Куќа „Христос“ се наоѓа на мирна локација во центарот на Неа Плагија, на 2 минути од море, има голем прекрасно уреден двор со дел за деца и со скара и сопствен паркинг. Сите апартмани се пространи, внимателно, темелно, квалитетно уредени. Тие се со комплетно опремени кујни со голем фрижидер, шпорет, микробранова печка, ЛЦД ТВ, сопствен тоалет, интернет и клима вклучени во цената. Секој апартман има две тераси. Во собите нема пешкири како дел од опремата.