ДУБАИ СО АВИОН ОД СКОПЈЕ – ВЕЛИГДЕН / МАЈ 2024
ДАТИ НА ПАТУВАЊЕ 01-07.05.2024/ ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ 02-06.05.2024 (4 НОЌИ)
TK1006 01MAY SKPIST 2020 2300/ TK 762 02MAY ISTDXB 0030 0555
TK 761 07MAY DXBIST 0200 0545/ TK1003 07MAY ISTSKP 0725 0750
ХОТЕЛ | УСЛУГА | УСЛУГА | ТИП НА СОБА / СМЕСТУВАЊЕ | патување 01-05.05./24 |
4 ноќи | ||||
4* Novotel Dubai AI Barsha Hotel | ВВ | СТАНДАРД СОБА – 2 возрасни + 1 дете до 6 год. | По лице во двокреветна соба | 735 € |
доплата во еднокреветна соба | 100 € | |||
дете до 5,99 год. без сопствен кревет | 650 € | |||
(во стандардна соба со 2 лица) | ||||
Junior Suite – 2 возрасни + 1 дете до 11 год. | По лице во двокреветна соба | 790 € | ||
дете до 11 год. СО СОПСТВЕНО ЛЕГЛО | 730 € | |||
sofa (во соба со 2 лица) |
Цените се пакет цени по лице изразени во ЕВРА за уплата во денари (курс 1ЕУР=62МКД) и валидни до пополнување на места по дадени цени на авион (Ве молиме пред резервација да ја проверите цената и расположливоста на места – на барање). Цените се по лице, за сместување минимум 2 возрасни лица во стандард двокреветна соба (плаќаат полна сума)
Програма на патувањето – авиокомпанија TURKISH AIRLINES од Скопје, со вклучен 20 кг чекиран багаж и 7 кг рачен и оброк согласно политика на авио компанија. Саатници на полетување и слетување се по локално време и согласно моменталнен ред на летање на TURKISH AIRLINES.
01-02.05/24 – Полетување од Скопје во 20:20. Слетување во Истанбул во 23:00 часот. Полетување за Дубаи во 00:30 часот и слетување во Дубаи на 02.05 во 05:55. Трансфер до хотел во Дубаи. Пријавување – влез после 14:00ч.
Време за одмор и слободни активности. Во вечерните часови можност за организирање на факулатативна екскурзија крстарење по Марината со вклучена вечера.
ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ –НАВЕЧЕР КРСТАРЕЊЕ Dhow Cruise/ после 19 часот (трае околу 3 часа со вклучен трансфер од/до хотел) – 70 ЕУР по лице
Во вечерните часови Марина dhow cruise – крстарење по Марината со вечера. Вечерата е шведска маса со избор на јадења од арапска кујна (не е вклучен пијалок).
03.05/24– ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ –ГРАДСКА ТУРА Дубаи City tour (4 часа) – 8-12 Pax – 60 ЕУР по лице/ на српски јазик (ако се пријавени под 8 лица тура е индивидуална и е поскапа)
Претпладнето започнува нашата полудневна традиционална градска тура и разглед на Дубаи. Прекрасна можност да го видите традиционланиот град и модерниот Дубаи. Нашата тура започнува со возење кон Палмата Jumeirah, која се смета за една од осумте светски чуда, каде ќе имате можност само за кратка фотосесија пред хотелот Atlantis. Продолжуваме да возиме кон автопатот Sheikh Zayed road, за да ја видиме кулата Burj Khalifa, највисоката зграда во светот, ја гледаме панорамски. Нашата тура не носи кон стариот дел од градот и продолжуваме кон Дубаи крикот. Потоа го посетуваме познатиот пазар на злато и зачини, каде ве очекува ценкање и забавен шопинг. Одиме кон продавници за сувенири, каде ќе имате време да купите антиквитети, сувенири или занаетчиски работи. Застанување за фотографирање кај Burj Al Arab, каде ќе можете да се фотографирате пред хотелот на места за застанување за фотографирање. Нашата тура завршува во BURJ KALIFA/ DUBAI MALL каде се фотографираме. Вечерта ги гледаме распеаните фонтани (почнуваат после 18 часот на секои 30 минути). Burj Khalifa (САМО влезници 45 евра normal hours/ prime hours 1530-1800 часот влезници 65 евра), за 124 кат. Индивидуално враќање во хотелот.
04.05/24 – ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА – ЦЕЛОДНЕВНА ТУРА АБУ ДАБИ (7 часа) – 8-12 Pax – 90 ЕУР по лице/ на српски јазик/ БЕЗ ВКЛУЧЕН РУЧЕК (ако се пријавени под 8 лица тура е индивидуална и е поскапа). Излетот почнува од Дубаи,се поминува пристаништа во Jabel Ali, а потоа низ пустината пикрај обала до Абу Даби.Тој е главен и административен град на ОАЕ.Познат е по многуте луксузни вили и палати покрај обалата и големиот број на острови.Нашата тура почнува со посетата на Sheikh Zayed Grand џамијата, една од најубавите џамии во светот.Службено е отворена во 2007 година за време на исламскиот месец Рамадан. Името го добила по шеикот Зајед бин Султан Ал Нахјан основач и првиот претседател на ОАЕ,кој е закопан во оваа џамија.Мозе да прими 40000 верници а главниот двор 9000.Двата двора до главниот двор се само за жени и можат да соберат по 1500 верници.Џамијата 4 минариња и 4 агли на џамијата кои се издигнуваат до 115 метри.Таа има 57 куполи кои се украсени со мермер.Дворот е поплочен со цветен мермер и има површина од 17000м2. Нашата тура ја продолжуваме кон Emirates Palace,најлуксузниот хотел на светот (има официјално 7*).После ручекот во Абу Даби одиме кон Јас островот каде се наоѓа најголемиот тематски парк на светот Ferrari World и формула1 патеката. НАПОМЕНА Доколку сакате да ја посетите џамијата морате прикладно да се облечете,што подразбира долги панталони покриен глужд (да не е тесно), долги ракави,а за жените е обавезна марама
05.05/24 – ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА – ПОПЛАДНЕ ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА – после 14.30 часот до 21 часот (со вклучен трансфер од/до хотел) – 55 ЕУР по лице
Во попладневните часови Ве земаме од Дубаи со jeep 4×4, одиме кон Hatta и Oman и кога ќе видите дека ги напуштате границите на урбанизираниот град, набрзо ќе се најдете во пејсаж со пустински предели. Одиме со џипот по див пат off-road и Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигне адреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини и вози кон планината Hajar. По краткиот одмор, продолжуваме со возење по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве пренесе преку највисоките песочни дини, ставајќи се во костец со тешкиот терен за возење во една многу адреналинска тура. На крај пристигнуваме на фарма за камили на краток одмор и како што полека заоѓа сонцето, се паркираме за да уживаме во глетката на пустина во самрак. По заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот видик, одиме кон нашиот камп во пустина. Тука ве дочекува Арапската гостопримливост со кафе и вода, ориентална шведска маса со скара која се приготвува пред Вас (безалхохолни пијалоци и вода вклучени во цена), жена која црта со кна може да Ве нацрта со традицопнални арапски мотиви по рацете. За оние кои сакаат да јаваат камили, иситите им се на располагање.
06.05/24 – одјавување од хотелот во 11-12 часот слободно време за индивидуални активности. Слободни активности до трансфер до аеродорм (во околу 21-22 часот). . Опционо индивидуални посети на
* GREEN PLANET – Откријте ја „Зелената планета“, извонредна прашума во затворен простор лоцирана во Дубаи. Овој биодом ви овозможува да ги искусите чудата на тропската шума, полн со различни растителни и животински видови, кои шетаат и се дружат блиску со Вас (само влезници – на барање согласно расположливи термини и места).
* Museum of the Future – Музејот на иднината е признат од National Geographic како еден од 14-те најубави музеи во светот, кој не носи 49 години во иднината, каде технологијата и човештвото коегзистираат во хармонија. Музејот има облик на издолжен прстен со празнина во средината и е сместен покрај издигната пруга и е архитектонско и инженерско чудо кое самоуверено ги испреплетува минатото и иднината и ја применува напредната технологија во традиционалните уметнички форми (само влезници – на барање согласно расположливи термини и места) .
* JBR THE WALK – The Walk at Jumeirah Beach Residence (JBR) е популарно шеталиште каде што можете да купувате, јадете и шетате покрај морето. Шеталиштето променадата покрај плажа каде се сместени најдобрите хотели со 5* е еден од најубавите делови на Дубаи.
07.05/24 – Полетување од Дубаи за Истанбул во 02:00 часот. Слетување во Истанбул во 05:45 часот и полетување за Скопје во 07:25 часот. Слетување во Скопје во 07:50 часот.
Цената е за целосна уплата при резервација , без право на промена на име или отказ. Цените се ПАКЕТ цени дадени по лице за сместување во соодветниот тип на соба СТАНДАРДНА ДВОКРЕВЕТНА за минимум 2 лица во соба (две полноплатежни суми)
Цената вклучува:
– Повратен авионски билет на релација СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ДУБАИ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
– Трансфер аеродром– хотел Дубаи – аеродром;
– 4 ноќевања во избраниот хотел/ тип на соба/ на база ноќевање со појадок согласно наведена услуга (согласно саатници на check-in & check-out)
– Организација и реализација на патувањето
– локална асистенција во Дубаи (овластен претставник на српски јазик доколку се земат екскурзии пред поаѓање или за дополнителни екскурзии со уплата на лице место на барање)
Цената НЕ вклучува:
– Влезна виза за Дубаи – 95ЕУР по лице (задолжително за сите лица)
– Патничко здравствено осигурување
– ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ И ОПЦИОНИ ИНДИВИДУАЛНИ ТУРИ – НА БАРАЊЕ (зависат од број на пријавени лица и протоколи за време на престој, редослед на екскурзии и саатници се подложни на промени согласно инфо на организатор)
– останати тури и индивидуални излети – НА БАРАЊЕ
– Останати индивидуални трошоци и индивидуални посети и факултативи
– Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот
* туристичка такса само во Дубаи (TOURISM DIRHAM, по одлука на DTCM, а број D/000/152/1 87од 05.02.2014) која се плаќа од 31.03.2014 на рецепција во хотел на лице место при check in или при check out (2-4 EUR по соба по ноќ согласно категоризација на хотелот и тип на соба).
Во случај на апартман со повеќе соби таксата се плаќа за секоја соба според горе наведените критериуми.
*** МИНИМУМ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ГРУПНО ПАТУВАЊЕ – 15 ЛИЦА
УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ: Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00. Цената е гарантирана само за уплата на аконатција за резервација. Во спротивно, гарантиран е изност на аконтација, а остаткот е подложен на промена.
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: Во готово/ кредитни картички/ преку фактура – уплата на аконтација 50% од вкупната цена на аранжманот за резервација, остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање
Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на лица:
– Максимален број на лица во двокреветна соба се две лица. Дополнително возрасно лице или дете во соба со две возрасни лица – ЦЕНА НА БАРАЊЕ (без легло или на помошно легло се намалува комодитет на соба)
– Check in во хотелите е после 14 ч, a check out најдоцна до 12 ч. Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.
– Сите оброци во хотелите се на база шведска маса
– Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците
– Потребни документи за виза: скенирана фотографија и пасош на патникот (валиден минимум 6 месеци од дата на враќање од патување)
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
– За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност
Важни напомени:
– За добивање на виза за ОАЕ потребно е при резервација да го донесете пасошот (валиден мимимум 6 месеци од датум на враќање на патување) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот на кои се наоѓаат податоците на патникот како и слика со димензија за пасош (доколку ги доставувате скенирани пратете ги на маилот: contact@impala.com.mk). Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност имиграционото одделение да побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви.
НАПОМЕНА – Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).
Важат општите услови на патување на Импала Травел