Авион / 4 дена / 3 ноќевања
Рим, не бил изграден во еден ден – и ќе ви треба повеќе од еден ден да го доживеете овој безвременски град . Вистински колаж на плоштади, пазари на отворено и неверојатни историски локалитети. Скоро 3.000 години глобално влијателна уметност, архитектура и култура… Античките рушевини, Форумот и Колосеумот, ја прикажуваат моќта на поранешната Римска империја… Ватикан, седиштето на Римокатоличката црква, со базиликата на Свети Петар и музеите на Ватикан, во кои се сместени ремек-делата на Микеланџело… Фонтана Ди Треви и фрлена паричка за среќа… Шпанските скали…
01 март: СКОПЈЕ – РИМ
Состанок на групата на аеродром во 15:00 часот. Лет за Рим во 16:50 часот. Слетување во Рим во 18.40 часот. Автобус за трасфер не пречекува на аеродромот Фиумичино… Попатно запознавање на знаменитостите, сместување во хотел. Слободна вечер за прошетка и први впечатоци од прекрасниот рим. Ноќевање.
02 март: РИМ
Појадок. Разглед на град, пешачки, во придружба на локален водич: Колосемуит, Римските форуми, Царскиот форум, Константинова Арка, Циркус Максимус, плоштадот Венеција… плоштадот Навона, Нептиновата фонтана и фонтаната на Четирите реки. Пауза за ручек. Слободно време или во придружба на водичот, прошетка, мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, остров на Тибар, каде во минатото се појавила и првата Римска Населба. Вечерта слободно време, враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.
03 март: РИМ – ТИВОЛИ
Појадок. Препорачуваме факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д’Естe – е најубавиот пример и симбол на италијанската ренесанса, заштитена од УНЕСКО како Светско културно наследство. Вилата е позната по прекрасните фонтани кои се вистински уметнички дела. Во попладневните часови – факултативна, организирана прошетка низ центарот на Рим, уживање во убавините на градот: Шпанските скали, познати како “дневна соба на градот”, Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим… Во вечерните часови враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.
04 март: РИМ – Ватикан – СКОПЈЕ
Појадок. Факултативно – организирана посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи, Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело и посета на најголемата Црква Св. Петар…. Слободно време за прошетки и шопинг. Организиран трансфер (околу 15.00 часот) до аеродром. Полетување за Скопје во 19:10 часот. Пристигнување во Скопје во 20:50 часот.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Факултативни излети:
Посета на Ватикан со локален водич и влезница– задолжително пријавување и уплата во агенција 70 евра
Посета на Тиволи со локален водич и влезница– задолжително пријавување и уплата во агенција 70евра
Разглед на РИМ – Антички Рим – 20 евра
Напомена:
M