Вила ”Skioni Apartments ” - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Вила ”Skioni Apartments ”

Вила ”Skioni Apartments ”

 

Вилата Скиони Апартмани се наоѓа во центарот на Неа Скиони, со директен пристап на плажа и поглед на море. Вилата има сопствен интимен двор опремен со лежалки, маси и столици и скара кој е на располагање само на гостите.

Целата вила се состои од три апартмани, два на приземје и еден апартман на прв кат. Апартманите на приземје имаат модерно опремена кујна и дневна соба, една спална соба и бања. Сите апартмани се со  бања, ТВ, клима уред чие користење е вклучено во цената, WI-FI и тераса со поглед на море.

Дуплекс апартманот на прв кат има две спални соби, стилски модерен дневен престој каде што се наоѓа комплетно опремена кујна, бања, ТВ, клима уред чие користење е вклучено во цената, WI-FI, балкони со поглед на море.

Пред самата Вила се наоѓа и еден од најубавите beach барови во Неа Скиони – ISLAND BEACH BAR како и многу познати таверни кои се наоѓаат веднаш до Вилата.

 20% попуст до 20.02.2024     /      15 % попуст до 15.03.2024        /      10% попуст до 05.04.2025 

                        ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ОД ДЕН ВО ЕВРА

Период

Број на ноќи

1/4 АПАРТМАН

1/8  ДУПЛЕКС

01.05 – 10.06

1

55

85

10.06 – 06.07

1

85

135

06.07 – 22.07

1

115

175

22.07 – 01.09

1

145

205

01.09 –10.09

1

105

135

10.09 – 30.09

1

75

105

 

ПРЕВОЗ:

Возрасен: 50€ повратен билет/40€ еден правец     

Деца од 02-12г: 40€ повратен/30€ еден правец     

Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови. Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус и патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање на автобусот до објектот каде се сместуваат.

НАПОМЕНА:

  • Туристичка такса во износ од 2 евра дневно за студио/апартман, се плаќа на лице место
  • Во апартманите  е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот капацитет може да се смести максимум едно дете до 5,99 години со одобрение од агенција
  • Сместувањето во апартманите е во 14:00 (по локално време);
  • Напуштање на апартманите е во 09:00 (по локално време);
  • Секоја направена штета се плаќа на лице место;
  • За хигиената во апартманите во текот на целиот престој се грижат гостите;
  • Попустот за рана уплата важи само за плаќање во готово и за целосна уплата.
  • Доколку се уплатат два или повеќе аранжмани, одобруваме 7% попуст.
  • За резервација, задолжителна уплата од 30% аванс, во спротивно резервацијата е неважечка;
  • Доплата на целосната сума на аранжманот минимум 15 дена пред поаѓање;
  • Задолжително патничко осигурување.
  • Цените се изразени во EUR во денарска противвредност 1€ = 62,оо ден.

 ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Организаторот не ја цени исправниост на патни документи.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • За сите информации дадени усно, агенцијата не сноси одговорност.
  • Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
  • Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга.
  • Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм при склучување на договорот за патување. 
  • Важат општите услови за патувањe на Т.А. ИМПАЛА ТРАВЕЛ