

 

Минхен – Баварска “Метропола со душа”, еден од најубавите градови во Германија, културен и боемски центар, град со бројни историски споменици кои зборуваат за вековните Баварски владетели од династијата Вителсбах, многубројни ремек дела од модерната технологија и архитектура како што е и познатата Алианс – Арена. Светски центар на саеми и град на пивници, кои со сигурност ќе ги натераат посетителите да ја почуствуваат типичната баварска атмосфера со свежо точено пиво и коленица. Ноешванштајн – На ексцентричниот баварски крал Лудвиг II му тргнало од рака од осум века собраното државно и семејно богатство на династијата Вителсбах да го потроши за краток временски период градејќи ги дворците од соништата а најбајковитиот од нив е Ноешванштајн. Поради нивното градење кое ја доведе државата до банкрот, кралот е прогласен за непресметлив и бил затворен. Парадоксално, овие дворци достојни за секоја бајка, денес, и покрај посетата на милиони туристи сеуште го враќаат долгот на државата. Халштад – мало бајковито австриско село во Горна Австрија познато по прекрасните пастелни куќички со цвеќе, првиот рудник за сол и по капелата посветена на Св. Михаел. Салзбург – “Рим од северот”, седиште на моќната надбискупија и роден град на В.А. Моцарт, својата позиција на реката Салцах и единствената ренесансно – барокна архитектура ги оставаат посетителите без здив уште на прв поглед, и затоа со причина се смета за еден од најубавите градови во Европа. Минхен – Баварска “Метропола со душа”, еден од најубавите градови во Германија, културен и боемски центар, град со бројни историски споменици кои зборуваат за вековните Баварски владетели од  династијата Вителсбах, многубројни ремек дела од модерната технологија и архитектура како што е и познатата Алианс – Арена. Светски центар на саеми и град на пивници,  кои со сигурност ќе ги натераат посетителите да ја почуствуваат  типичната баварска атмосфера со свежо точено пиво и коленица. Ноешванштајн – На ексцентричниот баварски крал Лудвиг II му тргнало од рака од осум века собраното државно и семејно богатство на династијата Вителсбах  да го потроши за краток временски период градејќи ги дворците од соништата а најбајковитиот од нив е  Ноешванштајн. Поради нивното градење кое ја доведе државата до банкрот, кралот е прогласен за непресметлив и бил затворен. Парадоксално, овие дворци достојни за секоја бајка, денес, и покрај посетата на милиони туристи сеуште го враќаат долгот на државата. Халштад –  мало бајковито австриско село во Горна Австрија познато по прекрасните пастелни куќички со цвеќе, првиот рудник за сол и по капелата посветена на Св. Михаел.    Салзбург – “Рим од северот”, седиште на моќната надбискупија и роден град на В.А. Моцарт, својата позиција на реката Салцах и единствената ренесансно – барокна архитектура ги оставаат посетителите без здив уште на прв поглед, и затоа со причина се смета за еден од најубавите градови во Европа.

 

 

Термин: 1 Мај

1 ДЕН 01.05.2024 СКОПЈЕМИНХЕН

Состанок со групата на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски  и поаѓање за Минхен во 10:00 часот. Дневно и ноќно возење низ Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

2 ДЕН 02.05.2024  МИНХЕН

Пристигнување во Минхен во претпладневните  часови. Разглед на градот:  резиденција Максимилианеум, националната опера и театар, галерија на нови и стари Пинакотеки, катедралата,  центарот на градот со Мариенплац, плоштадот Виктуалиенмаркт.  Слободно време за индивидуална прошетка низ центарот на Минхен. Сместување во хотел. Ноќевање

 

3 ДЕН 03.05.2024 ХАЛШТАТ – САЛЗБУРГ

Појадок. По појадокот препорачуваме факултативна целодневна екскурзија Салзбург и Халштад…  Заминуваме кон Халштад, мало австриско село во Горна Австрија познато по прекрасните пастелни куќички со цвеќе, првиот рудник за сол и по капелата посветена на Св. Михаел.   Бидете спремни на призори кои  ќе Ве воодушеват… Препорачуваме да се искачите на видиковецот Hallstatt Skywalk од каде се пружа најубавиот поглед на езерото и планините… уживајте со сите сетила. Слободно време за индивидуални прошетки.. Продолжуваме  накај Салзбург … Разглед на градот –  пешачка тура: Дворецот Мирабел и градините , куќата на Моцарт, стариот плоштад, плоштадот на Моцарт, катедрала, глокеншпил, надбискупска резиденција. Историскиот дел на градот, заради своите исклучителни културни вредности е ставен под заштита на УНЕСКО а асоција за овој град е секако познатиот композитор Моцарт кој овде е роден и живеел на денес најпопуларната адреса во градот,  во улицата Getreidegasse 9… Ќе уживате во богатата архитектура на Салзбург полна со барокни фасади, плоштади, автентични пасажи полни со ресторани и дуќанчиња… во Салбург едноставно се е на свое место.  Ви препорачуваме да ја освоите и тврдината  HOHENSALZBURG која доминира над панорамата на градот и гордо го чува Салзбург од височина… Слободно време за индивидуални прошетки и активности. Во вечерните часови враќање во Минхен. Ноќевање.

 

4 ДЕН 04.05.2024 МИНХЕН –  НОЕШВАНШТАЈН – МИНХЕН

Појадок. После појадокот препорачуваме факултативна посета на можеби најубавиот и најспектакуларниот дворецво светот – бајковитиот дворец Ноешванштајн, подигнат на карпа во стилот на старогермански витешки замок, кој го инспирирал Волт Дизни да ги направи препознатливите шпици за бројни цртани филмови … Новиот Лебедов град, како што гласи името во превод е остварување на сонот на кралот Лудвиг II… тој замислил дворец од соништата кој во утринските часови го обвиваат облаци на мистична магла која се дига од долината под карпата на која е изграден дворецот… призор кој ќе Ве остави без здив.   Враќање во Минхен, можност за посета на најпознатата пивница во Баварија –ХБ, која му била омилена и на Хитлер. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

5 ДЕН 05.05.2024 МИНХЕН – СКОПЈЕ  

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Заминуваме во центарот на Минхен… слободен ден за индивидуални прошетки и шопинг ( 9 часа).  Во вечерните часови заминување за Скопје.

 

6 ДЕН 06.05.2024 СКОПЈЕ  

Пристигнување  во Скопје во вечерните часови.

 

 

 
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 309€ /19.160 ден.

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Минхен
  • Прошетка низ центарот на  Михнен
  • Професионален лиценциран пратител за време на  целото патување

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжителна доплата 60€  за влезница во дворецот  Ноешванштајн (превоз,  трошоците за резервација, билет за дворецот)
  • Целодневна екскурзија Халштад и Салзбург -50 €
  • Патничко осигурување – 300 ден.
  • Доплата за избор на седиште  – 20€
  • Доплатаза дополнително седиште – 150€
  • Туристичка такса Минхен 5€  полице на ден (се плаќа во агенција)

 

  •  
  •