Скандинавија - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Скандинавија

СКАНДИНАВИЈА

ОСЛО – КОПЕНХАГЕН – СТОКХОЛМ

Авион / 7 дена / 6 ноќевања           

 

29. Април (Понеделник)                        СКОПЈЕ – ОСЛО

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04.30 часот. Авионот за Осло полетува во 06.40 и слетува во 09.55 часот. Разглед на главниот град на Норвешка, викиншкиот град кој го опкружуваат спектакуларни фјордови. Разглед со локален водич: главната улица во Осло, Карл Јоханс Гејт, едно од најживите места во градот, дом на бројни ресторани, кафулиња, продавници, како и универзитетот, театарот, парламентот и кралската палата. Прекрасното Градско собрание, тврдината и замокот Акершус една од најважните средновековни тврдини во Норвешка, каде што можете да ја следите норвешката историја од 12 век до денес.Сместување во хотел. Вечерта,предлагаме прошетка во шармантната област Aker Brygge, старо бродоградилиште кое е целосно реконструирано. Старите бродови се заменети со постмодерна архитектура. Неверојатните челични и стаклени конструкции се издигнуваат кон небото и ги чуваат некои од најдобрите ресторани, продавници, пабови и кинавоградот. Популарна област за шопинг, јадење и забава, како и станбена област со висока класа. Вистинското место за сите оние кои бараат луксуз и сјај! Ноќевање.

30. Април (Вторник)                      ОСЛО

Појадок. Посета на паркот Вигеланд со 227 монументални скулптури сместен во рамките на поголемиот парк Фрогнер, кој е и најголемиот парк во Норвешка. Најновиот симбол на Норвешка е Операта, која се наоѓа на средината на старото пристаниште во Осло, со прекрасен поглед на фјордот Осло. Слободно време. Посета наBygdoey „Музејски полуостров“ каде што има фантастични музеи. Norwegian Maritime Museum– ја претставува норвешката поморска историја, бродоградба и подводна технологија. Norwegian Museum of Cultural History– музеј на отворено, кој го прикажува животот на норвежаните во изминатите пет века преку автентични куќи, стари работилници, дрвени магацини преселени од различни делови на Норвешка. Fram Museum – најсилниот дрвен брод што некогаш бил изграден и сèуште ги држи рекордите за пловење најдалеку на север и на југ.Во музејот Фрам можете да видите како екипажот и нивните кучиња успеале да преживеат во најстудените и најопасните места на земјата – Арктикот и Антарктикот. Музејот Фрам има и поларен симулатор каде што може да го доживеете студот и опасностите од поларните експедиции пред повеќе од 100 години. The Kon-Tiki Museum – посветен на норвешкиот истражувач Тор Хејердал, кој ја предводел експедицијата Кон-Тики во 1947 година, т.е. патување преку Тихиот Океан, од Јужна Америка до Полинезиските Острови. Ноќевање.

01. Мај (Среда)                      ОСЛО- КОПЕНХАГЕН

Појадок. Посета на познатата скокалница Холменколен лоцирана над  градот, која на туристите им нуди неверојатен поглед на Осло и Ослофјорд. Кога ќе ги прашате жителите на Осло кој е нивниот најпрепознатлив споменик, сите сигурно ќе ви одговорат на Холменколен. Скијачката скокалница била изградена во далечната 1892 година, а оттогаш била реконструирана дури 14 пати. Овде се одржани голем број важни натпревари, вклучувајќи ги и Олимписките игри во 1952 година. Посебна атракција е ски-симулаторот. Потоа, (околу 15.00 часот)качување на брод DFDS на линијата Осло-Копенхаген. Сместување во двокреветни кабини. На бродот има од продавници, барови и ресторани до вечерна забава. Вечера. Ноќевање.

 

02. Мај (Четврток)                      КОПЕНХАГЕН

Појадок. По слегувањето од бродот(околу 10.00 часот), трансфер и разглед на градот со локален водич: Разглед на средновековната Данска престолнина Копенхаген: Палатата Амалиен борг, резиденција на Данските Кралеви, Градското собрание, Парламентот на Данска во Палатата Кристијанс борг, Операта, Кралската библиотека, Дворецот Розенборг, симболот на градот “Малатасирена”, создадена според истоимената бајка од Ханс Кристијан Андерсен… Сместување во хотел.Прошетка по најстарата пешачка зона во светот Строгет, со препознатлив „скандинавски дух“ и едноставни фасади со живи бои, канали и готскицркви. Нихавн e најживописното данско пристаниште препознатливо на сите разгледници во градот, со многу луѓе, кафулиња, ресторани.Слободно време за посета на пивницата Carlsberg и можност за дегустација на познатото данско пиво.Ноќевање.

03. Мај (Петок)                      КОПЕНХАГЕН – СТОКХОЛМ

Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки или посета н азабавниот парк Тиволи, најголемата традиционална атракција во Копенхаген, отворена во 1843 година. Тиволи е најпосетениот тематски парк во Скандинавија кој со својата егзотична архоитектура, градини, ролеркостери, претстави, концерти, изложби… привлекува повеќе од четири милиони туристи годишно. Трансфер до железничка станица и патување до Стокхолм со воз (околу 5 часа). Сместување во хотел. Ноќевање.

04. Мај (Сабота) СТОКХОЛМ

Појадок. Разглед на градот кој лежи на 14 острови: Градското собрание во чија златна сала се доделуваат Нобеловите награди и за Швеѓаните е најубавата зграда во земјата, кралската опера, кралските градини, парламентот… Пешачка прошетка до островот каде што се наоѓа стариот дел наг радот, Гамластан, со еден од најдобро зачуваните средновековни квартови во Европа. Популарниот плоштад Сторторгет, музејот на Алфред Нобел, средновековната катедрала и кралската палата, која сèуште е официјална резиденција на шведското кралско семејство и со 608 соби е меѓу најголемите палати во Европа. Промена на стражата на палатата во Стокхолм е исто толкуспектакл  како и воЛондон. Гамла Стан е остров со многу знаменитости, ресторани и барови. Слободно време да се проба и омилената храна на Швеѓаните Inlagd sill -харинга во саламура или Gravad lax – пушен лосос и за десерт принцес крофни за кои имаат посебна традиција.  Ноќевање.

05. Мај (Недела)                      СТОКХОЛМ – СКОПЈЕ

Појадок. Факултативно, посета на островот Џургар ден кој годишно го посетуваат над 10 милиони туристи, го нарекуваат и остров на музеите бидејќи тука се наоѓаат најдобрите градски музеи, како оној на светски познатиот шведски бенд АББА во кој има неколку интерактивни аудио и видео пултови каде што посетителите можат да пеат или пуштаат некои од хитовите на популарната шведска група или да танцуваат на сцена со холограми на другите членови од бендот. Скансен – најстариот музеј на отворено кој со повеќе од 150 антички куќи ја прикажува шведската историја, развојот на нејзината архитектура и поранешните обичаи и живот. Слободно време за ручек. Организиран трансфер до аеродромот во Стокхолм. Полетување за Скопје во 23.55часот. Пристигнување во 02.55 часот наредниот ден.

 

За уплата до 06.04.2024:                 1190 евра (73.780 мкд)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:                    1290 евра      (79.980мкд)

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Скопје-Осло / Стокхолм-Скопје
  • Аеродромски такси
  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
  • Воз на релација Копенхаген-Стокхолм
  • Сместување во“First Hotel Millennium”4* во Осло на база 2 ноќевања со појадок
  • Сместување во двокреветни кабини на брод DFDS на база полупансион(вечера и појадок)
  • Сместување во хотел “Good morning Copenhagen Star” 3* во Копенхаген на база 1 ноќевања со појадок
  • Сместување во хотел“C Stockholm”4* во Стокхолм на база 2 ноќевања со појадок
  • Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
  • Организирани разгледисо локален водич во:Осло, Копенхаген и Стокхолм
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг, чекиран багаж – куфер до 20кг*( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред терминот на поаѓање)
  • Блок карта за 24 часа неограничен влез во музеи и 24 часа неограничено користење на јавен превоз во Осло 65 евра(се плаќа во агенција)
  • Влезница за Тиволи во Копенхаген (се купува на лице место)
  • Посета на островот Џургарден и влезници за 2 музеи АББА и Скансан65 евра(се плаќа во агенција)
  • Туристичка такса 1850 мкд по лице за цел престој (се плаќа во агенција)
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • Патничко и здравстено осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба 20.100 мкд

Напомена:

Цените се по лице за сместување во двокреветни соби.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА ИМПАЛА ТРАВЕЛ