Истанбул од 1001 ноќ - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Истанбул од 1001 ноќ

Истанбул од 1001 ноќ

со Принцески острови

 

Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеке од само име од историјата. Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од над 13 милиони жители . Светски центар од непроценлива вредност во минатото но и во сегашноста… мозаик од бројни историски и културни убавини, главен град на многу цивилизации, денес дом на жители од целиот свет. Истанбул е единствен град, град кој премостува два континенти, град кој ќе разбуди сосема поинакви чувства во Вас. Не го пропуштајте залезот на сонцето во Истанбул… кога градот се пали како слика, силуетите на џамиите се издигаат над градот, а сонцето и месечината се поздравуваат додека денот се претвора во ноќ… Во тој момент ќе се чувствувате како султан во лулката на цивилизациите. Има многу да се доживее и почуствува во Истанбул. Дали сте подготвени да го истражите овој магичен град?
 
 
Термин01 Мај
 

1 ден 01.05.2024  СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ

Состанок на групата на спортски центар Борис Трајковски  во 16:00 ч.Тргнување во 16:30. Се патува преку граничниот премин Богородица  и низ Грција. За време на патувањето, водичот на групата ќе ја презентира програмата на патниците.Ноќно возење со попатни паузи.   

 

2 ден 02.05.202 ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови.  Започнува магијата… Истанбул од 1001 ноќ… ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД НА ЕВРОПСКИ ИСТАНБУЛ: Панорамско разгледување на градот со автобус:  Аксарај, Лалели џамија, Универзитетот Бејазит, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), стадионот на  ФК Бешикташ, Галата мостот, Сулејманије џамијата, Новата џамија, Египетскиот пазар… ТАКСИМ – плоштад на Европската страна со својата прочуена пешачка улица Истиклал, полна со многубројни бутици, шопинг центар, ресторани. Можност да посетите голема фамилијарна продавница која изработува  традиционални кондиторски производи. Сместување во хотел и кратка пауза за одмор.  БАЛАТ /ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА/ кулата САФИР:  Волшебно попладне: Одиме во живописниот кварт Балат, стара христијанска област која настанува по освојувањето на Истанбул од Султан Мехмед II Фатих. Прекрасни дрвени куќи во разни живописни бои, мали кафулиња. Улички каде се снимени повеќеТВ серии и филмови. Тука е сместена и Вселенската Патријаршија и старата Грчка гимназија. Ќе уживате во прошетката низ Балат. САФИР – облакодер: Ве водиме до највисоката зграда во Европа, 236 м. Експресниот лифт ве искачува до  прекрасна тераса-видоковец, со спектакуларен поглед: Истанбул на дланка. Единствена можност да се вклучите во SkyRide -4D неверојатно доживување на симулација на лет со хелихоптер над Истанбул и културно историските споменици, неверојатно доживување. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден 03.05.2024  ИСТАНБУЛ 

Појадок.  Денот е предвиден за нови возбудливи посети и приказни од 1001 ноќ. ДОЛМА БАXЧЕ ПАЛАТА:  Посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата, на брегот  на Босфор. Резиденција на Султаните од 1853 г. до 1922 г. Тука престојувал и починал  основачот на денешна модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Се посетува  Резиденционалниот дел од Палатата. КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР: Заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi”  палатата… Ќе уживате во прекрасниот  поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер…),  Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган … палатите од Турските ТВ серии…  ОТОМАНСКИ И ВИЗАНТИСКИ ИСТАНБУЛ: Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство: со локален водич ќе се запознаете со познатата  црква АЈА СОФИЈА , ќе влезете во најпознатата султанска палата во светот – Топ Капи Палатата и ќе го видите Султанскиот Харем . Потоа ќе се воодушевувате на големината на Сината џамија, Султан Ахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Можност да се посети и Подземната византиска цистерна од каде градот бил снабдуван со вода за пиење.  Пешки продолжуваме до Капали чаршија. Слободно време. Враќање кон хотел. Вечерта можност за ноќно крстарење по Босфор со вечера и шоу програма. Незаборавно доживување Ноќевање.

 

4 ден 04.05.2023  ИСТАНБУЛ 

Појадок.  Ден предвиден за релаксирани излети  Предпладне: ПРИНЦЕСКИ ОСТРОВИ:Пловите со брод низ Мраморното море кон Принцеските острови и посета на Buyuk ada (Големото острово). Овој архипелаг се состои од 9 острови и на нив е забранета употреба на моторни возила. Превозно средство: некогашната коњска кочија –Пајтон е заменета со електрични возила, со кој предлагаме да се возиме околу островот. Островот е многу пошумен, со убави плажи, прекрасни стари куќи од Отоманскиот период… остров на кој  императорот Јустин 1ви, внук на Императорот Јустинијан и Теодора, изградил палата и манастир. Препорачуваме  ручек во еден од многуте рибни ресторани. Попладне: АЗИСКИ ИСТАНБУЛ: Посета на Азиската страна на Истанбул. Ускудар: еднa од најважните турски населби уште од времето на Османлиите. Тука се наоѓа убавата џамија на Михримах Султан (ќерката на Сулејман Величенсвени и Хурем). Во непосредна близина на брегот на Ускудар  се наоѓа  Моминската кула. Бејлербеј: прекрасно место покрај самиот Босфор. Место со многу рибни ресторани. Место каде се снимени бројни турски серии. Дом на Бејлербеји палатата. WATERGARDEN SQUARE MALL : Продолжуваме кон  најновиот монденски трговски центар во срцето на Аташехир, дел од Истанбул , на Азиската страна, отворен во 2017 г. Еден нов стил на градба концентриран околу прекрасниот  базен со фонтани. Ексклузивна кореографија на играта на водата, светлоста, ласерот, музиката – огнено шоу. .. многу ресторани,  кафетерии, забавни паркови, кина… Во склопот на трговскиот центар се наоѓа огромен Аквариум со над 10.000 морски суштетства и тигар-ајкули. Враќање во хотел преку Босфорскиот мост симболот на Истанбул – Ноќна панорама на Истанбул. Ноќевање.

 

5 ден 05.05.2024  ИСТАНБУЛ  

Појадок.  По појадокот го сместуваме багажот во автобус. Магијата од 1001 ноќ продолжува. ПЈЕР ЛОТИ и заливот ЗЛАТЕН РОГ: Се возиме покрај брегот на Златниот Рог кој скоро завршува  кај едно панорамско возвишување наречено Пјер Лоти, според еден Француски поет. Со жичара се искачуваме до видиковецот. Можност да го испиете утринското Турско кафе направено на топол песок и пробате Ѓозлеме, уживајќи во прекрасната панорама на Истанбул под нас. ФОРУМ:  Напуштајќи го Истанбул, го посетуваме големиот шопинг центар Форум. Во самиот центар се наоѓа и големиот Аквариум а во непосредна близина продавницата на Декатлон и Икеа.  Во попладневните часови заминуваме за Скопје. Ноќно возење преку Грција.

 

 6 ден 06.05.2024  СКОПЈЕ 

Пристигнување во Скопје  во раните утрински часови.

 

 

 
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 159 €/ 9.860 ден.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Истанбул – Скопје
  • Сместување во хотел Grand Halic 4*, на база 3 ноќевања со појадок 
  • Посета на Форум, Декатлон, Икеа
  • Професионален туристички пратител на групата
  • Професионален  локален туристички водич

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

Факултативни излети:

  • Задолжителен Панорамски разглед на европски Истанбул – 10€
  • Крстарење по Босфор – 20€
  • Историски Истанбул – 10€
  • Азиски Истанбул – 25€
  • Пјер Лоти и Златен Рог– 10€

 

ЕВРОПСКИ ПАКЕТ: Балат + Сафир : 35 € ( со вклучени влезници )

АЗИСКИ ПАКЕТ: Азиски Истанбул + Крстарење+ГРАТИС Историски Истанбул: 40 

ИСТАНБУЛ КОМБО: Европски пакет + Азиски пакет + Пјер Лоти + панорамски разглед: 90

ИСТАНБУЛ FULL : Европски пакет + Азиски пакет + Пјер Лоти + панорамски разглед + Долма Бахче: 130

 

  • Долма Бахче сарајот со локален водич   (Резиденционален дел вклучена влезница) – 45
  • Туристичка такса 3 евра за целиот престој, по лице (се плаќа во агенција)
  • Патничко осигурување 200 мкд.
  • Доплата за еднокреветна соба : 3900 мкд
  • Организирани трансфери од Битола, Прилеп, Кавадарци, Неготино, Велес: 20€ (мин.6 лица)

 

НАПОМЕНИ

  • За реализација на програмата потребни се минимум 40 лица
  • Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари
  • Агенцијата го задржува правото да го откаже патувањето 5 дена пред денот на поаѓање, во случај на недоволен бој на патници.
  • Пасошот мора да биде со важност мин. 6 месеци од денот на враќањето.
  • Сместувањето во автобусот е според датумот на уплатата. За избор на седиште по желба (освен првиот ред), се доплаќа 10 евра (по седиште).
  • Агенцијата го задржува правото за промена на излетите по денови и сатници
  •  За патувањето важат општите услови на Импала Травел