40.40005, 23.88018
Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота со кристално чисто море и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани (каде се наоѓаат прекрасните плажи Аликес, Мегалиамос и др.). Во близина на местото се и неверојатно убавите и многу познати плажи Комица, Какудиа, Вулица, Ксиропотами итн…
Куќа “Zeyia” се наоѓа на одлична локација на само 30-40 метри од прекрасната песочна плажа, во многу мирна уличка и е една од поквалитетните куќи во местото, идеална за патници кои сакаат вистинско уживање. Куќата располага со одлични апартмани и дуплекс апартмани со сопствени тераси, комарници, комплетно опремени кујни, одличен мебел и сопствени тоалети. Користење на клима уред, интернет (wi-fi) и сет пешкири се вклучени во цената. Има уреден двор и достапен паркинг веднаш пред вилата. Туристичката такса се плаќа во агенција и изнесува 2 евра на ден по апартман.
Дуплекс апартман број 1 (1/4) – прв кат, простран дуплекс апартман од 41м². Има поглед на градина од една тераса (од спална) и директен поглед море од друга тераса (од дневна). Дуплекс апартманот има три простории: дневна соба во која има два споени стандардни кревети, маса со столови, ТВ и клима, целосно посебно одвоена опремена кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, мал шпорет со рерна, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.), простран тоалет со туш кабина, а во третата просторија е спална соба со брачен кревет со стандардни димензии. Опремен е со квалитетен мебел.
Апартман број 2 (1/4) – приземје, простран апартман од 40м². Има одвоена спална со брачен кревет и во дневната соба исто брачен кревет со стандардни димензии со одлична кујна со шанк и сите потребни елементи (мал фрижидер, плотна за готвење, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.), маса со столови, ТВ и клима. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет со када и сопствена помала тераса со маса и столови која има поглед кон дворот.
Полудуплекс апартман број 3 (1/4) – приземје, простран високо квалитетен полудуплекс апартман од 43м². Има две спални соби со стандардни брачни кревети, од кои едната е физички одвоена со врата а другата спална е преградена, а споена со одлична кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, мал шпорет со рерна, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.), простран реновиран тоалет со туш кабина, како и голема дневна соба, веднаш на влезот во апартманот. Располага со 2 брачни кревети во спалните и мала софа за дете до 7 години во дневна. Опремен е со квалитетен мебел. Има пространа тераса со маси и столови со поглед кон дворот.
Дуплекс апартман број 4 (1/6) – приземје, многу простран високо квалитетен дуплекс апартман од 51м², кој воедно е и најголем дуплекс апартман во вилата. Има две одвоени спални соби со стандарден брачен кревет во едната и 2 споени стандардни кревети во другата спална соба. Располага со простран реновиран тоалет со туш кабина, како и голема дневна соба со 2 единечни стандардни кревети кај што е и целосно опремена кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет со рерна, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.) Дневната соба е веднаш на влезот во апартманот. Опремен е со квалитетен мебел. Има 2 тераси со маси и столови, од кои едната е на влезот со поглед кон дворот, а на другата се излегува во дворот зад куќата од спална соба.
1.Вонсезонски цени
Термин |
Ноќевања |
1/4 апартман бр. 2 |
1/4 дуплекс апартман бр. 1 |
1/4 полудуплекс апартман бр. 3 |
1/6 дуплекс апартман бр. 4 |
25/05-01/06 |
7 |
79 |
|
99 |
109 |
01/06-08/06 |
7 |
|
|
|
129 |
08/06-15/06 |
7 |
|
|
|
|
15/06-22/06 |
7 |
|
|
|
169 |
22/06-29/06 |
7 |
|
|
|
189 |
* цена по лице со вклучен превоз (задолжително плаќаат 4 лица)
2.Сезонски цени
Термин |
Ноќевања |
1/4 апартман бр. 2 |
1/4 дуплекс апартман бр. 1 |
1/4 полудуплекс апартман бр. 3 |
1/6 дуплекс апартман бр. 4 |
29/06-06/07 |
7 |
|
|
|
799 |
06/07-13/07 |
7 |
|
|
|
859 |
13/07-20/07 |
7 |
|
|
|
929 |
20/07-27/07 |
7 |
|
|
|
929 |
27/07-03/08 |
7 |
799 |
|
879 |
979 |
03/08–10/08 |
7 |
|
|
|
979 |
10/08–17/08 |
7 |
769 |
829 |
849 |
929 |
17/08–24/08 |
7 |
|
829 |
849 |
929 |
24/08-31/08 |
7 |
749 |
799 |
809 |
879 |
* цена за наем на апартман
3.Вонсезонски цени
Термин |
Ноќевања |
1/4 апартман бр. 2 |
1/4 дуплекс апартман бр. 1 |
1/4 полудуплекс апартман бр. 3 |
1/6 дуплекс апартман бр. 4 |
31/08-07/09 |
7 |
149 |
159 |
169 |
179 |
07/09–14/09 |
7 |
129 |
139 |
149 |
159 |
14/09–21/09 |
7 |
99 |
109 |
119 |
129 |
21/09–21/09 |
7 |
79 |
89 |
99 |
109 |
* цена по лице со вклучен превоз (задолжително плаќаат 4 лица)
Напомени и услови:
Превоз: