Куќа "Savas" - Дасиа - Импала Травел
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk
+389 31 418-900 contact@impala.com.mk

Куќа “Savas” – Дасиа

DASSIA CORFU

Дасиа се наоѓа во центарот на источното предградие на Крф, на само 12 километри од главниот град. Со својата долга сончева плажа покриена со песок и ситни камчиња, беспрекорно чиста топла вода и можност за водени спортови, Дасиа е едно од најидеалните места за одмор за млади луѓе, но исто така е одлично место за семеен одмор. Опкружена е со продавници за изнајмување автомобили, продавници за сувенири, супермаркети, ресторани, а еден од најпознатите барови познати по вкусната храна и атрактивните лежалки е Malibu Beach.

 

Куќа ‘Savvas’

39.683379, 19.838801

 

Savvas Apartments се наоѓа во Дасиа, на 80 метри од плажа. Располага со голем двор и прекрасен базен за гостите во вилата. Располага со двокреветни и трокреветни студиа и четворокреветни мазонети. Сите се опремени со сопствена кујна, тоалет со туш, терасa, Wi-Fi. На само 5 минути пешачење се наоѓа Маркетот JOY и автобуската постројка и прекрасниот добро познат Summer Beach Malibu. За сите оние кои би патувале со сопствено возило вилата има бесплатен приватен паркинг. Климата се доплаќа 6 евра од ден кај газдите на вилата.

Соба бр. 9– Собата се наоѓа на приземје и има поглед на базен. Двокреветна соба (студио) со брачен кревет, мини кујна, посебен тоалет и кујнски прибор со тераса.

Соба бр. 11 – Собата се наоѓа на приземје. Трокреветна соба со една посебна соба каде што се наоѓаат 2 поединечни кревети во една соба и еден кревет кој што се наоѓа во кујната. Собата има поглед на задната страна на вилата (поглед на градина) веднаш до соба бр.10. 

Апп бр. 12 – Апартманот се наоѓа на 1 спрат. Четворокреветен апартман (дуплекс), со еден брачен кревет кој што се наоѓа во едната соба и 2 поединечни кревети кој што се наоѓаат во другата соба. Има 2 тераси од двете соби. Мини кујната се наоѓа во ходникот со кујнски предмети и посебен тоалет. Има поглед на базен.

Соба бр. 13– Собата има 2 поединечни кревети и се наоѓа на прв спрат. Собата има поглед на задната страна на вилата (поглед на зеленило). Посебен тоалет, мини кујна во ходникот со кујнски предмети. (Во тоалетот нема прозор).

Соба бр. 14 – Се наоѓа на прв кат, на задната страна на вилата со посебен влез (скали). Двокреветна соба со 2 поединечни кревети со тераса која што излегува од собата и има поглед на зеленило, дрвја… Мини кујната се наоѓа во ходникот со кујнски предмети и веднаш до неа е тоалетот.

Апп бр. 15 – Апартманот се наоѓа на втор спрат. Апартманот има 2 тераси кои што излегуваат од двете соби во апартманот со поглед на базен. Во едната соба се наоѓа кујната и 2 посебни кревети. Во другата соба се наоѓа брачниот кревет и еден дополнителен кревет кој што може да се користи за дете до 12 год. Апартманот е опремен со кујнски предмети и посебен тоалет. Во апартманот може да престојуваат 4 или 5 лица.

Соба бр. 16Собата се наоѓа на втор спрат со еден брачен кревет и тераса со поглед на пат. Во ходникот се наоѓа мини кујната и веднаш до неа тоалетот.

Соба бр. 17Собата е студио, се наоѓа на 2 спрат со 2 поединечни кревети и тераса со поглед на пат. Мини кујната е во самата соба веднаш до тоалетот. Мала куќичка веднаш до основната зграда, каде што има скара, детски играчки и мало заедничко дворче за два апартмани.

Студио бр. 1- Располага со еден брачен и еден единечен кревет, за 3 лица со опремена кујна со прибор и тоалет.

Бр 2. МEЗОНЕТ– Мeзонетот-галерија. Располага со мини кујна, тоалет и еден брачен кревет, а со внатрешни скали се искачува на дел каде што има два единечни кревети. Во мeзонетот може да престојуваат 4 лица. За на катот се препорачува да бидат деца, тинејџери, бидејќи тој дел е понизок.

 

 

Дадените цени во табелата се по лице со вклучен превоз

Термин

1/2

1/3

1/4

23.05-30.05.2025

99

94€

85€

30.05-06.06.2025

109

104€

95€

06.06-13.06.2025

129

124€

115

13.06-20.06.2025

169

155€

139€

20.06-27.06.2025

189

169€

159€

27.06-04.07.2025

199

179€

169€

04.07-11.07.2025

259€ 

244€

229€

11.07-18.07.2025

259€ 

244€

229€

18.07-25.07.2025

259€ 

244€

229€

25.07-01.08.2025

279€ 

265€

249€

01.08-08.08.2025

279€ 

265€

249€

08.08-15.08.2025

279€ 

265€

249€

15.08-22.08.2025

259€ 

244€

229€

22.08-29.08.2025

259€ 

244€

229€

29.08-05.09.2025

219€ 

205€

189€

05.09-12.09.2025

209€ 

195€

179€

12.09-19.09.2025

189€ 

174€

159€

19.09-26.09.2025

159€ 

145€

129€

26.09-03.10.2025

129€ 

115€

99€

 

Во вилата има WIFI, но агенцијата не гарантира за јачината и брзината на интернетот па советуваме да си активирате пакет интернет за во странство. За повеќе информации околу интернетот контактирајте ги вашите мобилни оператори.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
  • Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје
  • 7 ноќевања 8 дена сместување
  • Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престој 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛИЧУВА:

  • Повратна карта за траект – 30 евра од лице (се плаќа задолжително во автобус)
  • Туристичка такса (14 евра од студио/апартман за 7  ноќевања,  која се плаќа задолжително во агенција)
  • Факултативни излети
  • Патничко осигурување
  • Клима уред 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ: 

  • Дете од 0 до 3,99 години -Бесплатно (спие во кревет со еден од возраснитеп)
  • Дете од 4 до 11,99 години на дополнително легло има 50% попуст со двајца возрасни во соба. Во случај на еден возрасен и дете од 4 до 11.99 години за дете се плаќа цела сума
  • Возрасен на дополнително легло има 30% попуст
  • За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет
  • Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата

НАПОМЕНИ:

  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот, тргнувањето е вечерта претходно.
  • Цените се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност ( 1 евро=62мкд)
  • За сопствен превоз од редовната цена се намалува 20 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ, за промо цените не се намалува.
  • Во вонсезонските цени задолжително плаќаат толку лица колку што број на кревети има
  • Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може на дополнително барање да се смести едно дете до 5.99 години, во кревет со двајца возрасни.
  • Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ULTRA FIRTS, LAST MINUTE и BLACK FRIDAY понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени кои се разликуваат од оние кое се објавени во  ценовникот. Лицата кои веќе го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средствата за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
  • При отказ на аранжманот од страна на клиентот од било која причина ќе бидат задржани манипулативни трошоци во фиксен износ од 620 мкд.
  • Сместувањето во собите е по 14:00 часот локално време, напуштањето на истите е во 09:00 часот локално време.
  • При спојување на последователен термин, одобруваме 10% попуст на вториот термин на редовната цена.
  • По завршувањето на летувањето, патниците се должни да го остават апартманот/студиото во чиста состојба. 
  • За резервација е доволно уплата од 50%, остатокот на 7 дена пред поаѓање